Македонија
Поведена постaпка за случаите од „бомбите“ во кои се вмешани владини функционери
Јавното обвинителство попладнево излезе со соопштение во кое информира дека за сите настани кои произлегуваат од прес – конференциите на СДСМ и објавените телефонски снимки на наводни разговори, во коишто се вмешани владини функционери, е поведена постапка.
На барањата од јавното обвинителство, од повеќе институции и правни лица доставен бил обемен писмен материјал кој е предмет на проучување.„Во предметите во кои се исцрпени сите планирани и можни дејствија, завршено е проучувањето на материјалот и со тоа е разјаснета кривично-правната ситуација, надлежниот јавен обвинител, согласно законите, донесува соодветна одлука“, соопштуваат од Обвинителството.Оттаму уверуваат дека јавните обвинители постапуваат неселективно, стручно и професионално и детално информираат што презеле за секој предмет посебно. „Јавните обвинители од основните јавни обвинителства во чија надлежност се сите досега отворени предмети ги преземаат сите потребни дејствија за да се утврди постоењето на елементи на сторено кривично дело и да се лоцира евентуалната кривична одговорност и при тоа постапуваат апсолутно неселективно, стручно и професионално“, соопштуваат од Обвинителството.Во врска со наводното незаконито прислушување на лицата Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Андреј Жерновски, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски отворен е предмет по кој активно постапува надлежен јавен обвинител, при што испитани се Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Тито Петковски, Оливер Спасовски и Стево Пендаровски како подносители на пријавите.Испитани се и пријавените Сашо Мијалков тогашен Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање и Горан Груевски началник од истата Управа.Испитани се и претставници на Министерството за внатрешни работи и три лица вработени во Управа за безбедност и контраразузнавање – Одделение за оперативно техничка поддршка на операции.Прибавено е техничко мислење изготвено од страна на технички советници – тројца професори од Факултетот за електротехника и информациски технологии Скопје.Извршен е непосреден увид во службените простории каде што се спроведува посебната истражна мерка – Следење на комуникациите, а за констатираната состојба сочинет е записник.Обвинителството го побарало од СДСМ оригиналниот медиум на кој биле снимени телефонските разговори кои се објавени на прес-конференциите, но сè уште не бил доставен оригиналниот медиум.Отворен е предмет и за наводите во телефонски разговор од месец јуни 2011 година, помеѓу Гордана Јанкуловска, Министер за внатрешни работи и Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на Претседателот на Владата, за наводно отпуштање од работа на поголем број лица вработени во Министерството за внатрешни работи и во други државни органи поради нивната политичка определба. Надлежниот јавен обвинител поднесе барања за доставување на податоци и документација до Владата на Република Македонија, Секторот за правни работи и управување со човечки ресурси и Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи.Барањата се однесуваат на доставување податоци за лица на кои им престанал работниот однос во периодот 2011-2015, основот за престанок на работниот однос, постапките во врска со престанокот на работниот однос, одлуките за постапките (дисциплински и судски), како и исходот од истите.За наводно ставање вон употреба на телефонски број 070-306-775, кој го користела политичката партија СДСМ за свои потреби, искажано во телефонски разговор помеѓу Миле Јанакиески, поранешен Министер за транспорт и врски и Ирена Мишева, неизвршен член на Одборот на директори на Т-Мобиле Македонија, надлежен јавен обвинител поднесе Барања за доставување на податоци и документација до Т-Мобиле Македонија и Централниот регистар на Република Македонија. Наводите од телефонски разговор помеѓу Миле Јанакиески, поранешен Министер за транспорт и врски и Никола Тодоров, сегашен Министер за здравство за наводно исклучување на лифтовите од зградите на гласачите од Општина Центар за време на локалните избори во 2013 година во Општина Центар се предмет на разгледување во надлежното Основно јавно обвинителство.Поднесено е Барање до Државната Изборна Комисија за информација дали се поднесени приговори за спречување на остварување на избирачко право поради исклучување на лифтови во колективни станбени згради . Исто вакво Барање е доставено и до Секторот за внатрешни работи Скопје.Во врска со предмет оформен по објавените телефонски разговори за наводна исплата на парични средства за авионски превоз на лица-македонски државјани со привремено или постојано живеалиште во Швајцарија и Италија за остварување на гласачко право, поднесени се барања за доставување податоци и документација до Централниот регистар на Република Македонија, Државната изборна комисија и до Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје. Испитан е и поранешниот директор на Друштвото за градежништво Бетон АД Скопје.Во врска со телефонски снимки за наводни разговори кои се однесуваат за наводно малтретирање при лишувањето од слобода на осудениот Љубе Бошковски прибавени се списите на истражниот и кривичниот предмет по кој е осуден. Прибавени се известувања од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи и писмено известување од Народниот правобранител. Од Министерството за внатрешни работи е испратено Барање за доставување на податоци за тоа кои овластени службени лица биле инволвирани во лишувањето од слобода на сега осудениот Љубе Бошковски. Повикани се повеќе лица за распит пред јавниот обвинител во врска со спомнатиот настан.По оформениот предмет во врска со наводни телефонски разговори кои се однесуваат на наводно незаконито рушење на објектот КОСМОС, извршен е увид во претходно оформен предмет во Основното јавно обвинителство за кривично дело -Бесправно градење од чл.244-а од КЗ. Испитан е претставник на општината, повикан и испитан е градежен инспектор и дадена е наредба за вештачење.Во врска со телефонски разговори кои се однесуваат на локалните избори од 2013 година, на гласањето за избор на градоначалник на Општина Центар, поднесени се барања до Државната изборна комисија, Општина Центар, Министерство за финансии и Министерство за образование за доставување на податоци и документација.Од прибавените податоци и документација произлезе потреба да бидат испитани 32 лица, чие испитување во меѓувреме е завршено.Во врска со наводни закани кон директорот на правното лице Илинден – изведувач на градежни работи, а со цел да запре со асфалтирање на улиците низ Охрид, прибавена е од Централен регистар на Република Македонија релевантната писмена документација, а повикан и испитан е управителот на правното лице Илинден.Во врска со телефонски разговори за наводни закани спрема вработените во Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија по однос на тоа како да гласаат на локалните избори во 2013 година, прибавено е писмено известување од Македонски Телеком дали и на кој од вработените е даден отказ во наведениот период , како и дали е поднесен приговор за вршен притисок за начин на гласање. По добиеното сознание дека се прави внатрешна ревизија во Т – Мобиле Македонија побарано е извештајот од внатрешната ревизија да се достави до јавното обвинителство.Во врска со телефонски разговори за наводно прераспределување на лицето Ивица Тошески поради политички мотиви од началник во МВР на пониска позиција, побарани се податоци од Министерството за внатрешни работи. Бараните податоци и документација се доставени. Испратена е покана за испитување на лицето Ивица Тошески.Во врска со објавениот телефонски разговор за наводни притисоци врз затворениците во затворот Идризово да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори 2013 година, прибавени се известувања од сите мобилни оператори, повикан е и испитан директорот на затворот. Од Државната изборна комисија и од Општина Гази Баба побарана е документацијата за гласањето на затворениците.Во врска со предмет за наводно поттикнување на непознато лице од страна на Миле Јанакиевски, поранешен Министер за транспорт и врски, за да се јави на друго лице по име Саше и со сериозна закана да го присили да им каже на 40 професионални војници како да го вршат избирачкото право за избор на градоначалник на општина Центар, побарано е од Државната изборна комисија и од Министерство за одбрана да се достават потребните податоци и документација. Во врска со телефонски разговор за наводно приведување на лицето Страшо Поповски, поради неговото работење за СДСМ, поднесено е Барање до Секторот за внатрешни работи Охрид за доставување податоци за евентуално приведување на гореспомнатото лице. Побарани се податоци за лицето Страшо Поповски и по добивањето на податоците истото со покана е повикано да се јави за испитување во јавното обвинителство.Во врска со наводни закани упатени кон директорот на Струмица Табак дека доколку пред изборите не им ги исплати субвенциите на гласачите ќе му биде одземена лиценцата за работа, поднесени се барања до Струмица Табак, до Централен регистар на Република Македонија и до Државната комисија за спречување корупција за доставување на податоци и документација. Извршен е и испитување на Државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика.Во врска со наводен телефонски разговор за присилба врз лица, вработени во ЈП Улици и патишта да вршат избирачко право на определен начин да гласаат за кандидатот и за кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ за Град Скопје, а во кој разговор се споменува лице по име Синиша вработено во ЈП Улици и патишта, побарани се податоци од ЈП Улица и патишта за вработено лице по име Синиша. По добиеното известување, повикани се три лица на испитување.Во врска со наводните телефонските разговори за наводен договор помеѓу лицата Бедредин Ибраими и Мендух Тачи, за Бедредин Ибраими да гласа за поништување на гласањето во 2013 година на избирачки места во Општина Струмица, а како против услуга членовите на Државната изборна комисија од партијата ВМРО ДПМНЕ да гласаат за поништување на гласањето на избирачки места во Општина Чаир прибавена е обемна документација од Државната изборна комисија .Во врска со телефонски разговори за наводен договор помеѓу Мартин Протуѓер, шеф на кабинетот на Претседателот на Владата на РМ и Гордана Јанкуловска, тогашен Министер за внатрешни работи во Владата на РМ, за ослободување на вработени лица во Министерството за време на кампањата за локалните избори 2013 година од извршувањето на редовните работни задачи како би можеле да учествуваат во политичката кампања за потребите на ВМРО ДПМНЕ, поднесено е Барање за доставување на податоци и документација до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи. Во врска со телефонски разговор за наводно ангажирање на овластени службени лица од Министерството за внатрешни работи за извршување на работни задачи надвор од местата на нивното живеење со цел да бидат спречени да не го вршат избирачкото право, побарано е од Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ, да ги достави потребните податоци и документација.Во предмет во врска со телефонски разговор за наводно договарање помеѓу Гордана Јанкуловска, тогашен Министер за внатрешни работи и Анета Станчевска, Помошник министер за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР, истите да влијаат на исходот на полициските постапки против овластени службени лица во Охрид за настани поврзани со насилство, како и да издејствуваат против тие лица да не се водат постапки, испратено е барање до Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР на РМ, за доставување на податоци и документација. Истовремено од Основно јавно обвинителство Охрид прибавени се списите на конкретен предмет.Поднесено е барања за доставување на податоци до Полициска станица Ѓорче Петров, до Министерството за внатрешни работи и до сите мобилни оператори, а во насока на расветлување на предметот отворен по телефонски разговори за наводно пуштање на слобода на лица, кои за време на локалните избори во 2013 година биле приведени во Полициската станица Ѓорче Петров,.Во предмет оформен во врска со телефонски разговори за наводно учество во гласање на локалните избори одржани во 2013 година на лица кои немаат избирачко право, од Министерството за внатрешни работи и од Државната изборна комисија барани се податоци, проверки и релевантна документација.Наводните телефонските разговори помеѓу Сашо Мијалков, во тоа време Директор на управата за безбедност и контраразузнавање и Миле Јанакиески, во тоа време Министер за транспорт и врски во Владата на РМ, за наводно договарање едно лице да биде озвучено и пратено кај Андреј Жерновски, за да му понуди пари со цел да издејствува Андреј Жерновски да биде обвинет за кривично дело, се предмет на анализа во основното обвинителство. Надлежен обвинител во два наврати со покана за испитување го повика лицето Андреј Жерновски, кој иако ги примил поканите, на истите не се јавил, ниту пак на било кој начин го оправдал нејавувањето во Јавното обвинителство.Во врска со наводни телефонски разговори меѓу Кирил Божиновски сега Генерален секретар на Владата на Република Македонија, Гордана Јанкуловска поранешен Министер за внатрешни работи и лице по име Мирослав Јовановиќ, за наводно давање налози од страна на службени лица од МВР на одредени граѓани за време на локалните избори во 2013 година да гласаат за политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, поднесено е до Министерството за внатрешни работи, до Владата на РМ и до Македонски Телеком АД Скопје Барање за податоци, проверки и доставување на релевантна документација.Во врска со наводни телефонски разговори за откуп на повеќе катастарски парцели на Водно и за промена на генералните и деталните урбанистички планови на земјената површина каде се наоѓаат парцелите, од Агенцијата за катастар на недвижности на Град Скопје и од Општина Центар побарано е да се достави релевантна документација.Во предметот за наводни телефонски разговори за поттикнување на насилно дејствување кон советниците и градоначалникот на Општина Центар, од Секторот за внатрешни работи Скопје барани се проверки и податоци, по кое е доставена релевантна документација и снимки од видео-надзор.Во врска со телефонски разговори за наводно прикривање на убиството на Мартин Нешковски и сторителот на истото, бидејќи станува збор за веќе претходно оформен предмет за кој е донесена одлука извршен е увид во два предмети во Основното јавно обвинителство Скопје.Надлежното Основно јавно обвинителство отвори предмет по допрен глас во врска со телефонските разговори за незаконско работење на градоначалникот на општина Битола веднаш по објавување на снимките и започна постапка за проверување на наводите. Издадена е наредба за прибирање на документација по повеќе основи до општина Битола. За истите случувања, во надлежното обвинителство пристигната е една анонимна кривична пријава и две кривични пријава поднесени од СДСМ.Повикани и сослушани се подносителите на кривичната пријава, дел од превозниците и други лица по околностите во врска со кривично правниот настан.Во врска со наводна телефонска комуникација за набавка на опрема од Израел и наводно договарање на незаконита награда, побарано е од Министерството за внатрешни работи – Управа за безбедност и контраразузнавање да достави писмено известување и релевантна документација која се однесува на содржината на разговорите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Кој е Душан Адамовиќ и зошто е избран за почесен Конзул на Македонија?
„Пред околу еден месец, српското МНР соопшти дека му ја предале егзекватурата на почесниот конзул на Република Северна Македонија во Република Србија: Душан Адамовиќ. Седиштето на Конзулатот на Република Северна Македонија е во Панчево. Кој е Душан Адамовиќ и зошто токму тој е избран за почесен конзул?“, кажа денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.
„На платформата X може да се најдат стари објави на Адамовиќ кој вели дека, цитирам „Српска Македонија“ била окупирана. Ова е скандал сам по себе, но одиме понатаму. Адамовиќ е висок функционер на СНС сестринската партија на ВМРО-ОКГ, и близок со Александар Вучиќ. Бил член на Извршниот одбор на СНС, кородинатор за Срем и координатор за Јужен Банат. Во медиумите во Србија има скандалозни информации за бројни афери кои се поврзуваат со него. Во 2019 години поранешниот министер за внатрешни работи на Србија, Зоран Живковиќ јавно ќе објави дека Душан Адамовиќ е дел од група која се занимавала со трговија со оружје. Вести.рс пренесува дека во 2008 г. на само 24 години бил застрелан во нога затоа што должел пари. Преживеал напад со бомба во 2006 година. Бил уапсен и за други кривични дела. Бројни афери со криминални позадини се поврзуваат. Сега прашањето е како покрај толку угледни бизнисмени, личност со вакво криминално минато, со која се поврзуваат бројни афери во Србија е избран за конзул? Го провериле ли македонските безбедносни служби или Мицкоски лично лобирал за него? Овој скандал отвора сериозен сомнеж. Го повикуваме премиерот Мицкоски да излезе и да одговори: Како од толку угледни бизнисмени во Србија владата го избрала Адамовиќ за почесен конзул на Македонија? Каква е врската на Адамовиќ со Мицкоски?“, истакна Кузеска.
ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на прес-конференцијата.
„Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ. Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Заев и СДС беа главниот кадија во државата, тие судеа, тие пресудуваа, тие разрешуваа
„Во времето на Зоран Заев и СДС, Македонија беше држава на еден човек. Заев беше и обвинител и судија и главен кадија. Одлучуваше кој ќе биде гонет и кој ќе седи на судиската клупа“, кажа денеска на прес-конференција, Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Судиите и обвинителите не се бираа по закон и интегритет, туку по послушност. Доколку ги следевте насоките на Зоран Заев, останувавте на функција. Доколку покажевте непослушност, веќе следниот ден бевте разрешени. Судските случаи се кроеја по политичка мерка. Наместо правда, имавме политички пресметки, а наместо владеење на право, имавме владеење на страв“, истакна тој.
Членови на ВМРО-ДПМНЕ, вели Манасиевски, беа предмет на политички прогон, а притисокот не застануваше само на нив, се одеше и кон нивните семејства.
„Тоа не беше борба за правда, туку демонстрација на сила. Случајот со Мерцедесот и Гордана Јанкуловска е само еден од симболите на тој систем. Поранешниот врховен судија Катевеновски јавно посочи дека таа немала никакво сторено кривично дело. Кога предметот стигнал до него, на рочиште зад затворени врати јасно кажал дека нема да даде позитивно мислење за притвор и дека одлуката ќе ја координира заедно со неговите колеги. Но, разговорот со колегите никогаш не се случил. Утредента, на седница на Судски совет, која била свикана по насока на тогашната власт, судијата Катевеновски бил разрешен. Разрешен бил поради тоа што не постапил по политичка директива. Тоа е вистинското лице на Зоран Заев и на СДС. Ветуваа вистина и правда, а испорачаа селективност, криминал и корупција. Оние кои зборуваа за независно судство, создадоа зависно правосудство“, рече тој.
Според Манасиевски, денес, клопчето се одмотува.
„Сведоштвата стануваат сè погласни. Индициите и сомнежите за директна поврзаност помеѓу СДС, Заев и одредени одлуки во правосудството не смеат да останат без одговор. ЈО има обврска да постапи. Затоа што вистината, колку и да се прикривала, секогаш излегува на површина“, заклучи Манасиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт, како Катевеновски од Врховен
„Власта на СДС целосно го зароби судството и го стави под своја контрола. Со притисоци и уцени се морало да биде по нејзин терк“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„По насока на СДС и Зоран Заев се бирале подобни и послушни судии и обвинители, и по нивна насока, експресно, за еден ден се реазрешувале непристрасни судии и професионалци кои не беа под нивна контрола.
Таков е и примерот на поранешниот судија во Врховниот суд, Ристо Катевеновски кој тоа отворено, пред целата македонска јавност, го кажува.
Во свое телевизиско гостување, Катевеновски тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашната власт и коалициски партнери СДС и ДУИ.
Станува збор за судско рочиште на кое поранешниот судија истакнал дека нема да даде позитивно мислење во случајот поврзан со поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и дека за тоа ќе биде потребно да се разговара со неговите колеги за понатамошно дејствие.
После само еден ден од оваа негова изјава Судски совет свикал итна седница на која експресно бил разрешен иако, како што вели Катевеновски, изјавата била дадена зад затворени врати.
Тој посочува дека неговото разрешување не било случајно, туку истото дошло од тогашните власти СДС и ДУИ, односно Зоран Заев и Али Ахмети.
Тоа што во изминатите години го зборуваме, дека СДС и ДУИ под своја целосна контрола го ставиле судството и обвинителството и дека судиите и обвинителите ги бирале во партиските седишта во Струмица и Зајас, веќе се потврдува со јавни сведоштва.
СДС и ДУИ, на чело со Заев и Ахмети одлучувале кој ќе се апси, а кој ќе се апстрахира од одговорност од одреден случај.
Овој случај уште еднаш покажува дека СДС и ДУИ си ја партизираа државата и ги заробија институциите.
Тоа време веќе заврши и за тоа е потребна одговорност“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

