Македонија
Претпладне сончево, попладне со пороен дожд, ветер и пад на температурите

Претпладне сончево и топло. Попладне нестабилно облачно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови, особено во северните делови.
Утринските температури ќе се движат од 12 до 19 степени, додека дневната ќе биде во интервал од 24 до 35 степени.Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 33 степени.УВ индексот ќе изнесува 7.За време на викендот ќе преовладува променливо облачно, ветровито и доста посвежо време со локални врнежи од дожд. Од понеделник се очекува повторно стабилизирање со постепен пораст на температурата. До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер. /крај/ухрм/мф
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.