Македонија
Отворена поставката „Македонско-американските односи низ историјата“
Поставка на тема „Македонско-американските односи низ историјата“ беше отворена во петок во просториите на Воениот музеј.
Министерот за одбрана, Зоран Јолевски со свое обраќање ја отвори оваа изложба при што рече дека целта на денешната изложба е да се истакнат взаемните односи и поддршката од институциите и поединците од Соединетите Американски Држави и Македонија.
„Македонија и САД имаат историјат на меѓусебна соработка и почит која соодвестува на истите принципи на кои со години ги темелиме нашите исклучителни односи“, – додаде министерот Јолевски притоа истакнувајќи дека во духот на взаемната почит македонските и американските војници стојат рамо до рамо во Авганистан. Во присуство на претставници од дипломатскиот кор, Јолевски порача дека „Во последните 12 години за време на заедничкото учество во мисијата ИСАФ, нашите војници заедно со американските, отвораат нови страници во историјата. Нема поголем доказ за вистинското патнерство помеѓу две земји кога војниците рамо до рамо се борат за исти принципи на разни места во светот“, рече Јолевски.
Во оваа прилика обраќање имаше и амбасадорот на САД во Република Македонија, Пол Волерс, кој истакна дека оваа изложба ја раскажува приказната како жителите на Македонија и на САД ги имаат допрено животите едни на други и ја покажува длабочината на нашите односи кои се прошируваат и продлабочуваат во текот на годините.
„Ние сме горди да ја наречеме Република Македонија наш пријател и сојузник и гледаме напред да видиме како го исполнува својот потенцијал како силна и просперитетна мултиетничка демократија целосно интегрирана во евроатлантската заедница. Се надеваме дека тоа време ќе дојде многу брзо“, потенцираше амбасадорот Волерс.
Директорот на Воениот музеј, Александар Стојчев во своето обраќање пред присутните рече дека предизвиците за организирање на оваа изложба изникнуваат од множества на зачуваните сведоштва на директните учесници и носителите на изградбата на македонско-американските односи низ историјата во која сеопфатно партиципираат и денешните генерации
Музејската поставка „Македонско-американските односи низ историјата“ е базирана на бројната архивска документација објавена и необјавена, а овозможена од институциите во САД и Република Македонија и поддржана од Националната установа Музеј на Македонија, Кинотека на Македонија, Македонската Радио Телевизија, Градот Скопје, Државниот Архив на Република Македонија, Народната и Универзитетска Библиотека „Св. Климент Охридски“ од Скопје, Матица на иселениците од Македонија, Национална Установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, Канцеларијата на Програмата за децентрализирана соработка меѓу регионот Долна Нормандија и Македонија во Скопје.
Оваа изложба Воениот музеј ја реализира во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија и истата ќе биде изложена до 21.12.2014 година. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

