Политика
Иванов му го додели мандатот за состав на нова влада на Груевски

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов во понеделник попладне го врачи мандатот за состав на новата Влада, на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Претседателот на државата е должен во рок од 10 дена од конститутивната седница на Собранието која се одржа на 30 декември, мандатот за состав на новата влада да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието, а рокот истекуваше денеска.
Според членот 90 од Уставот, мандатарот, односно Груевски, „има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог-состав на Владата“.
Груевски во интервју за „Дневник“ изјави дека ќе се обиде да состави Влада, но не по секоја цена.
На предвремените парламентарни извори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број пратенички маднати – 51, СДСМ има 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА освои 2 пратеници. /крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Во Бугарија се спремаат нови документи и условувања

„Продолжуваат капитулациите на македонската дипломатија во односите со Бугарија.
Секој ден нови барања, нови изјави кои ги негираат македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Катадневно пристигнуваат нови и нови шлаканици од страна на бугарски политичари.
И покрај потпишаниот Протокол, кој од Ковачевски и владата беше прогласен како голем успех, како што предупредувавме, повторно во Бугарија се спремаат нови документи и условувања.
За сите понижувања, во договор со бугарските власти, Ковачевски, Османи и Маричиќ за реализација на сите нечесни намери пред граѓаните лажат дека Европската Унија нè принудува на истото.
Секоја ваква изјава е само уште една ноторна лага за спас на политичките кариери и да си купат уште некој ден плус да останат на власт.
Нечесните намери од страна на оваа ненародна власт и властите на Бугарија се асимилација на македонскиот народ и бугаризација, а тоа не е европеизација на државата. Најголеми виновници за секое понижување на државата и македонскиот народ се Ковачевски, Османи и Маричиќ.
ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои на ставот дека нема да има промена на Уставот на Македонија, и покрај сите притисоци од страна на криминалците од СДСМ.
СДСМ и Ковачевски треба да се охрабрат и да прифатат одржување референдум за овој процес со Бугарија. Нека не се плашат да го слушнат гласот на народот за нивните предавнички и погубни политики“.
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ
Македонија
СДСМ: Анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка

Од владејачката СДСМ со реакција за изнесени ставови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Пд партијата велат „анти-ЕУ Мицкоски може веднаш да си даде оставка, потврди дека референдумот е за негова лична внатрепартиска употреба“.
„Христијан Мицкоски да не чека, може веднаш да си даде оставка и да ја напушти политиката, откако му пропаднаа сите обиди да ја закочи и да ја дестабилизира државата. Мицкоски, кој самиот се прогласи за анти ЕУ политичар, уште еднаш потврди дека референдумот кој го најавува, а за кој не ја знае ниту формата, ниту прашањето му е само за внатрепартиска и лична употреба“ велат од СДСМ.
Оттаму посочуваат дека „барањата за референдум, против македонскиот јазик на Мицкоски уследија откако му потонаа сите обиди да ја закочи државата, да ја блокира европската иднина, со крвавите сценарија за дестабилизација и предизвикување етнички конфликт“.
„Мицкоски работи на штета на државните и националните интереси, не може да се помири што почнавме преговори со ЕУ, со заштитен македонски јазик во Унијата и заштитени идентитетски, културни и јазични посебности на македонскиот народ“ е ставот на партијата.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Ќе ја напуштам политиката ако додека сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ биде променет Уставот

Целокупниот процес е предавнички и калкулантски. Македонската дипломатија капитулираше. Предупредував дека ќе се случуваат нови и нови барања од страна на Бугарија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Бутел одговарајќи на новинарско прашање поврзано со најавите на Бугарија дека Македонија треба да потпише нов документ.
Мицкоски потенцираше дека власта за да ги реализира нечесните намери заедно со владата во Бугарија, пред македонската јавност лаже дека така не тераат од Европа иако тоа не е точно.
„Ќе предупредам и на еден процес кој се обидува власта да го води, а тоа е да каже дека Европа така не тера. Не е точно. Не не тера Европа, тука не смееме да потпаднеме на таа провокација од страна на власта, нивната неспособност да ја покријат со барањето дека Европа не тера. Не не тера, Европа има чесни намери и ги отворила вратите за Македонија. Јас верувам во тие намери, но знам кој има нечесни намери, а тоа има владата во Софија и оваа наша некредибилна и корумпирана власт“, изјави Мицкоски.
Нагласи дека затоа ВМРО-ДПМНЕ тука се спротивставуваше и ќе продолжи да се спротивставува на овој процес каде единствената цел е асимилација на македонскиот народ, односно бугаризација.
„Не е тоа европеизација. Затоа сега е првиот браник, а тоа е непроменливоста на Уставот. Иако од власта ќе продолжат со изјави и притисоци дека имало пратеници кои ќе гласаат. Нема такви, по цена на мојата професионална и политичка кариера. Ако гласа некој, ќе си заминам, ќе ја напуштам политиката и никогаш повеќе нема да се занимавам со политика ако јас додека сум претседател, под овие услови биде променет Уставот, изјави Мицкоски.