Македонија
Попоски: Од секое место каде има Македонци да има и учесници на летниот камп „Ја сакам Македонија“
Во саботата во хотелот „Десарет” во Охрид беше затворен овогодинешниот летен камп „Ја сакам Македонија – 2016“, којшто во организација на Министерството за надворешни работи се одржa од 14-ти до 21-ви август.
На кампот учествуваa деца на училишна возраст од Заедниците на Македонците во соседството и регионот и истиот е дел од поширокиот владин проект „Далеку, а блиску“ за приближување на сите лица кои имаат македонско потекло, а особено најмладите, и создавање долгорочни врски меѓу нив.
Присутните ги поздрави вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, кој говореше за улогата и значењето на мајчиниот јазик во одржувањето на личниот и културниот идентитет.
„Визијата е од секое место каде има македонска заедница во регионот да има и учесници на летниот камп за македонски јазик и култура „Ја сакам Македонија“. Ова не е само петгодишна пракса, туку и наша обврска кон идните генерации“, порача Попоски на затворањето на летниот камп./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

