Контакт

Општество

Жените во политиката се пообразовани од мажите

Објавено пред

Клучните наоди од истражувањето на „Реактор – Истражување во акција“ идентификуваат низа родови разлики кои ги попречуваат жените да се кандидираат и да бидат избрани на функција, но и утврдуваат дека жените сè уште се дискриминирани на патот до политичката кариера.

dobivaj vesti na viber

Ова произлегува од  „Реактор – Истражување во акција“  кое ги  презентираше резултатите од истражувањето за влијанието на жените во политиката на локално ниво, финансирано од Француската амбасада во Скопје и поддржано од Националниот Демократски Институт. Студијата „Жените во политиката: Патот до политичките функции и влијанието на локални ниво во Македонија” ги опфаќа прашањата за политичките амбиции на жените и мажите, процесот на регрутирање и патот кон политичките функции како и родовата еднаквост во политичката кариера.Со истржувањето се заклучува дека политичките партии ги попречуваат и дискриминираат жените. Така, ограничен е бројот на предложени кандидатки и построг е списокот на потенцијални кандидатки. Процесот на регрутација во рамките на политичките партии во случајот на советничките е построг отколку кај регрутацијата на мажите. Жените треба да имаат повисоки работни позиции: 58 отсто од вработените советнички се експерти, научници или едукатори, а само 37 отсто од мажите советници се експерти. Две третини (64 отсто) од советничките имаат универзитетски дипломи, но тоа важи само за приближно половината мажи советници (45 отсто). Конечно, 15 отсто од советничките споредено со 9 отсто од мажите советници имаат постдипломско образование.Истражувањето покажува дека мнозинството од советничките (69%) се вработени. Покрај тоа, 70 отсто од жените на функција работат во јавната или државната администрација (споредено со 43% на национално ниво). Ова укажува на фактот дека партиите регрутираат жени од само многу мала група на професии.  Понатаму скоро една третина од мажите советници (31%) веруваат дека всушност мажите во политиката се тие што ги држат жените на страна. Ова е најголема причина од страна на советничките – 40 отсто од нив веруваат дека мажите доминираат во политичките партии и не сакаат да се откажат од нивните позиции или дека политичките партии не им веруваат на жените.  Двојниот товар од работата (дома и на работното место), заедно со долгите и нефлексибилни ангажмани кои се дел од политичкиот и јавниот живот спречуваат повеќе жени да бидат поактивни. Жените на функција е помалку веројатно да бидат во брак отколку нивните машки колеги, и малку поверојатно е жените да немаат деца, т.е. во просек да имаат помалку деца. Втората најчеста причина кај советничките (дадена од повеќе од една четвртина од советничките – 28%) беше традиционалната улога на мажот и жената во нашето општество, особено товарот од домашните обврски. Оваа причина за пресудна ја сметале само 16% од мажите советници, што укажува на тоа дека се „слепи“ за „нееднаквиот терен“ заради товарот што несразмерно повеќе ги погодува жените.Мажите, општо земено, не се вклучени во реформите и постои непропорцијална незастапеност на мажите во локалните комисии за родова еднаквост, како и меѓу координаторите за родова еднаквост во рамките на националните и локалните тела. Ситуацијата е слична и кај политичките партии. Истражувањето откри дека кога се зборува за тоа што би требало да биде приоритет, жените непропорционално повеќе даваат приоритет на родовата еднаквост и на зголемувањето на учеството на жените  во политиката во споредба со мажите, додека кај другите наведени приоритети не постојат родови разлики. Реактор – Истражување во акција ја нагласи потребата за сеопфатни промени кои ќе влијаат врз намалување на родовиот јаз во политиката. Дел од препораките произлезени од истражувањето се: зајакнување на законската рамка преку финансиски и човечки ресурси, финансиски стимулации за женските ограноци во политичките партии, воведување на посебни мерки (квоти) таму каде што не постојат, вклучување на мажите во агендата за родовата еднаквост и континуирана поддршка на жените политичарки од страна на граѓанските организации./крај/со/бб

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

Уапсено лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје

Полициски службеници од МВР денеска (12 јануари 2026 година) во 12:40 часот на улицата Кирил и Методиј во Скопје го...

Македонија2 часа

Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши

Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори...

Култура3 часа

„Една битка по друга“, „Хамнет“ и „Адолесценција“ доминираа на Златните глобуси

Во неделата беа доделени престижните награди Златен глобус. Филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another) беше прогласен за...

Македонија4 часа

Непознати глутници се појавија преку ноќ – пронајдени улични кучиња од Албанија во Скопје, се бара истрага и проверка на безбедносните камери

Здружението за заштита на животните Анима Мунди алармира и јавно бара итна, темелна и независна истрага поради сериозни индиции за...

Македонија4 часа

Водата се повлекува во повеќе региони, дел од патиштата затворени поради поплави, одрони и снег

Центарот за управување со кризи информира дека по обилните врнежи, состојбата на терен е стабилизирана во дел од регионите, а...

Македонија6 часа

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење објавен на ЕНЕР, отвораме јавна расправа пред неговото усвојување

Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР), каде...

Македонија7 часа

Минусни температури низ целата земја, на Попова Шапка измерени -16 степени

Утрово најстудено било на Попова Шапка кадешто се измерени -16 степени целзиусови, -14 било во Mаврови Анови, -13 во Kрушево,...

Свет8 часа

Трамп: Иран нè контактираше за преговори

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави дека Иран побарал да започне разговори со САД, додека земјата се справува со...

Свет8 часа

Иранската револуционерна гарда му се закани на Трамп

Иранската револуционерна гарда јавно му се закани на Доналд Трамп поради неговото споменување на потенцијална американска воена акција против владата...

Свет9 часа

Телеграф: Лондон планира да испрати војници на Гренланд, Велика Британија: Тоа е поради Русија

Велика Британија вчера соопшти дека дискусиите со другите членки на НАТО за одбивање на руската активност на Арктикот се „рутински“,...

Македонија9 часа

Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот...

Европа9 часа

Русите го замрзнуваат Киев, Зеленски: Ситуацијата е исклучително тешка

Повеќе од 1.000 станбени згради во Киев остануваат без греење по разорниот руски напад во петок наутро, соопштија локалните власти....

Македонија17 часа

(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини

Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Победата во Маврово-Ростуше е знак дека граѓаните наградуваат резултати, а кланот на Филипче доживува нов дебакл

„Денешниот изборен ден во четирите општини помина во демократска, мирна и достоинствена атмосфера. И покрај тешките временски услови и одредени...

Свет21 час

(Видео) Иран во пламен – објавени нови снимки од протестите, додека бројот на загинати надмина 500

Бројот на загинати во протестите во Иран се искачи на 538 лица, објави Ројтерс. Меѓу нив се 490 демонстранти и...

Свет22 часа

Трамп размислува за можна воена интервенција во Иран, вели Си-Ен-Ен

Претседателот на САД, Доналд Трамп, разгледува низа можни воени опции за Иран по смртоносните протести во земјата, изјавија двајца американски...

Свет1 ден

Стармер преговара со европските сојузници за испраќање на воени сили на Гренланд

Британскиот премиер Кир Стармер е во преговори со европските сојузници за распоредување на воени сили на Гренланд, со цел да...

Свет1 ден

Францускиот министер за надворешни ги повика САД да престанат со „уцената“ за Гренланд

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро ги повика САД да „престанат да ја уценуваат“ Данска за да добијат директна...

Свет1 ден

Иран ги предупреди американската војска и Израел дека ќе бидат „легитимни цели“ ако САД нападне поради протестите

Иранскиот парламент денеска се состана за да разговара за смртоносните антивладини протести кои беснеат повеќе од две недели. За време...

Свет1 ден

Болниците во Иран преплавени со повредени од протестите, доктори опишуваат „ужасни сцени“

Протестите во Иран продолжуваат, а улиците на градовите, особено Техеран, се исполнети со илјадници демонстранти, и покрај блокадата на интернет...