Македонија
Панчевски си ја урива дивоградбата во Центар
Општина Центар ја информира јавноста дека сопствениците на објектот на ул. „Никола Вапцаров“ бр.6, меѓу кои е Владимир Панчевски, претседателот на Основниот Суд 1, започнале самостојно со уривње на незаконски изградената надградба.
За надградбата на овој објект, општинската инспекција утврди дека е дивоградба и беше издадено решение за уривање. „Иако инвеститорите првично негираа дека станува збор за бесправно градење, со денешната одлука самостојно да си ја срушат надградбата, тие всушност потврдија дека незаконски подигнале уште два ката на зградата. Оттаму, паѓаат во вода обвинувањата дека инвеститорите биле обесправени и оштетени од страна на општината или, пак, дека се врши наводна политичка хајка“, соопштја од Општина Центар. Општинската инспекција е на терен и го следи уривањето кое е во тек. Инспекторите треба да утврдат дали инвеститорот ќе постапи во целост, согласно одлуката, односно дали целосно ќе ги отстрани доградените спратови. Доколку тоа не се случи, општината ќе ја заврши постапката за целосно уривање, согласно законски донесената одлуката на инспекцијата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

