Македонија
Пренасочување на сообраќајот кај Василево
Поради сообраќајната незгода којашто се случи во саботата вечерта на магистралниот пат Струмица – Радовиш кај селото Василево, сообраќајот и во неделата ќе биде пренасочен од Василевска крстосница до кружен тек на влез во Струмица.
Инаку сообраќајот на сите државни патишта во неделата се одвива без забрани, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Обиколницата Скопје е пуштена за сообраќај во двата правца, но има делови од коловозот кои се оштетени, каде се поставени сообраќајни знаци за регулирање на брзината на движење на возилата.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно да се внимава низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.
На граничните премини не се бележат подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Работи на пат се изведуваат и поради тоа е воведена времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А1, делница Велес- Катланово за време на санација, поставување на сигнализација и обележување на тунел Стража, извршена е времена измена на режимот на сообраќај на магистралниот пат А1, делница Велес- Катланово непосредно пред тунелот Стража каде за сообраќај е затворена левата (брзата) лента а сообраќајот се одвива по десната (бавната) лента за сообраќај, а во самиот тунел сообраќајот се одвива по левата лента. Обезбедувањето и регулирањето на сообраќајот е извршено во согласност со приложеното сообраќајно решение за времена измена на режимот на соораќајот со времено поставена сообраќајна сигнализација.
Поради рехабилитација на државен пат А1 – секција „Куманово – клучка Миладиновци“, со поставување на сообраќајна сигнализација, започната е времена измена на сообраќајот со тоа што сообраќајот се одвива по десната лента, а левата лента е затворена за сообраќај
На државниот пат А3 делница Ресен – Буково, се извршуваат градежни работи, рехабилитиација на патниот правец, кои е предвидено да траат до Ноември 2016 година. Поради тоа, на наведената делница се применува изменет режим на сообраќај кој на одредени делови се одвива по една коловозна лента, за што се поставени семафори кои предвидуваат застој во сообраќајот од 3 до 5 минути.
Патниот правец Скопје – Македонски Брод преку НП Јасен е пуштен за сообраќај за лесни возила / автомобили. ЈП Македонијапат на учесниците во сообраќајот им препорачува крајно внимателно управување со возилата на делот од патот кај с.Близанско 500 метри после мостот на река Треска во должина од 50 метри. Нивните екипи продолжуваат да работат на оспособување на патниот правец за нормално одвивање на сообраќајот.
Воведена е времена измена на режим на сообраќај на магистрален пат А3, делница клучка кај с.Кадрифаково – клучка кај с.Три Чешми. Пренасочувањето на сообраќајот е по регионалниот пат Р526.
Натниот правец Гостивар – Кичево на 2 км пред планинскиот премин Стражa, поради изведување градежни работи (санација на мост) сообраќајот се одвива по една коловозна лента. Поставена е соодветна сообраќајна и светлосна сигнализација.
На патниот правец А1 автопат Велес – Скопје пред наплатната станица Отовица се извршуваат градежни работи на пат – изградба на краци за приклучување и исклучување на автопатот. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и се препорачува крајно внимателно управување со возилата, почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
На патниот правец А3 Битола – Макази, после клучката за с. Ротино во правец на Макази, се изведуваат градежни работи на едната коловозна лента. Сообраќајот се одвива по другите две коловозни ленти. Препорачуваме внимателно возење на оваа делница.
Има времена измена на сообраќајот на патен правец Скопје – Миладиновци – Куманово сообраќајот се одвива (десно после наплатна станица Миладиновци) преку автопатот Куманово – Велес се до клучката кај аеродромот Александар Велики до приклучокот на автопат Велес – Куманово.
Согласно Одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, од 14.12.2015 год., 11-уп-134/4, на магистрален пат A3б/A4е, делница Кадрифаково – Штип, од км. 217+818 до км. 219+918, од 15.01.2016 година од 08:00 – 16:00 часот ПРО ГЕО ДОО КУМАНОВО се вршат геодетски мерења согласно добиените дозволи. Имено, се врши геодетско снимање на асфалтниот дел од трупот на патот на потегот од клучка Штип до с. Три Чешми. Сообраќајот во моментот на мерењето се одвива согласно Сообраќаен проект за времено одвивање на сообраќајот и со соодветна сообраќајна сигнализација.
Се врши реконструкција и надградба на автопат, делница Смоквица – Гевгелија, како дел од Коридорот 10. Ве известуваме дека сообраќајот се одвива под времен режим.
Градежни работи се изведуваат на магистралниот пат А4, делница Свети Николе – Штип од 26+396,00 до 47+107,00 км. Се планира целосното затворање до целосно завршување на активностите (период од 2 години) на делницата, на потег км 28+520 (Свети Николе) до км 38+500 (постојана клучка Кадрифаково), со пренасочување на сообраќајот преку регионалниот пат P 1204.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим и тоа:- од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово, и од с.Лозово преку с.Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Поради продолжување на градежните работи за изградба на електронски систем за наплата на наплатна станица Романовце, на државниот пат А1, делница Куманово – наплатна станица Романовце и обратно, сообраќајот се одвива согласно добиено одобрение за времена измена на режимот на сообраќајот, издадено од Министерството за транспорт и врски на Р. Македонија на 25.05.2016. Предметната сообраќајна согласност е со рок на важност од 6 (шест) месеци сметано од денот на издавање на одобрението.
Се предупредуваа возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената сообраќајна сигнализација. На сите патни правци каде се изведуваат градежните работи поставена е соодветна патна и сообраќајна сигнализација./крај/амсм/мф
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мајката на Даниел Кајмакоски по киднапирањето: „Во шок сум, важно е што е жив“
Синоќа во Белград, во близина на „Бетон хала“, пејачот Даниел Кајмакоски бил киднапиран, а според првичните информации, двајца странски државјани му пришле со оружје. По повод настанот се огласи и неговата мајка, Ружа Кајмакоска, која е сè уште во шок од случката.
„Фала што прашавте. Се слушнавме. Најважно е што е жив, а дали е добро – рано е да се каже“, изјави таа, додавајќи дека целото семејство доживеало голем стрес, јавува „Блиц“.
„Во вакви ситуации човек најмногу стравува за своите деца. Во шок сум“, рече Ружа.
Како што објави „Блиц“, сè се случило кога Даниел излегол од локалот во кој настапувал вечерта. Тогаш му пришле двајца мажи – се претпоставува странски државјани – вооружени со нож и пиштол. Го натерале да влезе во автомобил и го врзале.
Постои и видео-снимка. Бидејќи за време на викендите во Белград има засилени контроли, полицијата во рутинска проверка му дала знак на возилото да застане, но киднаперите продолжиле.
Во исто време, пријател на пејачот го пријавил киднапирањето во полиција. Кај исклучувањето за Рума, возилото удрило во заштитна ограда, по што напаѓачите се дале во бегство. Кајмакоски бил пронајден врзан во автомобилот.
Според пишувањата на српските медиуми, киднаперите планирале да стапат во контакт со семејството и да побараат откуп. Потрагата по нив сè уште е во тек.
Македонија
(Видео) Српски „Телеграф“ објави снимка од возилото со кое бил киднапиран Кајмакоски: „Напаѓачите се во бегство, пејачот пронајден“
Сите елитни единици на српското Министерство за внатрешни работи – УКП, САЈ и Жандармеријата – учествувале во драматичната акција за спасување на познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43), кој синоќа бил киднапиран во Белград, јави српски „Телеграф“.
Сè започнало со полициска рација на улицата Караѓорѓева, кога возач на бел „Волво XC60“ не застанал на наредбата од полицијата и започнал бегство во правец кон Бранков мост. Брзо било утврдено дека се работи за киднапирање на познатиот пејач.
View this post on Instagram
При обидот да го запрат возилото, напаѓачите ја пробиле полициската блокада и започнала потера низ градот, движејќи се кон Палата Србија, Арената, па потоа кон автопатот во насока на Шид.
„Во текот на потерата, напаѓачите со пиштол му се заканувале на Кајмакоски и побарале 20.000 евра за неговиот живот. Дополнително се заканиле дека нивни соучесници, кои наводно го надгледуваат неговиот дом, ќе ѝ наштетат на неговата сопруга и деца“, пишува „Телеграф“.
По поминувањето на патарината Шимановци, возачот направил грешка под притисокот од полицијата и кај исклучувањето за Рума удрил во заштитна ограда. Двајца вооружени напаѓачи побегнале во темнината, додека полицијата во возилото го пронашла врзаниот Даниел Кајмакоски.
Теренот околу Рума моментално е под целосна блокада. Специјалците од САЈ и Жандармеријата користат службени кучиња и најсовремена термовизиска опрема во потрагата по бегалците, кои, според исказот на жртвата, комуницирале на турски јазик.
Вишото јавно обвинителство го квалификувало случајот како киднапирање, пишува „Телеграф“.
Македонија
СДСМ бара одговори: Како пет тони дрога ја поминаа границата без да се забележи
По случајот со заплената на 5 тони дрога во Србија, за која постојат индиции дека потекнува од Македонија, СДСМ повикува на одговорност од институциите и посочува на можен организиран криминал со политичка поддршка.
„Цела недела помина без одговор: како е можно 5 тони дрога да ја поминат македонската граница без никој да одговара?“, прашуваат од СДСМ во денешното соопштение, посочувајќи дека ваков криминал не може да се одвива без логистика, поддршка и заштита од структури на власта.
Од партијата потсетуваат дека на граничните премини постојат камери од проектот „Сејф сити“, скенери, мобилни царински служби и други форми на контрола, што, според нив, ја прави невозможна ваква пратка да помине незабележано.
СДСМ истакнува дека случајот во Србија, според информации во медиумите, е поврзан со владејачката партија СНС – сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, како и со државни функционери.
„Ова е организиран криминал со политичка заштита. Кој во врвот на власта, во МВР, Царината и другите надлежни институции е соучесник?“, прашуваат од СДСМ.
Од партијата обвинуваат и за дефокус: „Наместо одговори, гледаме обиди на власта за дефокус преку медиумски кампањи, со цел политичка злоупотреба и напади врз СДСМ.“
СДСМ порачува дека „картелскиот скандал води до врвот на власта“ и дека мора да има одговорност.

