Општество
„Жена. Човек. Тишина“ – со поезија против насилството врз жените
Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ со овој четври предизвик годинава праќа порака до македонската интернет заедница дека издавањето на електронски изданија е исклучително важно за македонската читателска публика и со помош на таквите изданија се мобилизира огромен број на читатели кои можат да допринесат за подобра заедница.
„жена. човек. тишина.“ е втор online проект годинава кој сака преку ангажирана поезија и во основа ангажиран пристап на авторот да помогне кон осветлување на исклучително важна тема од општеството која покажува негативни оцени во моментот и да се насочи кон расветлување на проблемите со кои се соочува една од најголемите ранливи групи во Македонија. За насилството врз жената сме слушале од памтивек, тоа е наметнато како дел од генетскиот код кај одредена група на граѓани и ваквиот поразличен пристап и анализа на оваа материја е можеби прв од ваков тип.
Со ова ново, четврто по ред електронско издание за оваа година, здружението за развој на култура и заштита на културното наследство „Контекст – Струмица“ се приклучува кон 16 дневниот активизам за подигнување на свеста во врска со родово базираното насилство како тема од човековите права, на локално, национално, регионално и интернационално ниво;
Со главната иницијатива за 25-ти ноември како Меѓународен ден за борба против насилство врз жените, оваа збирка поезија „жена. човек. тишина“ претставува одговор на колективната незаинтересираност за овој значаен проблем.
Кампањата трае до 10-ти декември – денот за одбележување на заштита на човековите права. Во книгата се застапени 20 автори кои се вклучија по претходно објавен повик, како и едукативен материјал кој ќе ви помогне да дознаете повеќе за оваа круцијална општествена тема./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“
Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.
Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.
Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.
„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.
Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.
Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.
(ПР)
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

