Политика
Османи: Талат Џафери ќе биде нов претседател на Собранието

Кандидатот на ДУИ Талат Џафери ќе биде нов претседател на Собранието на Република Македонија, тврди портпаролот на ДУИ Бујар Османи.
„Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и поранешен министер за одбрана и затоа сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската претседател на Парламентот во услови на големи дивергенции во институцијата, вели Османи.
Според него, следната недела ќе започне процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се неофицијалните информации кои денеска доаѓаат од Мала Речица, каде ставовите ќе ги судрат двете страни – огнената група и останатото раководство на партијата на чие чело е Али Ахмети. Во просториите на ДУИ пристигна Изет Меџити, Блерим Беџети, Висар Ганиу кои се предводници на „огнените“. Пред нив, дојде и Бујар Османи.
Изет Меџити прашан за што очекува да се разговара на состанокот во Мала Речица, тој кажа: „За ДУИ“.
Главната тема ќе се внатрепартиските прашања.
„За сите прашања кои останаа неразговарани и ќе бидат отворени од претседателството ќе се разговараат. Секое прашање кое ќе биде покренато ќе се разговара“, вели Бујар Османи.
Ова е втор состанок за една недела. Претходниот се одржа минатиот викенд. Незадоволството на „огнените“ е од кадровската политика на партијата, а прст вперија кон Артан Груби и Бујар Османи. Од Ахмети бараат, Груби и Османи да останат без министерските фотелји. Ахмети минатиот месец, на огнените им посочи дека ДУИ е ураган.
Македонија
Демократски сојуз: Неприфатлива е одлуката за енормно зголемување на платите на функционерите

Демократскиот сојуз смета дека одлуката на Уставниот суд, со која се овозможува зголемување на платите на функционерите за 78% е неодговорна, неразумна и неприфатлива.
Од партијата предлагаат да се интервенира во коефициентите, односно да се предложат измени на Законот за платата и другите надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија, со што, како што велат, зголемувањето на платите на функционерите ќе се усогласи со зголемување на платите во сите сектори, како и со зголемувањето на пензиите.
„ Демократскиот сојуз ќе поддржи и ќе биде дел од законско решение, кое ќе ја спречи ваквата неправедна положба и огромна разлика во примањата на функционерите и останатите вработени.
Зголемувањето на примањата како одговор на растечките животни трошоци треба да го почувствуваат сите граѓани, посебно ранливите категории, додека оние кои се избрани и именувани лица треба да обезбедат услови за поквалитетен и подобар живот за сите, а не само за себе“ наведуваат од Демократскиот сојуз.
Македонија
Петрушевски: Барам осуда од СДС за заканите кон мене и претседателот Мицкоски

Само кукавици и плашливци се закануваат во пораки, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски.
„ Еве јавно го повикувам дотичниот Роберт, кој ми се заканува мене, а и на претседателот Мицкоски, дека ќе ни ги ликвидирал нашите семејства, да се сретнеме лично, очи во очи.
Доколку остана некој психички нормален во раководството на СДС, барам осуда и оградување од ваквите закани на нивни членови.
Исто така, барам од Претседателот на државата, г-нот Стево Пендаровски, да ја повлече издадената Благодарница на ваков насилник. Ја повикувам и меѓународната заедница будно да ја следи состојбата со опозициските пратеници и функционери, кои се мета на секојдневни закани, следења и заплашувања со досиеа незаконски водени од функционерите на власта.
Доколку институциите на државата не сакаат да не заштитат, ќе бидеме принудени сами, како знаеме и умееме, да се заштитиме себе си’ и нашите семејствата.
И на крај, да им биде јасно на сите, и по цена на мојот живот, нема да гласам за уставни измени, затоа што немам мандат од граѓаните“ напиша Петрушевски на Фејсбук.