Контакт

Политика

Милошоски: Ќе продолжиме со изградба на нова спортска инфраструктура

Објавено пред

Нов спортски комплекс кој што би бил од поголеми размери со ватерполо базен, спортска сала, гимнастичка сала, како и сала за боречки вештини, најави во понеделник во Битола Антонио Милошоски носител на ИЕ 5 од Коалицијата за подобра Македонија.

„Но нема да застанеме тука и на спортските клубови и федерации ќе им овозможиме 3 проценти од приходите кои што ги имаат обложувалниците да се слеваат во спортските федерации и да бидат нивна поддршка за финасии, а второ според законски норми да овозможиме на стопанствениците кои што ќе сакаат да инвестираат во спортот да бидат ослободени од данок на добивка во висина од 50 проценти на донацијата со што сметаме дека ќе им ја овозможиме финансиската рамка за да можат посебно групните спортови да опстојуваат и да напредуваат“, истакна Милошоски.

Тој потенцираше дека на тој начин смета дека Македонија ќе има една системска политика кон спортот. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Мицкоски: Обични службеници добија минимални казни за да се заштити криминалот на власта во аферата „Мафија“

Објавено пред

Коментирајќи ги пресудите за случајот со лажните пасоши, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, реагира преку социјалните мрежи.

„Кога ја објавив аферата „Мафија“, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Кога ја објавив аферата мафија, Спасовски и Заев рекоа дека сум направил саботажа. Денес, кога за тоа што над 200…

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 05 мај 2021

„Денес, кога за тоа што над 200 криминалци од Шкаљарскиот клан, турската, албанската мафија, ИСИС, италијанската Ндрангета имаат македонски пасоши кои не се поништени, судството на Заев суди по само 2 години затвор, никаде ги нема да кажат збор. Затоа што овие службеници треба да бидат топовското месо за да се заштити криминалот на власта“, стои во напишаното од Мицкоски.

„Договорена работа и голем срам! Одговорност ќе има веднаш по смената на власта“, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николоски и Ѓорчев на онлајн-конференција во организација на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ

Објавено пред

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, и меѓународниот секретар и член на ИК, Владимир Ѓорчев, ја следеа онлајн-конференцијата во организација на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ со наслов: „Зацврстување на трансатлантското партнерство ориентирано кон иднината“, известуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според писмениот допис од оваа партија, на конференцијата се разговарало за зацврстување на соработката помеѓу Европа и САД и биле презентирани размислувања за иднината на трансатлантското партнерство со САД како земја партнер на земјите од Европа. На конференцијата се дискутирало и биле донесени заклучоци за иднината на партнерството во наредните четири години и методите преку кои ќе се зацврсти соработката во иднината.

Онлајн-конференцијата беше отворена од канцеларката Ангела Меркел, Ралф Бинкхаус, координатор на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ, како и заменик-координаторот на пратеничката група, Јохан Давид Вадефул.

На онлајн-конференцијата учество зедоа и Хедер Конли – потпретседател и директор на програмата за Европа, Русија и Евроазија на Центарот за стратегиски и меѓународни студии, Јурген Хард – портпарол за надворешна политика на пратеничката група на ЦДУ-ЦСУ, и Петер Бејер – координатор за трансатлантска соработка во Федералното министерство за надворешни работи, планирано е и обраќање на пратеникот на ЦДУ – Рејнхард Брандл, кој е претседател на работната група за надворешна политика и одбрана во Бундестагот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Објавено пред

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот совет на Кривичниот суд на Денис Баруфи му изрече 2,7 месеца затворска казна, на Ален Личини му изрече 2,3 години казна затвор, на Ѓорѓе Велков му изрече две години затвoрска казна, а на Фарух Беља му изрече 2 години условна казна затвор.

Сите овие лица се вработени во управните служби на МВР. На обвинетата Наздрие Зековиќ, која од здравствени причини не беше присутна на судењето, а преку адвокатот се изјасни како виновна, ќе ѝ биде изречена казна на наредното рочиште.

„Обвинетите, за да обезбедат материјална корист, изработувале лажни патни исправи за претходно креирање двојни идентитети користејќи податоци на лица што имаат право, но никогаш не побарале и не стекнале македонска патна исправа. Ваквото постапување довело до загрижувачки последици, односно издавање патни исправи на лица со криминално досие, лица што биле барани со меѓународни потерници за тешки кривични дела, со што овозможиле слободно преминување на државните граници“, рече судијката Оља Ристова.

Обвинетите Фарук Буки, Весна Колевска, Оливера Софрониевска, Бранислава Владичевска и Шемседин Јашари рекоа дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар по што постапката за нив беше раздвоена и продолжува на 7 мај годинава.

Во случајот обвинети се 11 лица, од кои десетмина вработени во одделението за управни работи во МВР се товарат дека го сториле кривичното дело продолжена злоупотреба на службената положба и овластувањето, а едно лице е обвинето за поттикнување.

Според обвинението, во периодот од јуни 2017 до крајот на 2020 година биле издадени пасоши на 214 странски и еден македонски државјанин.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија13 часа

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија13 часа

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Македонија17 часа

Филипче: Одлуката за полицискиот час не ја донесов сам, туку по телефонска консултација со членовите на Комисијата

Одлуката за скратување на полицискиот час и за продолжување на работното време не е политичка, изјави министерот за здравство, Венко...

Македонија18 часа

Министерство за здравство: Граѓаните кои добиле порака да се вакцинираат во друг град, сами ја згрешиле локацијата

Граѓаните при закажување на веб-страницата vakcinacija.mk сами направиле погрешен избор на локација каде сакаат да се вакцинираат и поради тоа...

Македонија18 часа

Заев: Не верувам дека Црвенковски ќе формира нова партија

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, не верува дека експретседателот на Социјалдемократскиот сојуз Бранко Црвенковски ќе формира нова партија....

Свет19 часа

Вакцините на „Фајзер“ и „Модерна“ ја намалуваат хоспитализацијата на стари лица за 94 проценти

Вакцинацијата со вакцините на „Модерна“ или на „Фајзер“ значително го намалува ризикот од хоспитализација на стари лица, покажуваат податоците на...

Регион19 часа

Вучиќ: Вакцинираните ќе добијат парична помош како награда

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рече дека е донесена одлука за обезбедување дополнителна парична помош за оние кои се вакцинирани...

Свет19 часа

(Видео) Израел ја рaкетираше Сирија, има и жртви

Израел рано утрово ja ракетираше северозападна Сирија при што загина најмалку еден човек, а повредени се шестмина. Авиони на израелското...

Свет19 часа

Бајден: Нашата цел е до 4 јули да бидат вакцинирани 70 отсто Американци

Американскиот претседател, Џо Бајден, изјави дека целта е до 4 јули барем со една доза вакцина против коронавирус да бидат...

Македонија21 час

Полициски час од 23 часот, угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот

Од денеска полицискиот час ќе почнува од 23 часот, а угостителските објекти ќе работат до 22 и 30 часот, одлучи...

Регион1 ден

Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Република Северна Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од...

Свет1 ден

Колкy заработи „Фајзер“ оваа година од вакцините против коронавирусот

Минатата година во трката за развој на вакцина против Ковид-19 компанијата „Фајзер“ донесе голема одлука. За разлика од конкурентите, кои...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во Бразил: тинејџер со мачета влегол во градинка и убил три деца и учителка

Осумнаесетгодишно момче со мачета влегло во градинка и убило три деца и учителка во Саудадес во бразилската држава Санта Катарина....

Македонија1 ден

Од Австрија пристигна првата количина вакцини од „Фајзер“

Mинистерот за здравство, Венко Филипче, се сретна со Каролине Едштадлер, сојузна министерка за ЕУ и Устав на Австрија. „Денеска, од...

Македонија1 ден

Регистрирани 67 новозаболени и 31 починат од Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.169 тестирања, а регистрирани се 67 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопе...

Европа2 дена

Шефот на СЗО за Европа: Гледаме светлина на крајот од тунелот

Шефот на канцеларијата на СЗО во Европа, Ханс Клуге, изјави во Сараево дека е претпазлив оптимист и верува дека светот...

Македонија2 дена

Поднесено обвинение против Оливер Дерковски за набавката на софтверот за изборите

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, и...

Економија2 дена

Дизелот поскапува

Од ноќеска на полноќ дизелот поскапува за половина денар, а цената на бензините останува иста, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Свет2 дена

Светски научници: Нема да се постигне имунитет на стадо, вирусот брзо мутира

Меѓу научниците постои растечко верување дека имунитетот на стадото кога станува збор за коронавирус нема да се постигне во блиска...

Досие