Контакт

Македонија

Потпишана петта Програма за културна соработка меѓу Македонија и Хрватска за периодот 2016-2019 година

Објавено пред

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска во неделата во рамките на еднодневната работна посета на Хрватска, во Дубровник оствари билатерална средба со хрватскиот министер за култура, Златко Хасанбеговиќ.
 

dobivaj vesti na viber

На средбата, двајцата министри за култура ја потпишаа петта по ред Програма за културна соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Хрватска за периодот 2016-2019 година, која претставува правна рамка за интензивирање на заемната соработка меѓу институциите  и соодветните здруженија од сите области на културата и уметноста во двете земји.

На средбата двајцата министри за култура изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу Република Македонија и Република Хрватска постигната во сите области на културата, која претставува плод на дведеценискиот труд на дипломатските односи кои ги негуваат двете држави. Канческа-Милевска и Хасанбеговиќ се согласија дека Програмите за соработка кои досега беа потпишани дадоа одлични резултати што се конкретизираше со богата соработка помеѓу инстутуциите од областа на културата, при што голем број на македонски уметници континуирано се презентираат во Хрватска, но и значаен број на хрватски автори се редовни гости во нашите институции и на најзначајните манифестации во нашата земја.

Министерката за култура на средбата нагласи дека Министерството за култура редовно ги поддржува активностите на здруженијата на Хрватите во Република Македонија, но поддршка добиваат и македонските здруженија во оваа земја за што упати благодарност до својот хрватски колега. Канческа-Милевска ја истакна и одличната соработка меѓу НУБ „Св. Климент Охридски“ од Скопје и Националната универзитетска библиотека од Загреб, кои во 2014 година потпишаа Договор за соработка, во чии рамки беа организирани Денови на хрватска книжевност во Македонија, но и Денови на македонската книжевност во Хрватска.

Со особено внимание беше потенцирана и финансиската поддршка која ја обезбедува Министерството за култура за издавање на преводи на македонски јазик на реномирани хрватски автори и во тој контекст за македонската читателска јавност се достапни делата на Дубравка Угрешиќ, Бранко Чегец, Ренато Баретиќ, Златко Крамариќ и многу други автори. 

Министерката за култура потенцираше дека на Конкурсот за откуп на публикации во последниве две години, откупени се преводите на книги од хрватски автори, а дела на некои од најпознатите писатели од оваа земја се застапени и во капиталниот проект на Владата на Република Македонија „Ѕвезди на светската книжевност“. Канческа-Милевска на средбата својот хрватски колега го запозна  и со Конкурсот за финансирање на преводи на странски издавачи на репрезентативни и квалитетни дела од македонската книжевност на странски јазици, преку кој на хрватскиот книжевен пазар веќе се достапни делата на Игор Исаковски и Христо Петревски.

Беа истакнати гостувањата на македонските театри на фестивалите во Хрватска, како и признанијата за Македонскиот народен театар и Театарот Комедија доделени на фестивалите во оваа земја. Беше потенцирана и одличната соработка во областа на музичката дејност, во чии рамки минатата година, Македонската филхармонија имаше исклучителен настап во најголемата концертната сала во Загреб, „Ватрослав Лисински“, каде пак годинава впечатлив настап имаше и детскиот хор  „Златно славејче“ кој настапи заедно со реномираниот хрватски детски хор „Децата од Рибњак“. Канческа-Милевска го поздрави и редовното учество на хрватските уметници на фестивалот „Охридско лето“ каде публиката изминатите години имаше можност да ги проследи исклучителните изведби на врвни уметници како Максим Мрвица, Иво  Погорелиќ, Звонимир  Шестак, Един  Карамазов и многу други. Реномирани автори од Хрватска редовно се претставуваат и на „Струшките вечери на поезијата“, како и на театарските фестивали „МНТ Фест“ и “МОТ“.

Во контекст на интензивирање на соработката помеѓу двете земји, двајцата министри за култура разговараа и околу соработката помеѓу манифестациите „Охридско лето“ и „Дубровнички летни игри“, кои се членки на европската асоцијација на фестивали и потписници на „Которската иницијатива“. На средбата беше иницирана и соработка помеѓу Музејот на современа уметност, Националната галерија на Македонија и Археолошкиот музеј на Македонија со сродни институции од Хрватска што ќе претставува платформа за размена на конкретни проекти. Министерката за култура нагласи дека треба да продлолжи и одличната соработка во филмската дејност во чии рамки се реализираа неколку копродукции.

На средбата беше подвлечена и плодната релација што се остварува во областа на заштитата на културното наследство и размената на стручни кадри во рамките на меѓуинституционалната соработка, потоа соработката во рамките на УНЕСКО, во областа на заштитата на нематеријалното културно наследство и подводната археологија. Беше истакната и одличната соработка помеѓу двете земји во рамките на Форумот на словенските култури при што беше нагласено дека во септември годинава во Задар, ќе се одржи церемонијата за доделување на наградата „Жива“ за најдобар словенски музеј, а македонски кандидат е Заводот и Музеј од Штип.

Министерката за култура, Канческа-Милевска на покана на хрватскиот министер за култура, вечерва ќе присуствува и на свеченото отворање на 67-то издание на реномираната манифестација „Дубровнички летни игри“. Истовремено, таа упати и покана до нејзиниот хрватски колега да биде гостин на годинашното издание на најзначајната музичко-сценска манифестација во нашата држава, фестивалот „Охридско лето“, како и на поетската манифестација „Струшки вечери на поезијата“./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?

Објавено пред

„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.

dobivaj vesti na viber

„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.

„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа

Објавено пред

„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.

„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.

Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.

„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен

Објавено пред

„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.

Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.

Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.

Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.

После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.

Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.

Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.

СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.

Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.

Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Иран e подготвен на компромис со САД за да избегне американски напад, објави Ројтерс

Иран кажал дека е подготвен да направи отстапки во својата нуклеарна програма во разговорите со САД, во замена за укинување...

Свет5 часа

Мажот кој се обиде да влезе во имотот на Трамп дигнал пушка во позиција за пукање пред агентите да го убијат

Маж на околу 20-годишна возраст бил убиен откако се обидел нелегално да влезе на имотот на Доналд Трамп во Флорида....

Свет8 часа

Гласањето за трговскиот договор ЕУ–САД може да се одложи поради хаосот со тарифите

Претседателот на Комитетот за меѓународна трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге, предложи одложување на гласањето за трговскиот договор меѓу ЕУ...

Свет9 часа

Унгарија: ЕУ сака утре да го усвои 20-тиот пакет санкции кон Русија, ние ќе го блокираме

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, преку две објави на X повторно ја засили реториката кон Украина поради транзитот...

Свет11 часа

Индија го одложи патувањето на трговска делегација во Вашингтон поради нејасности околу царините на САД

Индија го одложи планираното испраќање трговска делегација во Вашингтон оваа недела, главно поради неизвесност по одлуката на Врховниот суд на...

Свет12 часа

(Фото) Трамп објави дека испратил болнички брод на Гренланд, Данска вели дека нема сознанија

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го стави Гренланд во фокусот со објава на Truth Social, тврдејќи дека испраќа голем болнички...

Свет12 часа

(Видео) Први масовни студентски протести во Иран по жестокото задушување на демонстрациите

Студенти на неколку универзитети во Иран излегоа на протести против владата – први вакви масовни собири откако минатиот месец властите...

Свет13 часа

(Фото+видео) Терористички напад во Лвов: загина полицајка, десетици ранети

Најмалку едно лице загина, а десетици други се ранети во експлозии што рано утрово го потресоа западниот украински град Лвов....

Свет14 часа

(Видео) Експлозии во Киев: Русија нападна со балистички ракети, повредени жена и дете

Русија лансираше балистички проектили врз главниот град на Украина, Киев, а во нападите во приградските делови повредени се жена и...

Свет14 часа

„Ова е целосна збрка за целиот свет“, велат експерти за новите царини на Трамп

Одлуката на Доналд Трамп да ја зголеми царината на американскиот увоз на 15 отсто дополнително ја зголемува глобалната нестабилност на...

Економија1 ден

(Видео) Мицкоски: 17 нови проекти вредни 650 милиони евра ќе донесат до 5.000 работни места

Премиерот Мицкоски денеска изјави дека во моментов се во почетна фаза на реализација или во фаза на потпишување договори за...

Економија1 ден

(Фото+видео) Николоски: Со одлична динамика се гради автопатот Гостивар – Букојчани

Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар – Букојчани. Имаме...

Македонија1 ден

Филипче: Единствениот булинг на македонскиот народ му го прават ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги...

Македонија1 ден

(Видео) Не гледам потреба за одржување на предвремени парламентарни избори, вели премиерот Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски не гледа потреба за одржување на предвремени парламентарни избори. Тој нагласи дека во разговорите со меѓународната заедница...

Македонија1 ден

(Видео) Манасиевски: Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, морало се да оди по насока на Заев

Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на...

Македонија1 ден

(Видео) Мицкоски: Македонија е жртва на класичен булинг на земји членки кои од внатре го уценуваат интегрирањето во ЕУ

Европската интеграција на нашата земја, можеби е единствен случај во Европа чијашто интеграција во рамките на самата Европска Унија не...

Свет1 ден

(Фото+видео) Украински напад врз руска фабрика за ракети – 11 лица повредени

Единаесет лица се повредени во напад со беспилотно летало врз фабрика за производство на ракети во Удмуртија, Русија. Три од...

Свет2 дена

Макрон ја поздрави пресудата на Врховниот суд против царините на Трамп

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ја поздрави одлуката на американскиот Врховен суд да ги поништи царините што претседателот на САД, Доналд...

Регион2 дена

(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата

Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија. Опозицискиот протест...

Македонија2 дена

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Без поцврста и поодлучна ЕУ, Балканот останува простор каде што надворешните сили ќе продолжат да ја тестираат својата моќ, порача...