Македонија
Пренасочување на сообраќајот кај Градско, нормализиран на правецот Кочани – Каменица
Поради снимање на францускиот филм „A Fond”, во петокот ќе биде затворен дел од автопатот А1, поточно делницата од Градско до Неготино, во периодот од 5 до 18 часот, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат со соодветна сигнализација. Истовремено од АМСМ информираат дека нормализиран е сообраќајот на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кој поради појава на одрон се одвиваше по една коловозна лента.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во петокот се одвива по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Од АМСМ препорачуваар внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Кочани – Делчево и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.
Градежни работи се изведуваа на неколку патни правци. До 30-ти ноември на државниот пат А3, делница Битола – Макази, фаза 1-ва од клучката кај бензинската „Лукоил“ до клучката за селото Ротино, ќе биде затворена за сообраќај, а сообраќајот ќе се пренасочува по стариот пат Битола – Ресен. Пренасочувањето ќе биде обележано со соодветни сообраќајни знаци, согласно на Основниот сообраќаен проект за времен режим на сообраќај.
Се работи и на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Поради изведување работи на мостовите и асфалтирање на патниот правец Велес – Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа: од крајот на трета лента (депонија Велес) до Лозово, и од Лозово преку Сарамзалино до клучка Кадрифаково./крај/амсм/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Зимзоленд: Продолжуваме со работа, шпекулација е дека настанот ќе биде затворен
Од Зимзоленд велат дека продолжуваат со работа и дека информациите за неговото затворање се шпекулации.
„Во последните часови на одредени медиуми се појавија неточни информации и шпекулации дека Зимзоленд ќе биде затворен. Ве информираме дека ова не е точно. Зимзоленд продолжува да работи со редовно работно време“, се наведува во јавното соопштението.
Во него се додава дека е точно дека во претходните денови имало инспекциски надзори, но велат дека до надлежните служби била доставена целосната и потребна документација.
Македонија
Ѓорѓиевски најавува враќање на празничниот дух, на 15 декември почнуваат настаните на плоштад „Македонија“
На 15 декември почнуваат предновогодишните настани на плоштад „Македонија“.
„Градот Скопје со радост најавува дека годинава празничниот дух повторно се враќа на плоштадот „Македонија“. Со посебна атмосфера, богата програма и многу изненадувања за сите генерации, претстојниот настан го означува почетокот на новогодишните и божиќните празнувања во главниот град“, велат од Градот.
„ Ајде заедно да го осветлиме градот. 15.12.2025 во 18:00 часот. Почитувани скопјани, драги родители, најдраги дечиња, нашиот град е најубав тогаш кога свети од радост, насмевки и празнична магија. А сите ние – и младите, и возрасните ја заслужуваме таа топлина што ја носат Новогодишните и Божиќните празници. Затоа, со огромна радост ве поканувам заедно да го означиме почетокот на едно ново празнично поглавје исполнето со забава, музика, многу подароци и вашите омилени херои кои ќе ги израдуваат најмалите. На 15 декември, во 18 часот, на плоштадот „Македонија“, заедно со вас ќе го осветлиме градот и после неколку години ќе ја почувствуваме првата искра на празничниот дух. Веќе од наредниот ден, па сѐ до самата Нова година, ќе следуваат секојдневни настани и забави за сите генерации. А дочекот, ви ветуваме, ќе биде спектакуларен и незаборавен“, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Македонија
Притвор за скопјанецот кој насилно упадна во студиото на „Инфомакс“
Судот му определи притвор на 43-годишниот скопјанец кој вчера насилно упадна во студиото на „Инфомакс“.
Според информациите од МВР, полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против Г.С.(43) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела насилство и спречување на службено лице при вршење службено дејствие.
„Имено по претходна пријава од страна на А.М. водител на емисијата ‘Инфомакс’ и по преземени мерки од страна на полициските службеници извршен е разговор со оштетениот и сведоците на настанот, обезбедени се видео записи од безбедносни камери, извршен е службен разговор со пријавениот и документирани се заканувачки пораки од пријавениот кон оштетениот. Тој е изведен пред судија на претходна постапка при што му е изречена мерка притвор“, соопшти МВР.

