Македонија
Откриена незаконска продажба на алкохол во Скопје
При контрола на неколку угостителски објекти во Скопје, изминативе два дена, Царинската управа, открила нелегална продажба на алкохол.
Имено, согласно своите надлежности кои што произлегуваат од Законот за акцизите, Царината продолжи со контрола на обележување и употреба на контролни марки – бандероли во малопродажни и угостителски објекти кои вршат промет со акцизни добра.При контролата во четири угостителски објекти на територијата на Град Скопје е откриена незаконска продажба на алкохолни пијалоци. Притоа, привремено се задржани 37,5 литри ракија и околу 16 литри други жестоки алкохолни пијалоци за кои не е платена акциза и за кои не постојат документи за потекло и за здравствена исправност.Царинската управа продолжува со контроли на акцизните добра со цел да се обезбеди легитимна конкурентност, заштита на здравјето на граѓаните и соодветна наплата на пропишаната акциза, со укажување дека наплатена акциза од алкохолни пијалоци во првите шест месеци од 2015 година е за 18 отсто повисока во однос на истиот период во 2014 година и за 23 отсто повисока во однос на 2013 година./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.
Македонија
Без вода денеска дел од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување водоводен приклучок од ф – 100 мм – во близина на Макпетрол, без вода ќе останат корисниците од улицата Христо Татарчев лоцирани на потегот од улицата Народни Херои до улицата Франк Харкорд-Манинг, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата

