Македонија
ВМРО-ДПМНЕ со докази до ОЈО за нелегалноста на тендерите на „Струмица гас“
Претсавници од партијата ВМРО-ДПМНЕ, во понеделник до основното јавно обвинителство доставија документација, од која според нив, се гледа дека тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“се незаконски.
„Тендери на јавното претпријатие „Струмица гас“ кои Зоран Заев му ги даваше на неговиот сопартиец, претседател на партиската комисија за енергетика Митко Андреевски. Вака СДСМ подразбира транспарентна тендерска постапка. Секоја јавна набавка да завршува во нивните партиски џебови. Затоа Струмица нема гас и затоа струмичани плаќаат астрономски цени за гасот.Денес сме тука за да ги доставиме доказите за овој криминал до надлежното јавно обвинителство“, рече Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.
Обвини дека со криминалот поврзан со гасот во Струмица на јавното претпријатие само со последниот тендер од 2016-та година му е направена штета од 700.000 евра.
„Како што може да се види од целокупната документација која ја доставуваме до јавното обвинителство, фирмата СИ ЕН ЏИ СИСТЕМС од Скопје не ги исполнува условите за учество и за добивање на тендерот за гас на јавното претпријатие Струмица Гас. Единствениот услов што го исполнува фирмата СИ ЕН ЏИ СИСТЕМС е тоа што нејзиниот сопственик Митко Андреевски е претседател на партиската комисија за енергетика на СДСМ и близок пријател на Зоран Заев“, рече Пишев.
Појасни дека аргументите на Митко Андреевски дека неговата фирма соработувала со извесна фирма Галилео СА е уште еден доказ последниот тендер на Струмица гас е незаконски. Овој економски оператор не е регистриран во Електронскиот систем за јавни набавки./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

