Македонија
Почна собирањето 10.000 потписи за закон за амнестија на осудени
Во среда почна собирањето 10.000 потписи, низ канцелариите на Државната изборна комисија, со кои граѓаните ќе можат да предложат закон за амнестија на осудените лица.
Отворени се вкупно 33 места низ поголемите градови, а жителите на помалите места ќе мора да патуваат до соседните градови за да се потпишат.Акцијата за собирање на потписи ќе трае 80-тина дена, во кои граѓаните ќе имаат можност со својот потпис да побараат да се донесе законот и со него да се намалат казните на затворениците. Граѓанската иницијатива предлага казните на сите да се намалат за 40 отсто, додека на тие што се осудени до една година за 50 отсто, а тие кои имаат казни до шест месеци да им се укинат.Организаторите очекуваат дека потписите ќе се соберат многу побрзо од законски определениот рок, а потоа најавуваат дека текстот на законот ќе го подготват експерти од кривичното право.Според информациите, затворениците нема да можат да се потпишат на иницијативата, затоа што за нивниот потпис ќе треба да се организира превоз до и од местото односно општината од каде доажаат, што според ДИК е прескапо, а кај затворениците акумулира незадоволство./крајмф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

