Контакт

Политика

Пендаровски: Минимална плата 16.000 денари и 30.000 денари просечна плата

Објавено пред

Нашиот предлог за минимална плата е 16.000 денари и 30.000 денари просечна плата до крајот на првиот мандата за периодот на мандатот 2016-20120 година, истакна во четврток Стево Пендаровски носител на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Се наоѓаме пред седиштето на најбогатата политичка партија во Европа, која е десет години на власт во најсиромашната држава во Европа. Нивните статистики кажуваат дека во изминатиов период тие наводно обезбедувале минимална плата од 9.500 денари и просечна плата од 22.000 денари. Меѓутоа во делот на минималната плата самите тие во законот не ги ставија текстилните и кожарските работници кои се најголем дел од работниците на кои им треба ваква заштита“, рече Пендаровски.

Според него, единствен избор за излез од кризата е во недела да се даде гласот за коалицијата предводена од СДСМ. /крај/со/ст

Македонија

Милошоски: Не може ароганцијата на Царовска да биде поважна од аргументите на родителите

Објавено пред

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, денеска изјави дека закон за учебници и друг наставен материјал е донесен на нетранспарентен начин, како и дека доколку се сака да се прифати самиот закон потребна е поширока дебата.

Тој ги коментираше најавените протести на родителите, со поддршка и од средношколската унија и средношколскиот глас против, како што рече, лошите реформи во образованието.

„Ние гледаме две страни. Едната страна е министерката Царовска која што промовира ароганција во овој предлог закон, а другата страна се родителите и учениците кои предлагаат аргументи. Сакаме да порачаме дека е време во законските решенија кои што се однесуваат на учениците, да им се даде можност на родителите да ги изложат своите аргументи и истите да бидат вградени во законот. Не може ароганцијата на министерката да биде поважна од аргументите на родителите“, посочи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој изрази надеж дека родителите ќе бидат сослушани и дека на крајот нивните аргументи ќе бидат вградени во било кое идно законско решение што се однесува на сите ученици.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Маркоска: Антинародната ВМРО-ДПМНЕ е против испратнини од 20.000 евра за војниците

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од блокадите за Законите кои носат подобар живот за сите граѓани, смета пратеничката од СДСМ, Даниела Маркоска.

Според неа, ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена го кочи Законот со кој државата ќе добие нов, современ Клинички центар во Ѓорче Петров, Скопје, прв по 80 години.

„Со ова ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски застанува против здравствениот систем и против здравјето на граѓаните“, рече Маркоска.

„Дека на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ единствена задача им е да го кочат секој закон кој е во интерес на граѓаните, докажуваат и блокадите на Законот за служба во Армијата. Со 2.000 амандмани ВМРО-ДПМНЕ се противи на олеснување на условите за пензионирање, на поголеми отпремнини за припадниците на Армијата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се против тоа војниците да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, се противи и на дополнителните поволности при пензионирање“, предочува пратеничката од СДСМ.

Маркоска смета дека се лажни и лицемерни тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека со ова сакаат да го подобрат овој Закон.

„Тоа што за Закон кој има 30тина членови, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поднесуваат 2.000 амандмани не е никакво подобрување, туку класична блокада на измените и дополнувањата на Законот. Додека парламентарното мнозинство предводено од СДСМ работи во интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ заради лични и дневнопартиски интереси кочи и блокира закони, ја опструира работата на Собранието“, вели Маркоска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ: Судовите се ослободуваат од притисоци и испорачуваат правда со засилена динамика

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, денеска изјави дека е задоволен што динамиката на реформи во правосудството се зголемува.

Според Маричиќ, преку дигитализацијата ќе се надминат предизвиците во однос на транспарентноста во правосудството.

Тој ова го истакна во своето обраќање на презентацијата на вториот национален извештај од матрицата на индикатори за мерење на перформансите во судството.

„Она што ме радува од извештајот е зголемената позитивна перцепција кај судиите, и тоа за 17-процентни поени во однос на индикаторот дека врз донесувањето на одлуките не влијаат приватните интереси, туку тие се донесуваат врз основа на фактите и доказите во предметот. Ова за мене е своевидна потврда на тоа што го говориме дека судовите се ослободуваат од притисоци и сега тие испорачуваат правда со засилена динамика“, истакна министерот за правда.

Според Маричиќ, во правосудството моментно се решаваат проблеми наталожени со години, но и перцепции за судството наталожени со години.

Тој рече дека со посветеност, во инклузивен процес, каде што ќе бидат вклучени сите фактори, ќе може забрзано да се менува сликата за правниот систем.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Израел по бомбардирањето: Тел Авив во урнатини, децата сами на улица

Судирите меѓу израелските и палестинските сили продолжија утрово, а по ескалацијата на насилството и крвавите конфликти, Израел прогласи вонредна состојба...

Македонија4 часа

Македонскиот војник заразен од коронавирус во Африка со посебни протоколи пренесен на Инфективната клиника

Рано утрово во земјата пристигна 55-годишниот македонски потполковник позитивен на коронавирусот и суспектен на јужноафриканскиот сој, објави на социјалните мрежи...

Европа4 часа

Германски виролог: Оние што нема да се вакцинираат неминовно ќе се заразат

Германскиот виролог Кристијан Дрoстен очекува дека населението во Германија ќе добие имунитет против коронавирусот за една и пол година. Тоа,...

Европа4 часа

Тензиите од Блискиот Исток се префрлија во Германија, инциденти пред синагоги, запалени знамиња

Тензиите од Блискиот Исток се прелеаја во Германија, каде што се случија инциденти пред две синагоги. Во Бон синоќа неколку...

Свет6 часа

СЗО: Индискиот сој на коронавирусот откриен во 44 земји

Светската здравствена организација (СЗО) откри дека индискиот сој на коронавирусот што предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија...

Свет6 часа

(Видео) Ескалираат судирите меѓу Израел и Хамас, најмалку 40 убиени, меѓу нив и деца

Ескалира конфликтот меѓу Израел и Хамас. Од Тел Авив се слушаа сирени од раните утрински часови. Одекнаа и неколку експлозии....

Македонија18 часа

Во петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“

Овој петок во Македонија ќе пристигнат 38.400 вакцини од „Астразенека“, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. „Добивме уште една добра...

Македонија21 час

Во Македонија 171 нов случај на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 171 нов случај на коронавирус, 26 лица починаа, а 409 оздравеа, соопшти...

Македонија22 часа

Државата треба да ѝ врати над 1,7 милион евра на Европската комисија, пари што ги проневерил ексфунционер од МИОА

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал поднесе обвинение против поранешниот секретар во Министерството за информатичко општество и администрација и...

Македонија23 часа

Од четврток забраната за движење ќе трае само по четири часа

Владата на денешната 69-та седница донесе одлука полицискиот час, од 13 мај, да почнува на полноќ, наместо од 23 часот...

Македонија24 часа

(Видео) Заев: Европските лидери добро ја разбираат нашата порака – идентитетот не е за преговори

Премиерот Зоран Заев денеска ги сумира резултатите од средбите кои во изминатите два дена нашата владина делегацијата ги оствари со...

Македонија1 ден

Во првата недела од мај 37 отсто е намален бројот на новозаразени и починати од Ковид-19

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во текот на минатата недела (од 3 до 9 мај) тестирани...

Македонија1 ден

Доцна вечерва пристигнува офицерот на АРМ, кој со корона се заразил во Африка

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, ја потврди информацијата дека припадник на АРМ е заразен од коронавирус во Централноафриканската Република. Потполковник...

Свет1 ден

Еден од напаѓачите го најавил масакрот во руското училиште носејќи маска со натпис „бог“

Најмалку 11 лица се убиени во вооружениот напад во средно училиште во рускиот град Казањ. Напаѓачите, според информациите објавени од...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Вчера се аплицирани 14.033 дози вакцини

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови во државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица...

Регион1 ден

Во Србија пораст на бројот на вакцинирани по ветувањето на Вучиќ од 25 евра

Корона-бројките во Србија продолжуваат да паѓаат и покажуваат помалку од 1.000 заразени втор ден по ред, а белградските медиуми тврдат...

Македонија1 ден

Владата денеска ќе одлучува за новите рестриктивни мерки

Владата денеска ќе ја одржи редовната 69-та седница со повеќе точки на дневниот ред, информираат владините служби. На седницата, која...

Свет1 ден

СЗО: Сите треба да бидеме загрижени поради индискиот сој на коронавирус

Светската здравствена организација (СЗО) го класифицира индискиот сој на коронавирусот, исто така познат како двоен мутант, како можност од нова...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 20 загинати, меѓу нив 9 деца во синоќешните израелски напади

Палестинците рано утрово лансираа десетици ракети од Газа, а Израел возврати со нови воздушни напади. Израелската армија објави дека во...

Регион2 дена

Швајцарски весник со истражување: Зошто Балканот е легло на антиваксери?

Весникот Ноје Цирхер Цајтунг (НЗЗ), на почетокот на анализата од дописникот на Југоисточна Европа, Волкер Пабст, истакнува дека до неодамна,...

Досие