Македонија
Бектеши: Ги каниме академската и граѓанската заедница да го избереме албанскиот премиер
Време е за премиер Албанец. Веќе сме истакнале дека за нас, како ДУИ, ова барање е поголемо од секоја партија и секоја личност. Ова е над националната кауза, од посебна важност за целата албанска заедница и целата земја, порача Фиснике Бектеши, кандидат за пратеник на ДУИ во 6. изборна единица.
„Првиот премиер Албанец треба да биде премиер на сите. Тој или таа не треба да претставуваат само една политичка идеологија, туку за сите Албанци и за сите други граѓани во Северна Македонија подеднакво.
Со вистинскиот премиер Албанец имаме за цел да ја оставиме во минатото старата епоха и да почнеме нова политичка епоха во која потребите на граѓаните ќе бидат пред партискиот интерес. Со еден премиер Албанец, независен и консензуален, кој нема да ѝ служи на ниту една партија, туку само на граѓаните.
Целејќи кон консензуален премиер Албанец ги повикавме академците, ректорите, професорите, албанските организации не само да ја поддржат каузата туку и да дискутираат и да се договориме за идеалниот кандидат за оваа позиција, која е најважната позиција во државата.
Веруваме дека заедно можеме да ја напишеме историјата и да ја смениме политиката на подобро во Северна Македонија. Заедно со вас и со првиот премиер Албанец.
Посакуваме сериозно да ги вклучиме цивилното општество и нашата академска заедница во изборот на консенсуален кандидат. Поради ова причина, ДУИ и лидерот Али Ахмети контактираа со албанските институции, универзитетите, НВО-та, претставниците од економијата и другите претставници на цивилното општество, за да се советуваат во врска со можните кандидати и нивните барања за профилот на тие кандидати.
Завчера ги повикавме албанските политички партии да ни се придружат веднаш по завршување на изборите, а вчера ги повикавме и македонската и другите заедници да ни се придружат“, истакна Бектеши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Законот за високо образование нема да биде повлечен, јавнaта расправа продолжува
Министерката за образование и наука Весна Јаневска на пленарна седница изјави дека нема да го повлече нацрт-законот за високо образование.
Таа посочи дека во моментов се одржуваат јавни расправи на сите универзитети и дека нацрт-текстот е објавен на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што сите засегнати страни можат да достават коментари.
На прашање од пратеничката од СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која изнесе забелешки, Јаневска одговори дека законот е „за добробит на сите“ и дека реакциите не можат да се генерализираат.
Според министерката, предлог-законот е усогласен со европски и светски стандарди и предвидува подобрување на студентските права, двегодишен мандат за универзитетските тела, можности за ангажман на демонстратори и вработување на студенти на проекти, како и поддршка за најдобрите студенти.
Јаневска нагласи дека членот 13 се однесува на заштита на автономијата на универзитетите и дека во изработката на текстот учествувале над 60 професори.
Македонија
Гаши во Стејт департментот: Верската хармонија во земјава како модел за општеството
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со Мајкл Дозлер, раководител на Одделот за европски и евроазиски прашања во Канцеларијата за меѓународни верски слободи, како и со други претставници во Стејт департментот на САД.
За време на средбата, претседателот Гаши нагласи дека нашата земја ужива верска хармонија, која треба да служи како модел за унапредување на другите општествени односи. Беше дискутирано за важноста на толеранцијата и негувањето на верските вредности, а воедно и зачувувањето на секуларниот карактер на државата.
Дозлер изрази благодарност за моделот на хармонија што постои во земјата и нагласи понатамошна поддршка за иницијативите што промовираат мир и соработка.
Меѓу другото, беа дискутирани и искуствата и средбите одржани за време на последната посета на претседателот во Вашингтон (февруари 2026 година), каде што Гаши изрази благодарност за меѓудржавната соработка и партнерство.
Македонија
Гоце Наумовски стана нов уставен судија
Собранието со 63 гласа „за“, седум „против“ и без воздржани го избра професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, по што тој даде свечена изјава дека функцијата ќе ја извршува совесно, одговорно и во согласност со Уставот и законите.
Наумовски е редовен професор по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје.
Доаѓа на местото на судијката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, која во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд, поради здравствени и лични причини.

