Македонија
Подобри услови за работниците со непрекинат престој во издвоен објекти на МВР
Работниците со непрекинат престој во одредени издвоени објекти на Министерството за внатрешни работи добија подобри услови за работи по нивните реакции до Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој и претседателот на Македонскиот полициски синдикат Тихомир Климовски потпишаа измени на Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.
„Согласно постојното решение, работењето е организирано така што работното време е во траење од најмалку 12 часа редовна работа и 12 часа одмор на работникот во објектот, а за секои 24 часа непрекинат престој му следува еден слободен ден. Ваквата регулатива предизвика големо незадоволство кај работниците кои работат во овие објекти и до мене, како министер, стигнаа голем број на реакции и барања да се направат корекции. Со цел да излеземе пресрет на овие барање, направивме анализа на постојното решение и барањата на работниците. По извршените анализи, утврдивме решенија за надминување на проблемите и тие се содржани во спогодбата за изменување и дополнување на Колективниот договор на МВР, која ја потпишавме денеска со репрезентативниот синдикат. Според новото решение, работењето е организирано така што работното време е во траење од најмалку 12 часа редовна работа и 12 часа платен одмор на работникот во објектот, а за секои 24 часа непрекинат престој му следува три слободни денови“, рече министерот Спасовски.И претседателот на МПС Тихомир Климовски ги поздрави измените со кои се подобруваат условите за работа на вработените во МВР.„Решението кое беше со последниот колективен договор предизвика незадоволство кај нашите колеги и на барање на нашето членство се пристапи кон измена на ова решение. Денеска сме сведоци на чинот на измена на колективниот договор“, рече Климовски.//крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.