Македонија
Парнарџиева-Змејкова: Е-здравството овозможи поефикасна работа на ФЗОМ
Е-здравството овозможи поефикасно процесирање на услугите, побрзо комплетирање на барањата, што резултира со задоволни осигуреници и клиенти, што за Фондот за здравствено осигурување на Македонија претставува репер за современ и ефикасен систем, истакна директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова во своето излагање на тема Е-здравство, на 8-иот Балкански форум на јавно здравствено осигурување, што се одржува од 25-26 септември во Тирана, Албанија.
„Над 30 електронски услуги денеска им се достапни на осигурениците, фирмите и на давателите на здравствени услуги. Едноставната и брза достава и размена на податоци, 24 часовна достапност до веб порталот на Фондот, намалување на хартиените документи, ефикасни и навремени услуги, унифицирана контрола на сите податоци на Фондот, намалување на грешките на минимум, точна анализа врз основа на прецизни податоци за лекови, здравствени услгуги се причината зошто е-здравството помага Фондот да биде ефикасна институција со задоволни клиенти, но и препознаена како лидер во регионот“, рече Парнарџиева-Змејкова.
Нејзиното предавање, велат од ФЗОМ, предизвикало огромен интерес меѓу учесниците на овој стручен собир, дотолку повеќе што ФЗОМ ужива репутација на лидер во сферата на е-здравството во регионот.
На Форумот своите искуства ги и презентираа директорите на фондовите за здравство од Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија, Хрватска, Република Српска.
Размената на искуствата во решавање на секојдневните предизвици што се јавуваат при менаџирање со здравствената каса, идеите за подобрување на здравствените услуги, како и можните решенија за обезбедување поквалитетни здравствени услуги, со ограничени финансиски средства, се темите кои исто така се најдоа во фокусот на дискусиите на менаџерите на 8-от Балкански форум.крај/мф/сд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

