Македонија
Предлогот за одговорност на Иванов пред пратениците
Предлогот за одговорност на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, поднесен од пратениците на СДСМ, поддржан од пратеничката група на ДУИ, во понделник, ќе биде разгледан на пленарна седница во Собранието.
Комисијата за оценување го оцени предлогот како неоснован, а за да помине на пленарна седница, предлогот треба да го поддржат 82 пратеници. Доколку Собранието го изгласа извештајот, за Иницијативата за импичмент треба да се произнесе и Уставниот суд.Рената Дескоска од СДСМ при образложувањето на предлогот истакна дека основната причина за поднесувањето на Иницијативата е отсуството на секаква одговорност и арбитрарното однесување на актуелната власт.Според предлагачите на импичментот, претседателот Иванов ги злоупотребил својата положба и овластувањата и ја пречекорил својата надлежност.„СДСМ со оваа правно неиздржана иницијатива се обиде да ѝ нанесе удар и на последната институција во државава која не ја нападнаа, а тоа е Претседателот на РМ. Верувам дека тие не се ни свесни во каков лавиринт ја воведоа државата во време на безбедносни предизвици поради бегалската криза во која претседателот Иванов имаше голема улога за справување на земјата со бранот на бегалци“, рече Мукоски.Опозицијата ја иницираше постапката за импичмент на 13 април, ден по одлуката на претседателот Иванов за помилување 56 лица. На 27 мај Иванов ја повлече аболицијата за, како што наведе, 22 политички експонирани лица. Тој им порача на преостанатите 34 лица кои не сакаат да бидат помилувани да си поднесат барање за поништување на одлуките кои се однесуваат на нив. Потоа на 6 јуни, Иванов ги поништи и останатите одлуки за помилување./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:20 – 14:20 часот, корисниците од дел од с. Марино, општина Илинден;
· од 09:00 – 15:00 часот, корисниците на ул. Козле, крак 2, општина Карпош;
· од 10:00 – 13:00 часот, корисниците од улиците: 1511 и 1512, (позади Автосервисот – Мечкаров), општина Кисела Вода;
· од 11:00 – 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Коце Металец, општина Гази Баба.
Македонија
Претпладне магла, во текот на денот сончево со мала облачност
Сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до -2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Времето во наредните денови
До крајот на седмицата времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини и речни долини ќе има појава на магла.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на булеварот Св.Климент Охридски (спроти Соборен Храм), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на потегот од крстосницата со Партизански Одреди до паркинг ЈАТ, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Исто така денеска поради реконструкција на водоводна цевка Ф 300мм. на улица Бањалучка 10 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Бањалучка, Осло, Будимпештанска, Урош Ѓурович, Љубица Георгиева дел од улица Женевска и Васил Чакаларов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.

