Македонија
Повторно земјотрес во Скопје

Уште еден земјотрес ги вознемири скопјани во понеделник попладне, со јачина од 3.7 степени според Рихтер јавува страницата EMCS-CSEM.
Овој земјотрес се почувствува посилно од тој околу пладне, кој имаше јачина од 2.3 степени според Рихтеровата скала, во понеделник, а се случи по серијата посилни земјотреси, кои го потресоа главниот град во неделата.
Земјотресот е на 5 километри длабочина на 9 километри северо-источно од Скопје, а се случи во 14.19 часот.
„Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, на 12.09.2016 год., регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 14 часот и 19 минути, со Рихтерова локална магнитуда 3.7. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала“, информираа од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Претходно од таму информираа дека, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во понеделник, на 12.09.2016 год., регистрира слаб земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Овој земјотрес се случи во 11 часот и 50 минути, со Рихтерова локална магнитуда 2.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Утрово се почувствувани десетина послаби земјотреси, со јачина од 2 до 2.5 степени, по синоќешниот од 20.57 часот.
Според сеизмолозите, нема место за паника, а земјата се уште се тресе по вчерашните два посилни земјотреси, кои скопјани ги извадија надвор од дома.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.