Контакт

Политика

НСДП: Противзаконски стекнатиот имот ќе биде одземен

Објавено пред

Безумното задолжување на државата за да се соочува социјалниот мир преку исплата на пензии и плати на административците, практично ги задолжува идните генерации на долгорочни долгови, оцени во четврток Нова социјалдемократска партија(НСДП).

„Оние кои не учествуваат во донесувањето на политичките одлуки на власта за задолжување на државата ќе мора да ги враќаат долговите, и тоа токму генерацијата која денес има 12-13 години и нема право на глас, кога ќе наполни 22 или 23 години ќе треба да ги враќа долговите, иако не учествувале во легитимирањето на одлуките преку изборниот процес“, се вели во соопштението од НСДП.

Понатаму се додава дека елитата на ВМРО-ДПМНЕ го враќа црниот капитал изнесен од земјата, за тука да го испере.

„Елитата на ВМРО-ДПМНЕ со превземањето на сите фирми во државата и со отворањето на т.н. технолошко-индустриски развојни зони, практично го враќа црниот капитал што го изнесоа од државата (над 5 милијарди евра), но сега испран и како легален, продавајќи ни го како директни странски инвестиции. Голем број на новопечени бизнисмени и политичари од владејачката партија со пари, имот и акции енормно се збогатија за кратко време“, посочуваат од НСДП.

Тие најавуваат дека новата влада на коалицијата „За живот во Македонија“ со механизми на даночната политика противзаконски стекнатиот имот ќе им го одземе.

„Не како чин на освета, туку како дел од системот што ќе функционира врз основа на правото и јавниот морал. Нема ништо по нормално, во недостаток на пари, државата да посегне по тие што краделе и сега имаат капитал. Преродбеничката олигархија ќе мора да го врати сето украдено од најсиромашниот народ во Европа и од стопанството кое го клекнаа на колена“, истакнуваат од НСДП. /крај/со/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ е против над 4.700 наставници и стручни работинци, ВМРО-ДПМНЕ е против образованието во нашата држава, истакна на денешната прес-конференција Жаклина Лазаревска, пратеничка од СДСМ.

Според неа, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ втор ден намерно ја кочат работата на Комисијата каде што треба да се расправа за важни измени и дополнувања на закони од областа на образованието.

„Со овие измени на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта и Законот за Бирото за развој на образованието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се противат да 4.700 просветни работници добијат работно место, односно да нивните договори од определено работно време бидат трансферирани во работен однос на неопределено работно време. Замислете, се противат на законско решение кое треба да обезбеди создавање на правна и економска сигурност на наставниците и стручните соработници преку засновање на работниот однос на неопределено време, подобрување на квалитетот на воспитно-образовниот процес преку воспоставување на континуитет во реализацијата на наставата, како и овозможување на професионален и кариерен развој на овие наставници и стручни соработници“, потенцира Лазаревска.

Ова како што рече, покажува колку ВМРО-ДПМНЕ навистина се грижи за образованието. За нив, вели Лазаревска, тесниот партиски интерес и ситните политички калкулации се поважни од квалитетно образование во нашата држава.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Кузеска: СДСМ се менува и победува, ВМРО-ДПМНЕ останува заглавена во режимската матрица

Објавено пред

Со новиот состав на органите, со спој на искуство и нова енергија, СДСМ уште подобро и уште повеќе посветено ќе им служи на граѓаните и на државата, потенцира портпаролката на владејачкиот СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа смета дека по 26. конгрес, којшто се одржа вчера, СДСМ започнува ново четиригодишно поглавје за напредокот на македонската држава и подобра иднина на сите граѓани.

„Во составот на новите органи се пресликани вредностите на СДСМ за целосна родова еднаквост, за соодветна застапеност на младите, како и темелните вредности за заедништво преку концептот едно општество за сите. Новиот состав на Централниот одбор е освежен, во кој две третини од членовите на ЦО се нови лица кои досега не биле членови на највисокиот орган на партијата“, рече Кузеска.

Според неа, од 120 членови во новиот Централен одбор 60 се жени, 60 мажи, што значи како што рече дека има целосна родова еднаквост. Млади се 45 члена, што претставува застапеност од над 37,5 проценти, досега највисоко и во СДСМ и во  која било друга партија во Северна Македонија.

„Покрај тоа што имаме членови на ЦО коишто се Македонци имаме и припадници на албанската, турската, ромската, бошњачката, српската, влашката етничка заедница. Избрани се и 18 члена на Извршниот одбор на партијата, од кои 9 се жени, а 6 доаѓаат од редовите на младите. Од 18 члена во ИО само 5 се од стариот состав, а од 4 потпретседатели, двајца се нови. Новиот Централен одбор, Надзорен одбор, Извршниот одбор и целото раководство на партијата ќе ја реализира владината и партиската програма која ќе значи нова политика со која СДСМ и натаму ќе остане прв во промените“, оценува Кузеска.

Од друга страна како што рече, ВМРО ДПМНЕ наместо да биде конструктивна партија и натаму останува заробена во режимската матрица, слугува на наредбите од Будимпешта, во континуитет се деструктивни без да размислуваат за интересите на граѓаните.

Според неа, ВМРО ДПМНЕ свесно го блокира напредокот на државата, го блокира Собранието, шири лажни вести, застанува во одбрана на криминалци и насилници и работи против правдата во државата, вели Кузеска.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Каевски: ВМРО-ДПМНЕ на спротивната страна од граѓаните

Објавено пред

Поради лични и партиски интереси на Христијан Мицкоски, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието кочат важни закони за граѓаните и државата, истакна денеска пратеникот од редовите на СДСМ Дарко Каевски.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи на новото законско решение со кое државата треба да добие нов модерен клинички центар кој ќе пружа интегрирани здравствени услуги.
Во време кога ги надминуваме последиците од коронавирусот, во време кога е важна секоја инвестиција во здравствениот систем, ВМРО-ДПМНЕ е против изградбата на најкапиталниот проект во историјата на македонското здравство. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дејствуваат на штета и на одбрана, против интересите на припадниците на Армијата. Со дури 2.000 амандмани пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги кочат измените на Законот за служба во Армијата“, реагира Каевски.

Со ова, смета Каевски, ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците да имаат право на избор, се противат војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина и дополнителни поволности при пензионирање.

„Пратениците од опозициската партија се против и новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, со кој се исправа неправдата кон над 4.700 наставници и стручни соработници кои сè уште немаат засновано работен однос на неопределено време. Сè што е во интерес на граѓаните е предмет на блокада на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Поради лични и партиски интереси, ВМРО-ДПМНЕ во Собранието кочи важни закони во делот на здравството, одбраната, образованието“, напомена Каевски.

Ова, како што рече, е уште еден доказ за деструктивноста на партијата предводена од Мицкоски која освен блокади, кочења и лажни вести не нуди ништо друго пред граѓаните, коментира пратеникот од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион8 часа

Лидерите на Западен Балкан со заедничка декларација: Итен почеток на преговорите со Скопје и Тирана

Декларацијата усвоена од лидерите на Процесот „Брдо – Бриони“ на самитот укажува на важноста од брзото проширување на ЕУ за...

Македонија9 часа

Хрватскиот претседател: Членка на ЕУ навлегува во интимниот простор на Северна Македонија

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, најави дека ќе се спротивстави на условите што ги поставува Бугарија за почеток на преговорите...

Македонија9 часа

Заев: Следните парламентарни избори ќе се одржат во 2024 година, нема да има предвремени

Премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, изјави дека предвремени парламентарни избори нема да има и дека следните ќе се...

Европа9 часа

ЕМА: Вакцината на „Фајзер“ може да се чува во обичен ладилник до еден месец

Европската агенција за лекови (ЕМА) препорача да се продолжи времето на чување на вакцините на „Фајзер/Бионтек“ на стандардни температури во...

Македонија12 часа

Денеска се регистрирани 27 нови случаи на Ковид-19, починати се 19 лица

Министерството за здравство информира дек во последните 24 часа се направени 1.314 тестирања, а регистрирани се 27 нови случаи на...

Економија15 часа

Oд полноќ се намалува цената на еуросупер БС-95 и на мазутот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет16 часа

Индија почна со дистрибуција на свој лек против коронавирус

Индија почна со дистрибуција на нов, домашен лек за лекување на симптомите од Ковид-19. Властите го одобрија лекот 2-ДГ, кој...

Македонија16 часа

Захариева: Властите во Македонија ќе направат сѐ што можат Бугарите таму да се сѐ помалку

И Европа и ние ќе го следиме пописот во РСМ и очекуваме да се спроведе според сите европски стандарди и...

Свет16 часа

(Видео) Тврдат дека Израел фрлил забранета бомба врз Газа, од која се топи човечко месо

На социјалните мрежи се шири видео со ракетирање на Појасот Газа, за кое се тврди дека е доказ дека Израел...

Свет18 часа

СЗО: Животниот век на работниците загрозен по пандемијата на коронавирусот

Премногу долгото работно време е смртоносно за стотици илјади луѓе во светот и ова е тренд што може да се...

Европа18 часа

Германски виролог предупредува: И следната година ќе мора да се вакцинираме

Шефот на германскиот независен советодавен панел за вакцинација, вирусологот Томас Мертенс, изјави дека е многу веројатно декаи следната година  сите...

Свет19 часа

На повидок нова вакцина – „Санофи“ и „ГСК“ велат дека произведува силен имунолошки одговор

Француската фармацевтска компанија „Санофи“ денеска соопшти дека експерименталната вакцина против Ковид-19, која ја развива заедно со „Глаксо Смит Клајн“ ќе...

Свет19 часа

Израел утрово изврши серија воздушни напади на Газа, висококатници срамнети со земја

Израелските воздушни сили рано утрово извршија серија масовни воздушни напади на повеќе локации во градот Газа. Најновата беше извршена само...

Свет20 часа

Товарен воз со токсични материи излета од шините во САД

Во близина на градот Сибли во американската држава Ајова воз на компанијата „Унион Пацифик“, кој превезувал тенкови и вагони со...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: СДСМ останува локомотива за напредокот на македонската држава

Со задоволство сакам да соопштам дека денеска СДСМ одржа успешен 26. Конгрес, а веднаш потоа и прва седница на новоизбраниот...

Македонија1 ден

Лукаревска избрана за заменик-претседателка на СДСМ

Сања Лукаревска е новата заменик-претседателка на СДСМ, беше одлучено на денешниот 26. Конгрес на партијата. Таа беше изгласана со 682...

Свет1 ден

Нетанјаху со благодарност до земјите кои го поддржале Израел, меѓу нив и Македонија

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху на социјалните мрежи им се заблагодари на владите на голем број земји во светот за, како...

Македонија2 дена

Регистрирани се 62 нови случаи на Ковид-19, починати се 14 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.557 тестирања, а регистрирани се 62 нови случаи на...

Свет2 дена

(Видео)10 годишно девојче во урнатините на Газа, низ солзи вели: Не можам да го трпам ова, јас сум само дете

Жестоките напади меѓу Израел и Хамас се најтешки за луѓето во Газа, каде што луѓето умираат секој ден – претежно...

Свет2 дена

Курц: Целта на истрагата е да ме отстранат од функцијата

Австрискиот канцелар Себастијан Курц оцени дека целта на поднесената пријава против него, поради наводни лажни изјави пред истражниот одбор во...

Досие