Македонија
Оспорен соодносот на пратеници во Комисијата за импичментот на Иванов
Жестока расправа се води околу бројот, односно соодносот на пратеници, претставници на политичките партии, кои треба да ја сочинуваат Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов за одлуката за аболиција, поднесен од страна на опозицијата.
Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за импичмент на Иванов треба да брои 11 члена, претседател ќе биде пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, од чија пратеничка група ќе има уште пет члена, по два од ДУИ и од СДСМ и еден од ДПА.За опозицијата овој број и сооднос е спорен, а координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугарески рече дека нема соодветна застапеност на пратеничките групи во Комисијата врз основа на бројот на мандатите. Обвини дека шестмината пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во Комисијата треба да ја бранат криминалната врхушка на владејачката партија, а претседателот на Комисијата за прашања на изборите и именувањата дека го прекршил Деловникот на Собранието.„Иванов сега никој не може да го спаси. Што ќе напишете за седум дена во Извештајот. Има сериозно прекршување на Уставот. Иванов постапи по член што не постои“, рече Сугарески.Смета дека целта била во изминатите 40-50 дена да се спречи работата на Специјалното јавно обвинителство.Пратеникот Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ му врати дека Комисијата не суди туку ја разгледува основаноста на предлогот, а откако ќе биде прочитан Извештајот на Комисијата за оценување на основаноста, Собранието ќе расправа дали претседателот направил прекршок или не и ќе се изјасни за неа. „Партија која овие две години покажува дека не му е важна ниту една институција во Македонија, дека не му е важно Собранието, Уставниот суд, Претседателот… на крајот на краиштата дека не му е важна волјата на граѓаните. Сега го браните Уставот и законите“, рече Илиоски.Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски потсети дека единствено активна аболиција има за лидерот на СДСМ Зоран Заев за случајот „Глобал“ и му порача на Сугарески да не ги става сите политичари „во ист скут“ бидејќи се деаболицирани.Димовски од говорницата прочита издвоено мислење на судијките на Уставниот суд Наташа Габер-Дамјановска и Гзиме Старова, за враќањето во примена на членот 11 од Законот за помилување кој уредува дека претседателот на републиката по исклучок мора да дава помилување и без спроведување на постапка. Сугарески го праша координаторот Димовски, дали е намерна или случајна грешка тоа што е направено во едно од поништувањето на аболицијата за Никола Груевски, Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска. „Јас за „Глобал“ немам што да кажам“, додаде Сугарески.ДУИ е заинтересиран да се расправа за иницијатива бидејќи Иванов, според пратеникот Џевад Адеми направил „голема беља“, но потсети дека за изгласување на предлогот потреби се 82 гласа „за“./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири
Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно.
„Клиничкиот центар има заеднички служби кои се наменети за тоа, тоа им е примамрна обврска да се грижат за Клинички центар и за сите хаварии што можат да се случат. Хаваријата со цевката за парно е санирана уште вчера од страна на заеднички служби“, рече Демири.
Дали е потпишан договор или не, тоа се интерни договори на Клиниките кои морам да ги проверам, додаде министерот.
Во однос на болничарот кој требаше да биде суспендиран, Демири кажа дека има една голема неправда направена на Токсикологија, а тоа е необезбедување на согласност од страна на менаџментот на таа институција за обезбедување договори за 18 вработени кои се дел од медицинските процедури, кои веќе 4 месеци служат на таа институција, а не добиваат никаква економска надокнада.
„Во тек е изборна кампања, не сакам да се прекрши ниту една законска процедура, чекам да дојде извештајот на Инспекцискиот надзор кој ги има обврзано во тек на 5 дена менаџментот да најде решание за 18 луѓе кои работат, а не добиваат надокнада. Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири.
На новинарско прашање, министерот одговори дека економската директорка оди на работа и не се паркира на влезот на Клиниката.
„Не се точни наводите дека доаѓала на работа по четири саати, според моите сознанија“, додаде Демири
Македонија
„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори на 8 мај.
„Тоа не е точно, јас вчера имав многу јасна порака на митинзите во Сарај и Чучер Сандево. Ги повикувам сите гласачи масовно да излезат на 8 мај и да ги поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и коалицијата За европска иднина на парламентарните избори. Да избереме и претседател и парламентарен состав, Македонија да продолжи на својот пат на европските инетеграции“, рече Ковачесвки.
Тој кажа дека никој не ги има гласачите под своја контрола за да ги наведува како да гласаат.
„Ја примивме пораката во првиот круг за сите грешки кои ги направивме минатите седум години. Очекуваме да ја добиеме поддршката во вториот круг. Нормално е дека нашето членство го повикавме на изборите. Свесни сме дека граѓаните испратија јасна порака до СДСМ, дека граѓаните укажаа на грешките. Работевме во услови на голема пандемија, енергетска и економска криза предизвикани од војната во Украина. Свесен сум за нивото на инфлација и цените. Се обидовме да ги зголемиме и платите и пензиите секој да се справи на најдобар начин со оваа криза. Знам дека тоа не беше доволно, знам дека треба повеќе. Во новата програма имаме и зголемување на платите и на пензиите и секако многу јасни мерки во однос на владеење на правото и борбата против корупцијата“, кажа Ковачевски.
Тој очекува во вториот круг поддршка од сите граѓани во Македонија.
Ковачевски кажа дека Пендаровски е граѓански кандидат и ја бара поддршката од граѓаните, а не од претседателските кандидат коишто не се пласирале во вториот круг.
„Имаме разговори со политичките партии на различни нивоа и ги повикувам сите да имаме масовна излезност на 8 мај. Да избереме претседател на државата со којшто ќе имаме сигурна европска иднина и да избереме парламент што ќе носи храбри одлуки за државата, за да го дадеме на граѓаните она што го заслужуваат и очекуваат“, рече лидерот на СДСМ.
Тој додаде дека со крената глава продолжуваат во вториот круг и знае од што се незадоволни граѓните.
Македонија
(Видео) Стојаноска: Време е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега
„Во текот на вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова“, рече Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.
„Во име на тоа, од срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и Македонија да ја направиме своја и горда“, изјави Дафина Стојаноска, носител на изборна единица 6.