Македонија
Османи: Исполнети се условите за двојазична Македонија
Демократската унија за интеграција смета дека сега е вистинскиот момент за заокружување на прашањето за двојазична Македонија.
„Направен е голем напредок во насока на официјализацијата и употребата на албанскиот јазик во сите институции. Ние мислиме дека поради тој напредок, сега се исполнети условите за заокружување на мисијата за создавање на двојазична Македонија“, изјави портпаролот на Демократската унија за интеграција, Бујар Османи, на првата редовна конференција за медиумите.
ДУИ исто така, го поддржува министерот за животна средина Башким Амети за неговата одлука за затворање на секоја фабрика која што би можела да влијае негативно врз здравјето на граѓаните, овојпат тоа се однесуваше на „Југохром“.
Тој рече дека министерот јасно дал на знаење дека, не само што не постои можност Југохром повторно да се отвори без поставување на филтрите туку, доколку истечат роковите определени за нивно поставување, тие ќе ја загубат целосно лиценцата.
„Силно го поддржуваме Амети да продолжи со неговата политика за заштита на здравјето на граѓаните. Се разбира дека имаме разбирање и за вработените, затоа и ги покануваме компаниите и институциите да направат пакет за заштита на овие граѓани, додека компанијата да ги постави филтрите и повторно да започне со работа“, рече Османи.
„15 илјади активисти на ДУИ, организирани во групи го посетуваат секој дом и секое семејство, за да ги информираат граѓаните да бидат дел од заокружувањето на оваа мисија почната со војната во 2001 година, која треба да заврши со три цели, економска благосостојба, целосна рамноправност и завршување на интеграционите процеси“, изјави Османи./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Македонија
Поради утрешната посета на Руте посебен режим на сообраќај во Скопје
Утре во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, соопшти МВР.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.

