Македонија
Орце Камчев во СЈО
Во понеделникот претпладнето околу 11 часот од просториите на Специјалното јавно обвинителство излезе познатиот бизнисмен Орце Камчев, но не е познато за кој предмет и во кое својство бил повикан на распит во институцијата којашто се занимава со делата кои произлегуваат од недозволено сниманите телефонски разговори кои пред речиси две години во јавноста ги објави најголемата опозициска партија СДСM.
Една од компаниите на Орце Камчев, кој по излегувањето од СЈО ги одбегна новинарите, е сопственик на издавачката куќа МПМ, која ги издава трите водечки дневни весници во земјата, но овој конгломерат има удели и во приватните здравствени институции. Камчев е доведуван во блиски пријателски и кумски врски со поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Во понеделникот продолжуваат распитите во Специјалното јавно обвинителство (СJО) на лица поврзани со објавените и необјавените прислушувани разговори. Засега не се знае кој точно е повикан на распит во СЈО бидејќи постaпките се тајни.
Минатата недела на распит во СЈО беа: лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили, Силвана Бонева, сега член на ДИК, и Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР.
Освен Ибраимовски, кој изјави дека е повикан во врска со нерегуларности при гласањето на локалните избори во Шуто Оризари, останатите кои беа на распит не открија во кое својство се повикани и за кој предмет.
Претходно во СЈО се појави и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која требаше да даде исказ за случајот „Тврдина“, но го одложи и побара да направи увид во доказите.
За истиот случај беше повикан и Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева најави дека периодов интензивно ќе се повикуваат лица во Обвинителство. Новото обвинителство сé уште нема покренато обвинение за ниту еден од случаите./крај/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

