Македонија
Претпладне сончево и топло, попладне можна нестабилност

Претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне најпрвин од запад ќе се зголеми облачноста и ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи претежно во западните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 9 до 15 степени, а дневните ќе бидат во интервал од 24 до 32 степени. Во Скопје претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има краткотрајни услови за појава за дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Температурата ќе биде во интервал од 15 до 30° С.УВ индексот ќе изнесува 6.Во недела ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, претежно во западните и југоисточните делови. Позначителна промена на времето ќе има во понеделник кога ќе преовладува облачно и свежо време со врнежи од дожд, на места пообилни, а температурата значително ќе опадне, на повеќе места и до десетина степени. /крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Кумановски матичар измислил брак меѓу Албанец и Унгарка, заврши со кривична пријава

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против И.З. (65) од село Слупчане, општина Липково, поради сомнение дека сторил злоупотреба на службена положба и овластување.
Според соопштението на МВР, пријавениот во 2023 година извршил упис на непостоечки брак во матичната книга на венчани меѓу лице од Албанија и лице од Унгарија.
При увид во книгата на пописни акти за истата година било утврдено дека не постои заведено барање за издавање извод од матичната книга за овој наводен брак.
Македонија
Стефковски: Започна изградба на третата детска градинка во Гази Баба

Градоначалникот на Гази Баба и кандидат за нов мандат, Бобан Стефковски, информира дека започна со градба третата нова детска градинка во општината.
„Почнаа градежните активности за новата детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница. Градинката ќе биде со површина од 1360 метри квадратни со капацитет за 150 деца. Вредноста е 147.000.000 денари, средства обезбедени од Владата. По градинките во Трубарево и Инџиково, денес ја почнуваме и третата градинка! Ова никогаш досега не се случило – во еден мандат, еден градоначалник да гради три нови градинки! И не застануваме тука! Во вториот мандат – нови градинки и за Хиподром 2, Керамидница и Сингелиќ!“, објави Стефковски на „Фејсбук“.
Македонија
(Видео) Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на градоначалникот Дехари

Снимките кои излегоа во јавноста, на кои јасно се гледа односот на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари, кон жени вработени во Општината, претставуваат скандал и срам за државата, изјави Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, навредите, понижувањето и злоупотребата на службената позиција се однесување кое не му доликува на човек, а уште помалку на градоначалник.
„Најостро го осудуваме овој чин и бараме итна реакција од сите надлежни институции и организации, од Јавното обвинителство кое треба и мора да го провери овој случај, дали бил изолиран или пак станува збор за начин на делување на Дехари, па се до Народниот правобранител и сите организации кои ги застапуваат и штитат правата на жените“, рече Митева.
Таа додава дека нема простор за молк и дека ова е чин за осуда и санкционирање.
„Секој кој ја злоупотребува својата функција за навредување и вознемирување на своите вработени мора да сноси кривична, но и морална одговорност. Дехари со ваквото однесување ја изгуби секоја доверба, градоначалник кој покажал такво непочитување кон жените и институцијата што ја води, не ја заслужува довербата на граѓаните. И сигурни сме дека и албанската заедница се срами од ваквото однесување, бидејќи ова не е прашање на етничка припадност, туку на човечко достоинство и морал“, изјави Митева.