Политика
Жерновски-Заев: Поништувањето на спорните ДУП-ови е чекор напред во борбата со урбаната мафија

Поништувањето на спорните детални урбанистички планови е чекор плус во насока на заштита на интересите на граѓаните и борбата против урбаната мафија, заеднички констатирале во петок градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
На средбата во просториите на Општина Центар, се разменети мислења за актуелната политичка состојба, како и за работата на општината и за предизвиците со кои се соочува општина Центар.
Разговарано е за реформите што новата реформска Влада планира да ги направи во локалната самоуправа, со цел ефективно и транспарентно работење на општините исклучиво во интерес на граѓаните.
Градоначалникот Жерновски го информираше претседателот на СДСМ за реализацијата на Програмата на општината и за постигнатите резултати, со оглед дека општината за три ипол години реализираше 230 проекти и, како што кажа, покрај сите опструкции од досегашната централна власт. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Спасовски: Полицијата на границите и кај Свети Спас беше пример за тоа како се постапува по европски стандарди

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им оддаде признание и честитки за професионализмот и посветеноста од страна на сите организациони единици при МВР, за добро реализираниот оперативен план во делот на одржување на безбедноста при чествувањето на денот на раѓањето на Гоце Делчев.
„ Како пред гробот на великанот Делчев кај црквата „Свети Спас”, така и на граничните премини, македонската полиција на висина на задачата успешно го спроведе овој настан од највисок безбедносен степен – еклатантен пример за тоа како постапува полиција од европски ранг.
Благодарност и до граѓаните, медиумите и медиумските работници кои имаа разбирање и на најпрофесионален начин дадоа свој придонес за навистина достоинствено чествување на великанот Гоце Делчев. И секако како што и претходно нагласив: македонската полиција нема да дозволи понижување на македонскиот народ!“ порача Спасовски.
Македонија
ВМРО-Народна поддржува амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија упати поддршка за предлог – Законот за амнестија на лицата осудени за настаните од 27 април 2017 година.
„ И претходно ВМРО-Народна партија реагирала на преголемите казни, па сходно на тоа сметаме дека овој предлог-Закон доаѓа во вистинско време, а да притоа не го руши правниот систем на Северна Македонија“ велат од партијата.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор

Антикорупциска утврдила дека Мојсовски и Комисија избрана од Владата, по пат на искористување на службената положба и несовесно работење, заобиколувајќи ги законските процедури извршиле распределби на средства од ваучер системот за финансирање на спортски клубови, со што го оштетиле буџетот на државата. За ова Наумче Мојсовски добил и кривична пријава, што го прави недостоен да ја врши функцијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Во овој систем за кој одлучувал Мојсовски и владина екипа се вртат една милијарда денари и постои основан сомнеж дека ваквите пари не завршувале кај спортисти и клубови според реални критериуми. Постојат индиции дека под сомнителни околности биле доделувани на фаворизирани федерации и клубови, при што силно влијание на изборот имале поединци, па дури и политички партии.
Како тоа вртеле милијарда денари, има сомневање за злоупотреба, а владата на Ковачевски и Ахмети молчат за криминалот. Мојсовски се уште одлучува за пари. Криминалот е принципот на делување и во спортот. Ахмети и Ковачевски се што фатија исушија со криминал и неработа“ се вели во соопштението.
Асот на Ковачевски, Наумче Мојсовски под сомнение за криминал, а уште го чуваат на позицијата директор, и затоа е потребно оставки веднаш, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.