Македонија
Почина директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски

На 65-годишна возраст почина директорот на Државниот архив на Република Македонија, Зоран Тодоровски.
Зоран Тодоровски беше именуван за директор на Државниот архив на Република Македонија и раководи со Архивот во периодот 1999-2002 година и од 2006 година до денес. Тој беше претседател на научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.Тодоровски е автор на бројни публикувани историски трудови и зборници на документи. Значајни се неговите трудови посветени на ВМРО 1918-1924-1934 година, на македонското прашање во бугарскиот парламент, за историски личности како што се Крсте Мисирков, Тодор Александров, Владислав Ковачев, Петар Шанданов, Тодор Поп Антов и други.За вработените во Државниот архив, Зоран Тодоровски е значаен по тоа што раководеше со Архивот дванаест години. Соочени со фактот за физичката загуба на директорот Зоран Тодоровски, вработените во Државниот архив му изразуваат искрено сочувство на неговото семејство.Роден е на 3 март 1950 година во Скопје, каде што завршува основно и средно училиште. Дипломирал во 1972 година на Филозофскиот факултет во Скопје на Катедрата за историја со историја на уметноста. Магистрирал во 1989 година на Институтот за историја на македонскиот народ во XIX и XX век, на тема „Дејствувањето на Автономистичката ВМРО во периодот 1918-1924 година“. Докторирал во 1995 година на тема „Внатрешната македонска револуционерна организација 1924-1934 година“./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2025 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 06 Август 2025 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:
– 06.08.2025– А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
– 07.08.2025– М, Н, Њ, О;П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Македонија
(Видео) Кузмановска: Министерство на хартија, без резултати, без план, ВМРО-ДПМНЕ ги изевери младите

Помина една година откако ВМРО-ДПМНЕ најави формирање на Министерството за социјална политика, демографија и млади, наместо резултати, младите добија уште едно големо разочарување, вели Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ.
Наместо функционална институција што ќе ги слуша, ќе ги вклучува и ќе им служи, добија уште една нефункционална испостава на власта на ВМРО-ДПМНЕ.
Ништо од ветените промени. Ништо од системските решенија. Само бирократија, хаос и игнорирање на младите, нивните потреби“.
Министерството, според неа, не е ниту кадровски ниту програмски комплетирано, нема преземено ниту дел од законските надлежности, а нема ниту план за тоа што треба да прави.
Тоа, како што оценува, е класична формула на ВМРО-ДПМНЕ: повеќе пари, помалку резултати.
„Министерството е глуво за младите. Неосновани селективни процеси, нетранспарентност во избори на претставници, игнорирање на организациите кои ги застапуваат младите, тоа е реалноста денес.
Со оваа Влада, бројот на локални младински совети опаѓа. Стратегиите за млади изостануваат. Младинските центри заборавени. Законот за младинско учество не се спроведува.
Ова не е само институционален застој, ова е намерно маргинализирање на младите. Ова е јасен доказ дека ВМРО-ДПМНЕ нема политичка волја за вистинско подобрување на младинските политики.
После една година власт на ВМРО-ДПМНЕ, младите во Македонија живеат потешко и полошо. Ги бројат парите од месец за месец и сè почесто го гледаат спасот надвор од државата“.
СДММ се приклучува на барањата на младинскиот граѓански сектор и бара, како што рече Кузмановска, продолжување на рокот најмалку до крајот на август, јавна промоција на повикот и структуриран дијалог со младинските организации.
Повикуваат на итно преземање на надлежностите од Агенцијата за млади и спорт, согласно законските одредби, усвојување на сите неопходни подзаконски акти за имплементација на Законот за младинско учество и младински политики.
„Активна поддршка и отпочнување на процесите за воспоставување на Националното собрание на млади и Националното советодавно тело.
Прекин на праксата на селективни, партиски и нетранспарентни процеси за номинација на младински претставници.
Младите не се статистика, младите не се алатка за ПР. Младите се иднината на оваа земја“.
Македонија
(Видео) Петрушевски: Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позицијата му измеќарува на СДС

Главниот обвинител Коцевски да си даде оставка, секој поминат ден на позиција му измеќарува на СДС. Одамна главниот обвинител Коцевски нема кредибилитет во очите на народот, а сега кога СДС јавно застана да го брани во Собрание, му го уништи и тој кредибилитет што некогаш го имал, истакна на денешната прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС, вели тој, го разголи главниот обвинител Коцевски, совршено е јасно чии насоки до сега извршувал, и зошто постапките против функционери на СДС се таму каде што се.
„Главниот обвинител Коцевски очигледно е целосно препуштен во прегратките на СДС, и таквиот однос, не само што не му пречеше, туку и го зема како последна сламка за спас.
Да имаше главниот обвинител Коцевски грам морал, тој немаше да чека СДС да го брани и ќе си поднесеше сам оставка.
Игнорирањето на мизерните 2% доверба од народот и интерпелацијата во Собрание, е јасен показател дека главниот обвинител Коцевски има друг приоритети, а тоа е да служи како гума за спасување на дел од функционерите од СДС блиски до Филипче и Заев од кривична одговорност за криминалите кои ги правеле“.
Според Петрушевски, доблест од Коцевски не може да се очекува, само чисто калкулантство и политичко профитерство.