Македонија
Преговорите продолжуваат, нема услови за лидерска
Преговорите меѓу претставниците на четирите политички партии кои се потписници на ланскиот договор од Пржино ќе продолжат и во среда во резиденцијата на амбасадорот на ЕУ во скопската населба Пржино, со посредство на американскот амбасадор Џес Бејли и амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав.
Услови за лидерска средба уште не се постигнати, но сепак, преговорите мрднале од мртва точка, во однос на прочистувањето на околу 40.000 гласачи кои се запишани во избирачкиот список, а не се појавуваат никаде во вкрстените проверки. Договорено е да им биде оставена можност сами да се пријават преку активна регистрација, а ко спорните гласачи не се пријават тогаш ќе бидат избришани од избирачкиот список.Преговори се водат и околу прочистувањето на Избирачкиот список за околу 200.000 спорни гласачи, но за тоа допрва ќе се разговара.Се зборувало и за медиумите во предизборниот период.Никола Тодоров Од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шеќеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, во втроник, преговараа пет часа. По состанокот во резиденцијата на Аиво Орав во Пржино претставниците на партиите не дадоа изјави, а само амбасадорот на САД, Бејли, рече дека не е разочаран бидејќи некогаш за да се постигне договор е потребно повеќе време.„Имавме петчасовна конструктивна дебата и завршивме добра работа. Не можам да ви соопштам дека е постигнат договор, но можам да ви кажам дека ќе продолжиме со разговорите. Не сум разочаран што денеска не е постигнат договор, затоа што за тоа понекогаш е потребно подолго време“, рече Бејли./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

