Македонија
Пред избори корупцијата е застапена со нетранспарентно финансирање на кампањи
Македонија нема доволно транспарентен систем на контрола на финансирањето на политичките кампањи, со што им се овозможува на поединци или компании да дадат пари, без да се знаат кои се, за потоа да можат да влијаат врз начинот на кој се водат политиките.
„Политичката корупција е присутна овде постојано. Во формите во кои таа се јавува за време на избори е во фокусирањето на изборните кампањи кадешто постојана практика овде кај нас е финансирањето на кампањите да се спроведува или да се обезбедува преку поединци и компании коишто после изборите сакаат да имаат влијание и учество во начинот на којшто ќе се водат политиките. Моќните поединци предвреме инвестираат, така да кажам, во изборните кампањи за да бидат сигурни дека после изборите ќе имаат глас, односно ќе може да влијаат на начинот на којшто ќе се водат политиките“, вели претседателката на Транспаренси интернешнл Македонија, Слаѓана Тасева.
Таа смета дека тоа е овозможено од фактот што во Македонија нема доволно транспарентнен систем за контрола на финансирањето на политичките кампањи.
„Не се објавуваат имињата на донаторите за политичките партии, ниту, пак, се објавуваат изворите преку кои се финансираат одредени активности во рамки на кампањата, а коишто се донации во одреден вид или услуга, а не се директно давање на пари, туку ситуации кога после некој друг ги плаќа сметките и фактурите и многу малку за тоа после можеме да видиме информации“, додава Тасева.
Предвремените пармалентарни избори во Македонија се закажани за 11 декември, а официјално политичката кампања почнува на 21 ноември./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забранет сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране поради излевање на реката Вардар и обилниот дожд
Во 20.40 часот е воведена забрана за сообраќај на регионалниот пат Р2-233 Гостивар – село Чегране поточно во село Форино, поради излевање на реката Вардар и обилни врнежи од дожд, извести АМСМ.
Сообраќајот се пренасочува од село Чајле кон село Старо Чајле према село Форино.
Воведена е забрана за сообраќај и на локалниот пат од „Тумчевишка Петла“ кон село Тумчевиште и село Чегране, додаваат од АМСМ.
Македонија
Меѓународните односи, реформите и борбата против корупција во фокусот на разговорите меѓу Сиљановска-Давкова и Варнс
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
Таа изрази подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка.
Разговорот започна со осврт на меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот.
Потоа соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти.
За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата.
Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста.
Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка.
Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар-Стража-Кичево
Од 17:20 часот укината е забраната за ТМВ на патниот правец Гостивар-Стража и обратно.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Врнежи од снег има на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино кај с.Лесковица, кој во моментов не претставува пречка за одвивање на сообракајот, јави АМСМ.

