Македонија
Помали инциденти во поплавените подрачја, работници се степале, возач не ги почитувал полициските наредби
Два помали инциденти се регистрирани во четвртокот во поплавените подрачја. Како што инфомираат од Министерството за внатрешни работи во редовниот полициски билтен, возач од Скопје не ги почитувал наредбите на полициските службеници за времено затворениот сообраќај, а неколкумина работници се степале меѓу себе.
Скопјанецот со автомобил во четвртокот утрото околу 8.35 часот застанал на обиколницата на клучката Арачиново и сакал да се движи кон скопската населба Ченто, којашто беше погодена во поплавите. Полициските службеници му кажале дека не може да се движи натаму бидејќи сообраќајот е времено затворен, но тој почнал да ги навредува и омаловажува и заминал со автомобилот со голема брзина кон клучката кај Хиподром. Возачот набрзо бил приведен за сторени прекршоци по член 13 и 14 од ЗППЈРМ. Неолкумина работници кои биле ангажирани за расчистување на поплавените куќи се степале меѓу себе, тројца од една страна и еден работник од друга страна. Меѓусебно си размениле по неколку удари по лицето и телото со што се здобиле со видливи повреди главата и телото. Поднесени се четири записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.До четвртокот регистрирани се 43 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени простории, површини, возила и ниви како и штети предизвикани од невремето на подрачје на СВР Скопје.„СВР Скопје во соработка со останатите организациони единици во Министерството за внатрешни работи, како и во координација со субјектите на системот за управување со кризи, продолжија со преземање на мерки и активности за расчистување на поплавените региони. На сообраќајното обезбедување дадени се конкретни задачи за постапување, односно полициските службеници ангажирани за регулирање и пренасочување на сообраќајот, имаат за задача да овозможат нормален проток на сообраќајот на подрачјето на Општина Гази Баба и негово пренасочување, со давање на приоритет на работните машини да имаат непречен пристап за работа“, соопштуваат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

