Македонија
Потпишан Меморандум за разбирање и соработка меѓу МОН, УСАИД и Фондацијата „Чекор по Чекор“

Министерот за образование и наука Абдилаќим Амеди, во вторник заедно со УСАИД и Фондацијата „Чекор по Чекор“ го потпишаа Меморандум за разбирање и соработка, со кој се продолжува со реализација на Проектот „Со читање со лидерство“.
„Главната цел на овој проект е да ги процени и подобри основните вештини по мајчин јазик и математика кај учениците од првиот циклус во основното образование, како и да ја зајакне педагошката практика на наставниците, особено вештините кои се однесуваат на дијагностичко и формативно оценување, и да ја зголеми јавната свест за важноста на јазичната и математичката писменост“, изјави Адеми.
Проектот, напомена министерот, ќе се спроведе во сите региони на Република Македонија, како урбани така и рурални и ќе бидат опфатени ученици од сите етнички, полови и социјални групи.
„Во рамките на овој проект, за прв пат во мај 2014 година беше извршено систематско собирање податоци за постигањата по математика и мајчин јазик кај учениците од второ и трето одделение во одбран број училишта од целата држава. Целта на овие податоци е да ни покажат колку децата успеале да ги совладаат основните јазични и математички вештини во првите години од нивното образование“, рече Адеми, напоменувајќи дека оваа информација е од суштинско значење за подобрување на квалитетот на образованието во почетните одделенија во Македонија. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Предлогот на Мицкоски за повереници е најава за враќање на авторитаризмот на Груевски, смета ДОМ

Демократска обнова на Македонија (ДОМ) реагира, како што велат, со огромна загриженост на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски дека, доколку локалните избори во октомври се „неуспешни“, Владата ќе именува повереници како градоначалници.
Според партијата, ваквата отворена закана е директен напад врз темелите на демократијата и претставува нескриена најава за враќање на авторитаризмот од времето на Никола Груевски, менторот на Мицкоски.
„Овој предлог е јасно антидемократски: ја поништува смислата на изборите и ја игнорира волјата на граѓаните кои можеби, замислете, би избрале независни кандидати за градоначалници или советници. Ова не е „политичка тактика“, туку директна најава за самоволие во општините, што наликува на грубото воспоставување на режим кој на сите ни е многу добро познат. Зелената партија ДОМ ја потсетува јавноста дека стравот на ВМРО-ДПМНЕ и на нивните прикриени коалициски партнери (СДСМ и ДУИ) од независните гласови го разоткрива лицето на една тивка, но сеопфатна согласност меѓу партиските „аристократии“. Молкот за ова прашање од страна на „опозициските“ перјаници од СДСМ и ДУИ само ги потврдува сомнежите за таа непринципиелна коалиција и нивната нетрпеливост кон новите, храбри независни гласови“, велат од ДОМ.
Партијата бара премиерот веднаш да ја повлече оваа закана и да ги почитува уставните права на граѓаните.
„Го повикуваме претседателот на Собранието и сите парламентарни партии јавно да се изјаснат против најавениот тоталитаризам. Секој обид за наметнување „повереници“ наместо легитимно избрани градоначалници е кршење на законот и на политичкиот морал“, велат од ДОМ.
Македонија
Без струја делови од Бутел, Центар и Аеродром

Без струја денеска ќе останат делови од Бутел, Центар и Аеродром.
„Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа на ден 22.08.2025 година ( петок ), без електрична енергија ќе останат:
· од 07:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул.Боца Иванова во близина на Јафа. (Општина Бутел)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Васил Стефановски (општина Центар)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул. 9-ти Мај (општина Центар)
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул.Тодор Чангов (општина Аеродром)“, информира ЦУК.
Македонија
Гужва на „Табановце“, за излез се чека 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП “Табановце” времето на чекање за влез е околу 20 минути, за излез околу 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
.АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.