Македонија
Пратениците ги изгласаа измените на законите за Народен правобранител и за студентски стандард
Пратениците во Собранието на продолжението на 114-та седница во средата го изгласа предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард, со кој се дава можност студент да биде тутор на ученици од основно и средно образование и со тоа да добие дополнителни поени ако конкурира за добивање стипендии, како и предлог–законот за изменување и дополнување на Законот за Народниот правобранител.
Заменик министерката за правда Билјана Бришковска Бошковски претходно појасни дека со измените и дополнувањата се врши натамошно унапредување на системот на заштита на човековите права во Македонија во согласност со меѓународните стандарди за човекови права.„Целите кои ќе се постигнат со предложениот закон е усогласување на Законот за Народен правобранител со Париските принципи, препораката на групата искусни експерти за системските прашања за владеењето на правото во Македонија, воведување промоција на човековите слободи и права, како и зајакнувањето на мандатот на народниот правобранител“, рече Бришковска Бошковски.Според неа, ќе се овозможат механизми за јакнење на институцијата Народен правобранител, разграничување на престанокот на функцијата по сила на закон, усогласување со одредбите на факултативниот протокол кон конвенцијата против тортура и дрПратеничката од опозициската СДСМ, Рената Дескоска-Тренеска, забележа дека предложениот закон треба да понуди ефикасни механизми за спречување на игнорантскиот однос на институциите според укажувањата на Народниот правобранител и доколку до тоа дојде, механизми за казнување на ваквото постапување.„Она што е внесено во членовите 18, 24, 25, и 27 од предложениот закон не е доволно за зајакнување на ефикасноста на народниот правобранител. Сите реформи кои ги прави коалицијата на ВМРО- ДПМНЕ и ДУИ и оваа наводна реформа во најголем дел од одредбите е обична шминка која ќе падне уште првиот пат кога народниот правобранител ќе се соочи со игнорантскиот однос на институциите, рече Десковска-Тренеска.Дајанчо Ефтимов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ реплицираше со појаснување дека дел од измените, меѓу кои се и измените во членот 2 од Законот за Народен правобранител кој се однесува на надлежноста на народниот правобранител, се во функција на промовирање на човековите права, како и дејствување против органите на единиците на локалната самоуправа и врши други работи утврдени со друг закон.„Во еден од членовите се додаваат три става кои се однесуваат на промовирање на човековите права и промоција на истите права преку Јавниот радуодифузен сервис и превенција од тортура и друг вид сурово, нечовечко постапување и казнување“, рече Ефтимов.Реплицирајќи им на пратениците од опозицијата во врска со зголемениот број претставки до Народниот правобранител, тој посочи дека тоа се должи на освестувањето на граѓаните за евентуалното кршење на нивното право.Пратеничката Роза Топузовска Каревска рече дека со измените не се нуди целосна финансиска независност, сопствен буџет и зголемување на човечките ресурси на Народниот правобранител./крај/мф/бб
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, соопштија од Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма
Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје.
„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“, се вели во најавата за протестот од „Стоп за Усје“.
Од таму велат дека „Блокадафест“ е јасен повик до институциите и до Титан Усје: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија.
„Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

