Македонија
Ахмети: Изборот на новата влада според Уставот и Деловникот на Собранието
Локалните избори треба да се одржат во законски предвидениот рок и сега треба да се видат сите околности што треба да се почитуваат, рече претседателод на Демократската унија за интеграција (ДУИ) , Али Ахмети во разговорот за телевизијата на ТВ 24.
Ахмети во петокот вечерта додаде дека одлуката што ја донеле во ДУИ за влегување во влада предводена од СДСМ била едногласна, изјави синоќа за ТВ 24, лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Прашањата за избор на влада во Собранието и за негов претседател ги регулира Уставот и деловникот на Собранието и тие треба да се разгледаат. Сите што ја дале поддршката за новиот мандат тоа го направиле со слободна волја и не верувам дека некој ќе се повлече“, рече Ахмети одговарајќи на прашањето што ако претседателот Ѓорге Иванов не ја смени одлуката и не го даде мандатот на СДСМ.
Истакна дека треба да се разгледаат сите аспекти на Уставот и на деловникот на Собранието во однос на изборот на новата влада.
Ахмети додаде и дека ДУИ не тактизирала кога ја носеле одлуката да поддржат влада предводена од СДСМ, зашто во меѓувреме според него „се воделе дебати по разни прашања“.
„Локалните избори треба да се одржат во законски предвидениот рок во мај 2017 година, и сега треба да се видат сите околности што треба да се почитуваат“, рече Ахмети./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: По две децении, Драчево повторно доби свое кино
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи извести дека по две децении, Драчево повторно доби свое кино.
„Особено ми е драго што иницијативата што ја започнавме пред завршувањето на мојот мандат како градоначалник на Кисела Вода, денес прерасна во реалност. Овој проект беше визија за враќање на културниот живот таму каде што му е местото, меѓу мојот народ. Од денес, таа визија живее“, вели градоначалникот.
„Киното ќе функционира во рамки на Домот на културата во Драчево, простор кој повторно ќе стане собиралиште на уметноста, емоцијата и заедничките доживувања.
Покрај Кисела Вода, сега и драчевчани ќе бидат дел од КИНОВЕРЗУМ и ќе имаат можност да уживаат во најновите филмски достигнувања и најголемите светски хитови, блиску до својот дом.
Филмското искуство повеќе нема да значи патување километри далеку, туку тука – дома. Културата повторно пулсира во Драчево“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улицата Христо Смирненски од бр. 19 до крајот на улицата кон булеварот Партизански Одреди, општина Центар;
· од 08:30 до 14:00 часот, Индустриските објекти на булеварот Босна и Херцеговина, (Фурна – Диме, поранешни магацини – Центро и поранешна фабрика ИГМ), општина Бутел;
· од 08:40 до 09:40 часот, корисниците од дел од улицата Козле, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, ќе дува засилен ветер од северен правец
Променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h), особено во источните делови и во Пелагонија. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во четврток утрото ќе биде ведро и студено, насекаде со негативни минимални температури. Во текот на ноќта кон петок и во петок ќе има нови врнежи, во пониските места од дожд, на повисоките од дожд и снег, а на планините од снег. Потоа во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и постудено со умерен до засилен северен ветер. Од понеделник дневната температура ќе биде во пораст.

