Македонија
Зекири нападнат од обезбедување на Мијалков, овој негира
Пратеникот од СДСМ, Мухамед Заекири вели дека во сабота вечер бил нападнат од обезбедувањето на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, која пак преку соопштение ги демантира таквите наводи.
Зекири за медиумите изјави дека додека тој со пријатели бил во кафуле во Градскиот трговски центар дошло едно лице и им рекло да го напуштат веднаш локалот бидејќи имало приватна забава.
„Се обидов на лицето да му објаснам дека имаме резервирано маса, но тој ја преврте. Потоа почнаа со туркање да ме вадат надвор, а забележав дека во локалот е Мијалков. Едно од лицата извади полициска значка, а друг од зад мене ме удри. Јас и пријателите излеговме и случајот го пријавив во полиција”, изјави за „Либертас“ Зекири.
На својот профил на социјалната мрежа Фејсбук тој напиша дека и по неколку часовен престој во полициската станица Беко не успеал да даде изјава затоа што дежурниот полицаец, како што пишува, се плашел да ја напише неговата изјава затоа што го спомнал името на Мијалков.
Од ВМРО-ДПМНЕ пак, испратија демант во име на Сашо Мијалков во кој се вели дека иозјавата што ја дал Мухамед Зекири е целосна лага и клевета.
„Најостро ги демантирам манипулациите дека некој од моето обезбедување го нападнал. Доколку во најкус можен рок не се извини, против него и против медиумите кои шират вакви дезинформации ќе следуваат тужби“, вели Мијалков преку соопштението./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

