Контакт

Политика

Интензивно се гради стадионот под „Тумбе кафе“

Објавено пред

Проектот за изградба на стадионот под Тумбе кафе продолжува да се реализира со голем интензитет.

Базичната форма на новиот објект „Фудбалски стадион за 12.000 гледачи“ има форма на арена, а северната трибина на која што се одвиваат градежните активности во моментот е со капацитет од 4.764 гледачи. Трибината се полни низ седум излези на трибини, односно седум сектори кои се поврзани помеѓу себе со внатрешен ходник. Трибината е организирана во 19 – 21 ред со 4.618 места за посетители, 146 места за почесни гости, кабини за новинари (12), кабини за коментатори (2) со 8 места.

Подтрибинскиот простор на северната трибина е распределен на три нивоа, додека четвртото ниво е над самите трибини, односно претставува дел од трибинскиот простор, бидејќи се наоѓа во негово продолжение. Типот и организацијата на просториите е во согласност со пропозициите на УЕФА и програмските барања на инвеститорот – Општина Битола, а со цел правилно функционирање на фудбалскиот стадион.

После завршувањето на изградбата на северната трибина и реконструкцијата на јужната, ќе се пристапи на реализација на останатите фази од проектот, односно изградба на западната и источната трибина. Западната трибина собира 1.234 гледачи, а истата се полни низ два излеза на трибини, т.е два сектори со редни броеви 1 и 2.

Источната трибина собира 1.234 гледачи и истата се полни низ 2 излези за трибини т.е оваа трибина има два сектори со редни броеви 10 и 11.

Проектот кој веќе се реализира е изработен согласно интересот и барањата на голем број заинтересирани граѓани, спортисти, навивачи, претставници од училишниот спорт и спортските клубови, кои присуствуваа на јавните презентации, организирани во процесот на изработка на проектот за изградба на стадион под Тумбе кафе.

ГП Гранит интензивно работи согласно предвидениот динамички план, а вредноста на оваа фаза од реализацијата изнесува над 5 милиони евра и истата треба да биде реализирана за помалку од две години. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Објавено пред

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија.

На шпекулациите дека Црвенковски ќе се здружи со незадоволните членови на СДСМ во нова партија, Заев вели дека треба новинарите да го прашаат поранешниот претседател.

„Претседателот Црвенковски не може да биде друго освен СДСМ, затоа не верувам во вакви приказни кои се присутни во јавноста дека тој ќе формира нова партија, но дефинитивно треба да го прашате. Тој беше претседател на партијата долг период, претседател на државата. Верувам дека шпекулациите како и за многу други работи се присутни. СДСМ покажа сериозно единство и во време на опозиција и преземање на власта. Нашата намера е така да продолжиме. Ние на овие избори повторно ќе настапиме со единство, ќе ги избереме најдобрите кандидати. Граѓаните очекуваат да ги препознаеме вистинските ликови за да ги номинираме. Внимателно слушаме, истражуваме преку анкети“, рече Заев.

Тој додаде дека во СДСМ секогаш имало различни мислења, како и дека некогаш се прифаќаат предлозите на членовите, некогаш раководството ги повлекува предлозите бидејќи не се прифатени од членовите, а сè со цел да се чуе сечие мислење и да се спроведе тоа што е најдобро.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вархељи: Се грижиме за Северна Македонија и за Западен Балкан

Објавено пред

Еврокомесарот Оливер Вархељи изрази задоволство за успехот за испорачување на првите вакцини обезбедени од Европската Унија за што, како што истакна, не било лесен процес, но е резултат на напорната работа на Европската Унија, притоа изразувајќи посебна благодарност за ангажирањето на австриската влада.

„Со ова покажуваме дека се грижиме за вас, за Северна Македонија, и тоа ми е поентата, да истакнам дека ние како Европска Унија се грижиме и сме покрај Западен Балкан, односно Северна Македонија од почетокот на самата пандемија и ќе продолжиме да бидеме покрај вас, ќе продолжиме и со другиот дел на вакцините“, рече Вархељи оценувајќи дека ова е почеток и изрази надеж дека процесот на вакцинација ќе биде целосно заокружен.

Тој рече дека речиси 120.000 вакцини целосно финансирани од ЕУ како подарок се одобрени за Република Северна Македонија и ќе бидат испорачани до крајот на август со цел што побргу да се надмине пандемијата.

Вархељи истакна дека вакцинацијата ќе обезбеди растоварување на здравствениот систем и олеснување на товарот што го сносат медицинските лица цело време додека трае здравствената криза.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Костовски: Мандатот на Смилевски помина во лага и неспособност, без реализација на еден проект

Објавено пред

Општина Бутел е целосно заборавена општина. Поминаа четири години од мандатот на градоначалникот во обид, Велимир Смилевски. Четири години лаги и класична неспособност на дело, обвини пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

Тој нагласи дека Смилевски предизборно ветувал десетина покрупни проекти за општина Бутел, а од нив немало ниту трага.

„Од таму нема ниту логика да зборуваме за процент на реализација на неговата предизборна програма. Одговорно тврдам Смилевски нема реализирано буквално ништо од ветеното“, рече Костовски.

Ветената поликлиника, како што додаде, ќе остане една од поголемите лаги во историјата на општина Бутел, а ветените гасификација и парно греење, според Костовски, се класични политички измами што граѓаните нема да му ги простат.

„Смилевски вети нови детски градинки, паркови, плоштади, спортски комплекси, уредување на коритото на реката Серава, противпожарен пункт, нова полициска станица, сето наведено од ветување прерасна во безобразна политичка лага, која максимално го спушти стандардот за локални избори во нашата општина Бутел. Градоначалникот во обид, Велимир Смилевски, во населените места Бел Камен и Кучевачка Бара вети канализација, а во селото Љуботен, Велимир Смилевски заедно со својот шеф Зоран Заев на еден собир сурово ги прелажаа мештаните и ветија дека прв приоритет ќе им биде поставување водовод во селото. Секако, ништо од тоа“, изјави Костовски.

Тој посочи дека Општината за четири години потрошила речиси 2 милиона евра за непотребни, непродуктивни привремени вработувања и со тоа е државен рекордер по привремени вработувања.

„Жителите на Бутел знаат дека еден градоначалнички мандат не смее да се сведе на асфалтирање неколку улички, променување улични светилки и пребојадисување училишни огради. Токму затоа многу бргу граѓаните на општина Бутел непосредно ќе ги казнат СДСМ и Смилевски како најнеспособна комбинација која владеела со општина Бутел. Овие залудно потрошени 4 години ќе мора да се вратат со многу добар план, многу работа и чесност“, порача Костовски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија3 часа

Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна, побаравме зголемување на групите

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, се сретна со претставнички на мајките коишто се на породилно отсуство. На...

Македонија4 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија4 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет5 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион5 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет5 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет5 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија7 часа

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион18 часа

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет19 часа

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет19 часа

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија20 часа

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија22 часа

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа24 часа

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија1 ден

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија1 ден

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет1 ден

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Македонија1 ден

ИЈЗ: Намален бројот на новозаболени и починати од коронавирус

Во периодот од 26 април до 2 мај е регистриран намален број на новозаболени и починати од коронавирус во Македонија...

Македонија1 ден

Во Македонија досега се вакцинирани повеќе од 76.000 луѓе

Во Македонија досега се вакцинирани 76.937 граѓани, а две дози примиле 15.334 луѓе, соопшти Институтот за јавно здравје. Вакцинацијата во...

Досие