Македонија
Политичарите се обврзаа за „Градење социјална кохезија од темел-нагоре: Денот потоа“
Барања од граѓанскиот сектор за унапредување на состојбите во областа на економијата и социјална држава, потпишаа во понеделник претставниците на повеќе политички партии, со што се обврзуваат доколку дојдат на власт на 11 декември ќе ги прифатат и помогнат во нивно имплементирање.
Потписници на барањата се Зоран Заев од СДСМ и Коалицијата За живот во Македонија, Лилјана Попоска од ДОМ, Стојанче Ангелов од Достоинство и Коалицијата ВМРО За Македонија, Димитар Апасиев од Левица, Зоран Шапуриќ од ЛДП и Драгана Букилица од Демократски сојуз и Коалицијата За промени и правда.
Потпишаните барања се формирани преку инклузивен пристап од граѓански организации и индивидуии во рамки на проектот „Градење на социјална кохезија од темел-нагоре: Денот потоа“, во организацијата на фондацијата „Фридрих Еберт“.
Зоран Заев нагласи дека темите што денеска се потпишуваат се од исклучително значење за граѓаните на Македонија.
„Нашата коалиција и СДСМ се определи да склучиме сојуз со граѓаните. Како што пропишува нашиот Устав, дека сме социјална држава, да направиме чекори за решавање на сите овие социјални аспекти кои не преокупуираат сите. Она за што денеска ставаме потпис е нашето ветување за социјална држава и социјалната политика и економијата воопшто. Го даваме зборот пред сите граѓани дека ќе опстоиме на тоа на што денеска ќе дадеме свој потпис, уверени дека навистина ќе го исполниме едно од најглавните уставни начела, да создадеме социјална држава со перспективна економија“, рече Заев.
Лилјана Попоска рече дека како зелена партија се максимално отворени за соработка со невладините организации и се залагаат за инвестирање во обновливите енергии, енергетската ефикасност, еко туризмот, здрава органска храна и управување со води и отпад со цел искористување на можностите за отворање илјадници нови зелени работни места во зелената економија.
Стојанче Ангелов, ја поздрави иницијативата во име на Коалицијата ВМРО За Македонија, посочувајќи дека се согласуваат со сите изнесени предлози и заклучоци и најави целосна поддршка на сите активности на невладиниот сектор по влегувањето во Собранието.
Димитар Апасиев, изјави дека Левица ја потпишува декларацијата со назнака дека секторот труд и економија е многу послабо застапен од секторот социјала и дека партијата има многу порадикална програма за тоа, но е минимумот од кој мора да стратуваат.
Зоран Шапуриќ рече дека ЛДП како дел од Коалицијата „За живот во Македонија“ активно учествувале и во програмските определби, односно утврдувањето на програмата, со цел зголемување на животниот стандард на најранливата група на граѓани.
Драгана Букилица изјави дека Коалицијата За промени и правда се отворени за соработка со граѓанските организации со цел да се надминат девијациите во системот и да создадат еднакви можности и обврсју за сите, со цел да ја видиме Македонија како правна и економски стабилна држава.
Барањата на граѓаните се групирани во неколку подобласти и тоа социјална политика, трудова политика, млади и образование од социјална држава и јавни финансии, развојна економија и квалитетно земјоделие од областа на економијата. Тие опфаќаат политики за образование и вработување на младите, социјална политика, достоинствена минимална плата, транспарентност во трошењето на јавните средства, прогресивно оданочување и развојно и квалитетно земјоделство./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски.
„Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од неисполнување на обврските: правда, слобода на медиуми, борба против корупција. ВМРО секојдневно создава конфликти со соседите а на критиките од Брисел одговара со напади врз ЕУ. Затоа нема напредок, затоа 5 тони дрога излегуваат преку македонската граница неказнето, затоа судството и обвинителството се под контрола, а медиумите се задушени преку моделот на Орбан. Европа ни даде јасна шанса до 2027, заедно со регионот! Црна Гора и Албанија напредуваат. Ние? Само ако престанеме со оваа политика на изолација што намерно ја турка Мицкоски. Мицкоски ВМРО не сакаат ЕУ – сакаат да крадат на тендери без надзор. Тоа не е европска вредност. Тоа е криминална вредност. Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски“ стои во реацијата на претседателот Филипче.
Македонија
(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница и со граѓаните како главен приоритет се посочуваат реформите и нивната реализација.
„Тоа е она што е главен фокус и приоритет на оваа Влада. Реформи и испорака. Се разбира дека ВМРО-ДПМНЕ како најголема политичка партија во државата мора да се однесува одговорно кон граѓаните, иако после локалните избори и оној апсолутен триумф, политички гледано нас ни одговара да има предвремени парламентарни избори, но и покрај сето тоа нашиот приоритет и фокус е испорака и реформи за подобар живот и стандард на граѓаните“, истакна Мицкоски.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев
Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, и дека ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие. Но, по само еден ден од оваа дадена изјава на Катевеновски, кој вели дека била дадена зад затворени врати, Судскиот совет свикал итна седница на која тој бил разрешен. Сведоштвото на Катевеновски води кон тогашните власти, а како што вели тој – неговото разрешување дошло од СДС и ДУИ, или во превод од Зоран Заев и Али Ахмети“, рече Манасиевски.
Тој истакна дека „правдата и вистината која Заев ја ветуваше кога дојде на власт се покажа како селективна“.
„Но, она што е клучно е тоа дека повторно добиваме сведоштва за притисокот на СДС и ДУИ, кон правосудните органи. Она кое ние го говориме во јавноста со години, сега веќе и се потврдува. Тие биле оние кои одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одреден случај. СДС и ДУИ си ја партизираа државата и нејзините институции. ВМРО-ДПМНЕ тоа повеќе нема да го дозволи повеќе. Потребна е одговорност!“, заклучи Манасиевски.

