Општество
ЗНМ бара оставки од Груевски, Јанкулоска и Мијалков

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изрази сериозна загриженост и го осуди прислушувањето на новинари, затоа што, сметаат, дека е суспендиран правниот поредок на земјата и масовно се кршени основните човекови права и слободи.
Од ЗНМ го повикаа Јавното обвинителство сериозно да ги разгледа објавените докази за прислушување на новинари и да покрене соодветни постаки.
На прес-конференција, во четврток, од ЗНМ побараа премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков да поднесат оставка, без разлика кој го нарачал прислушувањето, затоа што, сметаат дека тие се должни да спречат такво кршење на уставните права и слободи на граѓаните.
„Се потврдија ставовите на ЗНМ дека медиумите во Македонија не се слободни и се заложници на интересите на власта и на сопствениците на медиумите“, рече Насер Селмани, претседател на ЗНМ.
Според ЗНМ, прислушувањето на новинари го компромитира медиумскиот систем во Македонија, а единствен излез е воспоставување нов медиумски систем и нови контролни механизми на политичкиот систем, кој ќе гарантира независност и слобода на медиумите и ќе спречи нивна злоупотреба во иднина од политиката и од бизнисот.
Во среда, лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека повеќе од 100 новинари во Македонија биле прислушувани, а премиерот Никола Груевски, пак, во својот говор рече дека Македонија била цел на странска разузнавачка служба, која нарачала следење на влијателни и јавни личности во Македонија./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
39 починати и 603 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.596 тестирања, а регистрирани се 603 нови случаи на Ковид-19 во Скопје –209, Куманово – 62, Струмица – 39, Битола – 38, Охрид – 36, Прилеп – 31, Тетово – 27, Кочани – 21, Велес и Штип по 19, Кичево – 14, Гостивар – 13, Кавадарци – 11, Радовиш – 8, Струга – 7, Виница – 6, Крива Паланка и Ресен по 5, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар по 4, Неготино, Свети Николе, Пробиштип и Пехчево по 3, Берово, Делчево и Крушево по 2 и по еден во Дебар, Богданци и Македонски Брод.
Регистрирани се 641 оздравени пациенти од: Скопје – 197, Охрид – 98, Струга – 48, Прилеп – 41, Битола – 38, Куманово – 35, Велес – 34, Струмица – 26, Штип – 23, Гостивар – 22, Тетово – 20, Кичево – 15, Кочани и Гевгелија по 8, Радовиш – 6, Виница и Пробиштип по 5, Ресен – 4, Крива Паланка – 3, Свети Николе и Берово по 2 и еден во Пехчево.
Пријавени се вкупно 39 починати лица: 18 од Скопје (52г, 53г, 62г, 66г, 71г, 71г, 73г, 73г, 74г, 74г, 78г, 79г, 80г, 82г, 83г, 85г и 91г), по три починати лица од Охрид (64г, 81г и 82г), Тетово (63г, 80г и 81г), Струмица (72г, 73г и 80г) и Кавадарци (70г, 82г и 83г), по две лица од Прилеп (66г и 67г) и Куманово (58г и 80г), по едно лице од Битола (74), Велес (79), Штип (77), Кочани (71) и Пробиштип (63). Сите починати пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 2.596 тестови преку: ИЈЗ-514, ЦЈЗ Скопје-59, ЦЈЗ Битола-80, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-9, УК Пулмологија со алергологија–2, ГОБ 8-ми Септември-12, Институт за микробиологија–118, МАНУ-150, Жан Митрев (Филип Втори)-100, Авицена-221, Биотек-238, Систина-166, лабораторија Лаор-128, Синлаб – 46, Ремедика-28, Плодност – 32, Генеа – 2, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 686.
Досега во земјата се направени вкупно 700.728 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на кови-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 149.221, бројката на оздравени пациенти е 126.234, на починати е 4.595, а бројот на активни случаи изнесува 18.392.
Според епидемиолошкита анализи, дистрибуцијата по градови во моментов е следна:
Скопје 66.093, активни 8.203
Куманово 8.246, активни 1.225
Прилеп 8.012, активни 889
Тетово 6.992, активни 655
Битола 5.916, активни 1224
Велес 5.280, активни 651
Гостивар 5.048, активни 453
Кавадарци 5.046, активни 477
Штип 4.807, активни 452
Охрид 4.793, активни 825
Струмица 3.876, активни 553
Струга 2.894, активни 222
Кочани 2.639, активни 302
Кичево 2.391, активни 293
Гевгелија 2.147, активни 320
Неготино 2.125, активни 226
Свети Николе 1.455, активни 154
Крива Паланка 1.192, активни 89
Ресен 1.181, активни 207
Радовиш 1.059, активни 126
Берово 981, активни 63
Делчево 938, активни 104
Дебар 919, активни 62
Виница 760, активни 112
Пробиштип 760, активни 36
Валандово 646, активни 100
Богданци 476, активни 73
Крушево 463, активни 104
Демир Капија 392, активни 31
Демир Хисар 370, активни 62
Кратово 354, активни 17
Македонски Брод 352, активни 32
Пехчево 259, активни 22
Македонска Каменица 227, активни 14
Дојран 132, активни 14
Македонија
МОН: Во ниту еден случај нема да дозволиме кој било ученик да остане без учебник

Министерството за образование и наука реагира на пре-конференцијата на политичката партија ВМРО – ДПМНЕ.
Од ова министерство потенцираат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување невистини поврзани со промените во образовниот систем кои многу одамна, како што посочуваат од министерството вклучително и во времето кога оваа политичка партија раководеше со институциите на системот, требаше да се случат.
„Во интерес на објективното информирање на јавноста, би сакале да потсетиме дека согласно транспарентноста на целиот процес на реформи и најавите, од следната учебна година се воведува комбиниран модел на примена на материјалите за учење, што подразбира употреба и на печатени и на дигитални учебници. За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос кон на детето кон книгата. Додека за учениците од четврто и погорните одделенија прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ технологија и електронски алатки“, напоменуваат од МОН.
Од ресорното министерство нагласуваат дека доколку по нивна волја, учениците се изјаснат дека сакаат наставата да ја следат од печатен учебник, тоа ќе биде овозможено од училиштето. Доколку, пак, сакаат но немаат можност за користење на дигиталните учебници, училиштата ќе бидат должни да им дадат на времено користење ИТ-уред, за што веќе се прават планови и подготовки секое училиште се опреми библиотека со соодветен број на таблет компјутери.
„Министерството за образование и наука во ниту еден случај нема да дозволи кој било ученик да остане без учебник независно дали е тоа електронски или печатен. Образованието е загарантирано право на секој ученик и ние тоа го обезбедуваме и го надградуваме“, потенцираат од министерството за образование.
Од таму упатија апел до политичките партии наместо непотребно трошење време и ресурси за одржување прес-конференции и изнесување лаги и манипулации, тие да престанат да ја мешаат политиката во образованието заради остварување на дневнополитички агенди и поени, или да дадат поддршка на промените кои ќе се случат и да учествуваат во нивната имплементација и постигнување на ефектите кои ќе значат фаќање чекор со современиот образовен свет, сугерираат од МОН.
Македонија
Од мај стартува електронскиот упис на првачиња

Од први мај се воведува нова услуга за електронски упис на првачиња.
Преку порталот uslugi.gov.mk родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, се одредува термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.
Новата дигитална услуга денес ја промовираше министерката за образование и наука, Мила Царовска, заедно со претставникот на британската амбасада во Скопје, Ричард Малион, извршната директорка на ЦУП Неда Малеска -Сачмароска и со Стефан Богоев градоначалникот на општина Карпош при посетата на ОУ „Вера Циривири Трена“.
„Оваа година благодарение на Центарот за управување со промени (ЦУП) и британската амбасада голем дел од услугите кои ги нуди МОН се дигитализираа, а посебно сум горда на оваа услуга која го олеснува пристапот на родителите кон упис на нивните деца и наши ученици во образовниот систем. Тоа ќе го направат со прикачување на сите потребни документи и откако тој административен процес ќе се заврши имаат само една посета во училиштето на средба со педагогот и проценка и понатамошно започнување на процесот на образование на еден ученик“, рече Царовска.
Од ресорното министерство нагласуваат дека услугата за електронски упис на првачиња е големо олеснување и за администраторите во училиштата, бидејќи наместо нив, податоците за секој запишан ученик се внесуваат автоматски во ЕСАРУ системот, каде се води евиденција за сите училишта во државата.
За користење на алатката од страна на училиштата, предвидени се соодветни обуки кои започнуваат уште утре.
Царовска воедно најави дека во следниот период ќе се дигитализираат и низа други услуги поврзани со основното и средното образование, но и во делот на науката.
- Свет3 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Регион6 дена
„Фајзер“, „спутник В“ или „Синофарм“ – истражување во Србија покажа која вакцина штити најбргу
- Економија3 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Црна хроника3 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Регион2 месеци
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?