Македонија
Пешачки маратон по повод 25 години независност на Република Македонија
По повод 25-годишниот јубилеј од независноста на Република Македонија, познатиот спортист, хуманист и светски рекордер Емил Илиќ, придружуван од тројца млади маратонци, ќе реализира пешачки маратон во должина од 268 километри.
Маратонот стартува од манастирот „Свето Преображение“ во Крушево, преку Прилеп, Росоман, Градско и Велес, а маратонците се очекува да пристигнат во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија на 8-ми септември.
Претседателот Иванов во своето писмо за поддршка ја поздравува оваа иницијатива и ангажман, посочувајќи дека организирањето на пешачкиот маратон е уште една убава можност за промовирање на Република Македонија, во годината кога го славиме 25-годишниот јубилеј од независноста, но истовремено е поттик и позитивен пример за сите млади луѓе.
„Вашиот следен предизвик, пешачкиот маратон по повод 8-ми септември е уште еден ваш драгоцен спортски придонес во прославата на големиот јубилеј,“ порача Иванов.
Емил Илиќ во 2007-ма година се стекна со титулата светски рекордер во пешачки маратон, што му ја издаде Академијата за светски рекордери од Лондон, Велика Британија./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
Денеска, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува генералниот секретар на НАТО, Н.Е. Марк Руте.
Поради посетата, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за воспоставување посебен режим на сообраќај во централното градско подрачје на Град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Македонија
Без вода делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· Поради дефект на водоводна цевка со пречник од Ф-2 цол на улицата Св. Кирил и Методија 38 (на паркингот кај Трготекстил), 09:00 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Св. Кирил и Методија, општина Центар;
· Поради чистење и дезинфекција на двете комори во резервоарот за питка вода во село Бојане, во наредните 4 дена (03.03 до 06.03.2026 година) помеѓу 08:00 и 13:00 часот, можно е да има намален притисок и краткотрајни прекини на водоснабдувањето во село Бојане, општина Сарај.
Македонија
Делови од Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од стопанските објекти во Индустриската зона – Момин Поток, општина Бутел;
· од 09:00 до 15:30 часот, корисниците од ул. Јан Хус бр. 11а, општина Карпош.

