Контакт

Политика

Трајковски: СДСМ да се огради од изјавите на Заев

Објавено пред

Прашањето на заштита на националните интереси и одбрана на Република Македонија е егзистенцијало прашање, прашање на опстанок на македонскиот народ. Тоа никогаш не било и нема да биде прашање за пазарење, поврзано со избори или какво било прибирање на ситни политички поени.

dobivaj vesti na viber

Ова во недела на прес конференција го изјави Тони Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ, при тоа додавајќи дека одбраната на националните интереси за неговата партија секогаш било и ќе остане врвен приоритет, без разлика дали има избори или нема.

„Тоа што СДСМ го стори вчера во соопштение до јавноста беше признание дека редефинирањето на уставот, воведувањето двојазичност и федерализација партијата го третира како предизборен проект ветен во замена за неколку стотици албански гласови. Тоа што СДСМ го стори вчера беше потврда за срамните ветувања кои аболицираниот Зоран Заев ги даде пред албанската дијаспора во Швајцарија“, рече Трајковски.

Според него, СДСМ побарало граѓаните на Република Македонија да не дознаат, односно да не бидат информирани за пазарењето со највисоките национални интереси од страна на нивниот лидер, аболицираниот Зоран Заев.

„СДСМ побара медиумите да не известуваат дека аболицираниот Заев пред албанската дијаспора призна дека тој бил човекот што храбро го отворил прашањето на двојазичноста и храбро одлучил да поставува двојазични табли на штабовите на СДСМ. СДСМ им се закани на медиумите да не објавуваат дека аболицираниот Заев на албанската дијаспора и вети дека рамката на Охридскиот договор не била доволна и дека тој ќе ја проширувал, на линија на ветувањата за менување на Уставот. СДСМ вчера побара до граѓаните да не стигне информацијата дека Зоран Заев ја обвини Македонија дека во нас е проблемот за сите отворени спорови со соседите, вклучувајќи го и спорот за името со Грција“, рече Трајковски.

Тој ги повика членовите на СДСМ да се оградат од изјавите на Заев. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Лагите на Љутков и ДПМНЕ се параван за покривање на неговите хонорари и хонорарите на неговата сопруга

Објавено пред

Овие денови јавноста сведочи колку ревносно претседателот на комисијата за култура на ДПМНЕ клевети млади уметници и манипулира за проектите кои ги поддржува надлежното Министерство за култура. Лагите на Љутков и ДПМНЕ се всушност параван, очаен обид за покривање на неговите хонорари и хонорарите на неговата сопруга за наводно „патриотски проект“ кој е финансиран во неколку општини под капата на ДПМНЕ. Без јавен повик во овој проект е ангажиран ни повеќе ни помалку лично тој и неговата сопруга Маја, регираат од СДСМ на вчерашната прес конференција на Зоран Љутков од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– Љутков треба да излезе пред граѓаните и да одговори зошто немало јавен повик на кој е избран баш за овој проект? Како тоа општини под капата на ДПМНЕ се сeтија САМО на Љутков како претседател на комисија на ДПМНЕ и на неговата сопруга? Кои се условите што ги исполнува САМО тој и неговата сопруга? Нема ли и други кои Македонија ја носат во срце или само тој со сопругата се тие? Колку искуство има продукцијата за организација на вакви “патриотски” настани? Колку пари му требаат на Љутков за да си го нахрани лажниот патриотскиот дух, односно џебот? На крај дали и Рацинови треба да ги уништи за нови парИ преку едно од многуте здруженија? Јавноста очекува одговори од Љутков и ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски за случувањата во АА: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се директно вклучени, ние не се мешаме во внатрешните работи на политичките партии

Објавено пред

Ние не се мешаме, седиме на страна, бидејќи непримерно е тоа што го прават СДСМ и ДУИ кои директно се вклучени во случувањата во Алијанса на Албанците, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање како ги коментира случувањата во Алијанса на Албанците и додаде:

dobivaj vesti na viber

Навистина сум шокиран од таквото однесување од страна на првенците пред се од ДУИ и СДСМ, но тоа е нивна работа.

Претседателот Мицкоски нагласи дека тој и ВМРО-ДПМНЕ не се мешаат во внатрешните работи на останатите политички партии како што не сака другите партии да се мешаат во внатрешните работи на ВМРО-ДПМНЕ.

Ние како што не сакаме никој да се меша во внатрешните работи во ВМРО-ДПМНЕ, така и ние не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на другите политички партии, дециден е тој.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мицкоски: Законите со кои се овозможува градење на фотоволтаици во Источна Македонија се голема катастрофа која ја подготвува владата за генерациите кои не се родени

Објавено пред

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во општина Бутел запрашан како ги коментира 4-те закони со кои се овозможува градење на фотоволтаици во Источна Македонија посочи дека тоа е една голема катастрофа која што ја подготвуваат од страна на владата и на генерациите кои што не се родени.

dobivaj vesti na viber

-Тоа е една голема катастрофа, која што ја подготвуваат од страна на владата на Македонија и на генерациите кои што се неродени. Таму на пример имате фотоволтаици кои што се преименуваа во агрофотоволтаици, термин кој што го продаваат како нов, а кој што е познат веќе неколку децении. Инвестиции кои што се целосно увозно компонента, инвестиции кои што не се трудоинтензивни, инвестиции кои што ќе влијаат негативно врз стоковата размена на Македонија со странство, нема да има додадена вредност за македонската економија, се гарантира откупот на цената со одредена цена на електричната енергија. Ниту една друга електрана во која што инвестираат македонски компании не и е гарантиран откупот, не знам што се толку посебни оваа француска компанија и бугарска компанија, дали можеби има нешто друго кое што не го знаеме, потенцираше Мицкоски.

Тој исто така порача дека би било добро такви инвестиции на Македонија да види и во Бугарија и во Франција, кои под истите услови би инвестирале на толкава голема земја по загарантирана цена.

-Јас тоа го кажав на трибината, еве бидејќи тие компании велат дека и мислат добро на Македонија со овие инвестиции, јас би сакал исти такви инвестиции да видам на Македонија во тие земји, и во Бугарија и во Франција, па и ние нешто добро да направиме и за Бугарија и за Франција. Зошто само тие да прават добро за Македонија, еве и ние нешто добро да правиме под истите услови, македонските компании да може под истите услови да инвестираат на толкава голема земја, земјоделско земјиште, фотоволтаици и во Франција и во Бугарија по загарантирана цена, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Пендаровски ќе биде претседателскиот кандидат на СДСМ, партиските тела ќе го гласаат на трети март

Актуелниот претседател Стево Пендаровски влегува во претседателска трка, извори од СДСМ потврдија за Макфакс. Оваа одлука на трети март ќе...

Македонија6 часа

Таравари сака претседателот да се избира во Собрание, а не на избори: „ДУИ да ја поддржи мојата кандидатура“

Кандидатот за претседател на Македонија од страна на албанскиот опозициски блок, Арбен Таравари ги објави целите поради коишто се вклучил...

Македонија7 часа

Стевчо Јакимовски кандидат за претседател на Македонија

Актуелниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, ќе биде кандидат за претседател на Македонија, на предлог на неговата партија, ГРОМ....

Македонија8 часа

Гордана Силјановска-Давкова се пријави за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, ќе се одлучува на 2 март

ВМРО-ДПМНЕ објави дека на јавниот повик за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните претседателски избори пријавена е професорката Гордана Силјановска Давкова...

Македонија9 часа

Швајцарија дозволува движење со старите пасоши, а Босна не ги признава ниту старите лични карти, рече Османи

Државите самите одлучуваат како ќе се однесуваат во однос на валидноста на македонските пасоши, појасни министерот Бујар Османи. Одговарајќи на...

Македонија10 часа

„ФЗО ниту беше известен, ниту учествуваше во организацијата за транспортот со хеликоптер“, се огласија од Фондот за Леонид

Од ФЗОРСМ се огласија преку зоопштение и велат дека од првиот момент со внимание го следат случајот на Л.И. од...

Топ11 часа

Повторно дете нападнало дете во училишен двор во Карпош – случајот е во рацете на полицијата

Мајка од Скопје пријавила во полицијата дека пред два дена, околу 21.40 часот, син ѝ бил нападнат во училиштен двор...

Македонија11 часа

„Ахмети ќе ја соопшти големата вест“ – ДУИ најави обраќање во живо на „Фејсбук“

Демократската унија за интегрцаија (ДУИ) објави дека утре во 11 часот, партискиот лидер Али Ахмети ќе им се обрати на...

Топ11 часа

Брат пукаше во сестра си и во нејзините два сина во Куманово – две од лицата починаа

Три лица беа застрелани, а двајца починаа во кумановското село Габреш. Според информациите од МВР, зад убиствата стои Д. Ѓ....

Македонија12 часа

Костадиновска-Стојчевска: Да се поништи конзерваторското решение за зградата кај Воената болница

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, за изградбата на висококатницата до „Воена болница“ во Скопје, информираше дека го добила Извештајот од...

Македонија14 часа

Цените за катастарските услуги удрија по џебот на граѓаните: поскапувањето не е 300 отсто, туку 90

Според претседателот на Комората на трговските друштва за геодетски работи, Никола Рибароски, најновите поскапувања на тарифниците на Агенцијата за катастар...

Македонија14 часа

Вкупно 56 потврдени случаи на голема кашлица, во следните недели се очекува зголемен број кај повозрасните

По денешниот редовен состанок на Комисијата за заразни болести, претседателот Александар Петличковски рече дека состојбата со големата кашлица е под...

Македонија15 часа

Ковачевски се извини: Ги прифаќам сите реакции, не сакам да дојде време да се случува она што се случуваше до 2016

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, присуствуваше на почетокот на градежните работи на објектот Универзална сала, каде повторно им се извини...

Македонија17 часа

„Мицкоски опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога“, велат СДСМ

„Мицкоски постојано е опкружен со луѓе поврзани со скандали со дрога. Пред неколку месеци претседателот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски и...

Македонија18 часа

„И во последните денови од владеењето власта е брутална, сега си играат со судбината на Леонид“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Со СДС и ДУИ секојдневно тоне се, а цената дури и на последните денови од нивното владеење е висока, чини...

Свет19 часа

Кина остро ги критикува САД поради ставеното вето на резолуцијата за прекин на огнот во Газа

Кина остро ги критикуваше САД дека ставија вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН со која се бара...

Европа20 часа

Западните лидери го обвинија Путин за смртта на Навални, Трамп не: „Можеше да остане настрана“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се...

Свет20 часа

Ники Хејли: Трамп е премногу стар

Кандидатката за републиканска номинација Ники Хејли вети дека ќе ја продолжи својата претседателска кампања, велејќи дека нема намера да се...

Регион20 часа

(Видео) Протест во Албанија, фрлени „молотови коктели“ врз зградата на владата: „Го рушиме режимот на Рама“

Демонстрантите од опозицијата вчера фрлаа молотови коктели и камења врз зградата на албанската влада, обвинувајќи ги владините претставници за вмешаност...

Европа1 ден

Лукашенко: Десетици илјади војници на НАТО се распоредени во близина на Белорусија и Русија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека загриженоста за можниот почеток на Третата светска војна е целосно оправдана, пренесува руската...