Македонија
Повиканите кои нема да се јават во Суд ќе ги сносат трошоците
Сите коишто ќе бидат повикани на покана на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а нема да се јават во судот, ќе ги платат трошоците за нивното доведување, за одложување на главата расправа или други трошоци во постапките кои ќе произлезат поради нивното неоправдано отсуство, соопштија во четвртокот од Судот.
„Без разлика дали станува збор за обвинет, оштетен, приватен тужител, бранител, законски застапник, полномошник, сведок, вешто лице, преведувач, толкувач или стручно лице, кој нема да се јави на покана на судот, судиите при Кривичниот суд ќе го применат членот 104 од новиот Закон за кривична постапка и со посебно решение ќе ги задолжат да ги платат трошоците за нивното доведување, за одложување на главата расправа или други трошоци во постапката кои ќе произлезат заради нивното неоправдано отсуство. Овие решенија ќе бидат изготвени без разлика на исходот на кривичната постапка, односно дали ќе биде со ослободителна, одбивателана или осудителна одлука, бидејќи се реални трошоци на постапката по вина на некој од наведените учесници“, се вели во соопштението од Судот.Овие решенија судиите ќе ги изготвуваат веднаш по завршување на главата расправа или главниот претрес во кој ќе се јави ваква ситуација, и веднаш ќе направат експедиција на решението до надлежните служби за наплата. На ваквото решение предвидено е право на жалба до Кривичниот совет на судот.„Оваа информација е наменета, пред сé, за подигнување на свеста кај граѓаните без разлика на нивната улога во одреден судски процес, да имаат поголема почит не само кон судот, туку и кон останатите странки во постапката. Воедно, со овие решенија сметаме дека би се отстраниле пречките кои најчесто доведуваат до одложување на постапките и нивно одолговлекување“ додаваат од Судот./крај/мф/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Од утре струјата поскапува за 2,28 отсто
Од утре, 1 јануари, цената на струјата ќе се зголеми за 2,28 отсто за 85 отсто од домаќинствата во Македонија, што значи повисоки сметки од 57 до 900 денари.
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) информираше дека наместо предложеното зголемување од 7,66% од ЕВН Хоме, по спроведени анализи и пресметки, одлучила за значително помали корекции.
Па така, наместо предложеното зголемување, РКЕ по спроведените анализи и повторни пресметки, одлучи во првиот блок да има корекција од 2,45 % . Во вториот блок цената ќе се зголеми 2,87 %, а предлог-зголемувањето на „ЕВН хоме“ е 8,54 %. Во третиот блок цената ќе се зголеми 3,32 % иако беше предложено да има зголемување од 9,63 % и во четвртиот блок зголемувањето е 3,84 % наместо предложените 11,86 %.
Во однос на евтината тарифа, „ЕВН хоме“ предложи зголемување за 3,96 %, а РКЕ одлучи таа да се коригира за 2,50 %.
„Водејќи се од начелото на транспарентност и имајќи го во предвид јавниот интерес кога се во прашање цените на енергијата и енергентите што РКЕ ги регулира или контролира, како и досега така и денес, ги споделуваме во детали одлуките, односно во конкретниот случај одлуката за ‘ЕВН хоме’. Регулаторните анализи покажуваат дека сметките на домаќинствата што користат електрична енергија во првиот и во вториот блок ќе се зголемат за 2,59 %, а оние што имаат потрошувачка и во третиот блок – сметката ќе се зголеми 2,79 %“, изјави месецов Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
РКЕ оценува дека „ЕВН хоме“ го има применето тарифниот систем, но во предлог-одлуките за нови цени и распоредот на трошоците по блокови не е применет клучниот регулаторен принцип, а тоа е урамнотежување на интересите на вршителите на енергетски дејности и корисниците, односно потрошувачите.
Од РКЕ велат дека регулаторот има цел да дефинира крајни цени што ќе гарантираат услови за непречено снабдување со електрична енергија, при што внимава да се заштитат потрошувачите од ценовен шок. Податоците покажуваат дека вкупно 64 % од потрошувачите имаат потрошувачка во првиот блок, речиси 21 % им се тарифира и во вториот блок, а третиот блок го користат 1,73 % од потрошувачите.
Македонија
(Фото) Полицајците им подаруваа новогодишни лампиони на охриѓани и на туристите во Охрид
Интернационалната полициска асоцијација (ИПА) Охрид, во соработка со Секторот за внатрешни работи (СВР) Охрид, денеска на симболичен начин, со подарување на новогодишни лампиони, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2026 година.

„Традиционално, на овој начин, на сите охриѓани, на сите гости, на сите туристи кои што ќе слават Нова година во Охрид, со симболично доделување на лампиони им ја честитавме Новата година и им посакавме се најдобро во новите 365 дена. Им порачавме да внимаваат на својата и на безбедноста на останатите граѓани а посебно дека сообраќајните контроли во сообраќајот ќе бидат интензивни.

Нагласивме дека алкохолот и управување моторни возиа не одат заедно и дека секоја таква ситуација, ќе значи исклучување на возачот од сообрај и соодветна пријава. На овој начин, ИПА Охрид и СВР Охрид, со оваа превентивна активност, прават обид повеќе за зголемена безбедност во градот, а граѓаните и туристите да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид“, сооопшти СВР Охрид.

Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Ви давам збор, 2026 ќе биде многу подобра година
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски им посака успешна нова година и среќни празници на жителите на Скопје.
Тој даде збор дека 2026 година ќе биде многу подобра.
„Заедно ќе ги решаваме проблемите, заедно ќе обезбедиме поголема стабилност, подобар стандард и повеќе радост за сите наши скопјани“, кажа Ѓорѓиевски.

