Контакт

Политика

ФРОДЕМ: Не е добро да се потценува народот

Објавено пред

ФРОДЕМ констатира дека врхушката на режимот поприлично се изнамачила при составувањето на пратеничките листи.

dobivaj vesti na viber

„Некои од осомничените за тешки кривични дела си обезбедија времена заштита под „чадорот“ на пратеничкиот имунитет, ама поголемиот дел едноставно „извисија“. Дали е тоа резултат на некаков внатрешен договор, „купи-ден“ тактика, политика, или нешто трето, воопшто не е битно. Секаде, и во животот и во политиката, лажното единство порано или подоцна напукнува и потоа забрзано се раздробува. Сѐ има почеток и крај! А наивните и незгрижени пониски ешалони нека му ја мислат кој доаѓа на ред за извисување“, се вели во соопштението од ФРОДЕМ.

Понатаму се додава дека „папагалските, веќе видени и чуени, режимски повици за освојување 63 пратенички места народот ги доживува како изгребана плоча, напукнато ЦД, кое упорно врти па врти и заглавува на истиот рефрен. Во одзаглавувањето најмалку може да им помогне лаењето на запенетите, пропагандни платеници. Реално, само малкумина измеќари од пониските кандидатски места пак ќе добијат „седмица на лото“. И пак, по којзнае кој пат, единствената задача во пратеничкиот мандат ќе им биде дигањето два прста. На сметка на банкротираната демократија и за жал на киднапираната вистина.
Но, режимот не е осамен во нереалните, евтини пропагандни пораки. Еве и Коалицијата ВМРО за Македонија не сака да чуе за помалку од 15 пратенички места. На нивната Конвенција, за жал проследивме и двосмислени манири и пораки, какви десет години се изнаслушавме“.

„ФРОДЕМ ја повикува Коалицијата „ВМРО за Македонија“ да покаже искреност кон гласачите и политичка коректност кон сите десничарски субјекти кои се борат за неопределените и разочарани гласачи. Взаемното уважување во доследната борба за демократија е единствениот здрав патриотски однос. Македонија конечно треба да си даде шанса. Освен ако сето ова не е обичен политички панаѓур, после чиј фајронт, приврзаниците ладно ќе ги разотидеме „по дома“, со наведнати погледи и завиткани патриотски знаменца во изморените од мафатење раце“.

Од ФРОДЕМ додават дека не е добро да се потценува народот и во истовреме да се критикува зошто бил таков, самопотценет, зошто бил под ретро, екс влијанија.

„Не е добро да се прават непринципиелни договори за непринципиелни коалиции. Оти, судбината возвраќа. Колективната меморија хировито се ресетира, па долгиот политички стаж често знае да се памети по направените грешки, а многу, многу помалку по успесите. Секако доколку ги имало и биле поголеми од неуспесите. Како и да е, тркалото на историјата врти напред, не назад. Понекогаш застанува, ама секогаш продолжува“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ. /крај/со/мф

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија58 минути

Работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ во честитката за 1. Мај

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на нови економски политики и подобрување на стандардот, работниците се темелот за иднината на Македонија, велат од...

Свет2 часа

Шефот на Пентагон му се закани на Иран: Знаеме точно што правите, ќе се соочите со последици

Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го предупреди Иран дека ќе се соочи со последици за поддршката на Хутите, група...

Свет2 часа

Америка и Украина го потпишаа долгоочекуваниот договор за минералите

Вашингтон и Киев го потпишаа долгоочекуваниот договор за природните ресурси на Украина по неколкумесечни напнати преговори. Иако деталите од договорот...

Македонија2 часа

Колони возила и утрово на граничниот премин со Грција

Големи колони има и утрово на граничниот премин со Грција, на излез од државата. Од АМСМ велат дека времето на...

Топ14 часа

По четири години поминати во бегство фатен затвореник од Идризово

Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот....

Македонија18 часа

Поддршка од министерот за правда за Пандов чијашто куќа беше запалена: „Случајот бара одлучна акција“

Министерот за правда Игор Филков најостро го осудува палењето на куќата на директорот на Управата за извршување на санкции, Александар...

Македонија18 часа

Кирков: Вработените во ЗОО последно земале февруарска плата

До Стефан Кирков, којшто е член на Советот на Град Скопје, пристигнала молба од вработените во скопската Зоолошка градина и барање...

Македонија20 часа

ССМ утре на протест со истото барање како и лани: Протестираме за најмалку 500 евра минимална плата

Исто како и на ланскиот првомајски протест, и оваа година Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика работниците и...

Македонија21 час

Незаконски и неуставно е одобрението за отворање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во Кондово, одлучи Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја укина одлуката за давање одобрение за основање на приватното средно училиште „Медресеја Иса Беу“ во село...

Македонија21 час

(Фото) Злато, сребро, лаптопи, велосипеди и друга стока запленети од Царинската управа при откриени обиди за шверцување

Царински службеници на граничен премин Богородица спречија обид за криумчарење на сребрен накит во вредност од 430.880 денари. Сребрениот накит...

Македонија22 часа

Димитровска: Осомничениот ми е семеен пријател, разговорите не се поврзани со „Адитив“

Петседателката на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, вели дека еден од осомничените од случајот „Адитив“, во кој и...

Топ24 часа

50-годишник од Охрид повеќепати силувал малолетничка, која се породила во март годинава

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 50-годишниот С.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување...

Економија1 ден

Вонреден состанок на Божиновска и Бислимовски: МЕПСО може да исклучува фотоволтаици за стабилен систем за 1 Мај

По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа...

Македонија1 ден

„Дали криминалот во „Глобал“ тежок 8 милиони евра, за кој Заев беше амнестиран, е дело на кое Филипче се воодушевува и од кое народот треба да учи“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Владеењето на Зоран Заев, како на локално, така и на централно ниво беше проследено со криминални и корупциски скандали. Во...

Македонија1 ден

СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот

„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да...

Македонија1 ден

„Влен“: По 22 години измама, носиме канализација во Зајас на Али Ахмети

„Кичево, градот што беше заборавен од минатите влади повеќе од две децении, денес се враќа на мапата на сериозни инвестиции...

Свет1 ден

(Видео) Кина објави драматична снимка со порака до САД: „Нема да потклекнеме“

Министерството за надворешни работи на Кина објави драматично видео на социјалните мрежи како директен одговор на политиките на американскиот претседател...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Златната доба на Америка доаѓа; УПС: Ќе поделиме 20.000 откази поради царините

Американскиот логистички гигант УПС вчера објави отпуштање на околу 20.000 работници и затворање на повеќе од 70 објекти низ САД,...

Европа2 дена

Човек на Трамп: Предлогот на Путин е апсурден

Кит Келог, специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија, го отфрли предлогот на рускиот претседател Владимир...

Македонија2 дена

Партиите од ВЛЕН отсега ќе делуваат како еден политички субјект

Коалицијата ВЛЕН известува дека „денес е направен првиот чекор кон целосно политичко обединување, со заедничка визија и обединета структура, како...