Македонија
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО се сретна со генерал Котески
Во Генералштабот (ГШ) на АРМ во четвртокот со високи воени почести беше пречекан претседавачот на Воениот комитет (ВК) на НАТО, генерал Кнуд Бартелс, кому домаќин е началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Горанчо Котески.
Генералот Бартелс во изјавата за медиумите им се заблагодари на припадниците на АРМ, истакнувајќи го нивниот професионализам кој го покажуваат во мисијата ИСАФ во Авганистан, заради што се особено почитувани во НАТО Алијансата. Подвлекувајќи го придонесот и кооперативноста на АРМ и во мисијата КФОР, тој изрази задоволство од подготвеноста за натамошното учество на АРМ во мисијата „Одлучна поддршка“ која како мисија за обука на Авганистанските безбедносни сили започнува од идната година под водство на НАТО.
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО нагласи дека одличната соработка на АРМ со НАТО ќе продолжи, а покрај учеството во мисиите и вежбите, таа ќе се прошири и со нови иницијативи, како што е иницијативата за градење на одбранбените и безбедносни капацитети.
Од своја страна, генерал Котески го истакна учеството на припадниците на АРМ во мисиите предводени од НАТО, како и огромниот придонес на АРМ во регионалниот и светскиот мир и стабилност, при што искажа очекување за зголемено учество на штабни офицери во наредниот период во командите и штабовите на НАТО, кои ќе учествуваат во донесувањето на одлуките во рамките на Алијансата. Нагласувајќи дека според подготвеноста на декларираните единици и примената на Концептот за оперативни способности на НАТО, АРМ е лидер во регионот, Котески истакна дека поддршката и соработката со НАТО ќе продолжи и понатаму, во прилог на заложбите за активно членство на Република Македонија во НАТО.
Покрај унапредувањето на атамошната соработка со НАТО, на средбата со делегацијата од НАТО се разговараше за реализацијата на акциониот план за членство во НАТО, имплементацијата на партнерските цели и за учеството на АРМ во мисите предводени од НАТО.
Генералот Бартелс во текот на својот престој во Скопје во четвртокот оствари средба и со министерот за одбрана Зоран Јолевски, а попладнето одржа предавање пред питомците на Воената академија „Михаило Апостолски“ во Скопје.
Во петок, Бартелс треба да се сретне со Претседателот Ѓорге Иванов и со министерот за надворешни работи Никола Попоски, а ќе положи и венец со свежо цвеќе пред споменикот на „Паднатите херои за Македонија“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците на ул. 368 бр.3 (општина Кисела Вода)
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 200 метри на патниот правец Тетово – Гостивар, Сарамзалино – Штип 100 метри, намалена видливост до 200 метри на патниот правец Куманово – Страцин.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Карпош
ЈП Водовод и канализација Скопје известува дека денеска поради промена на шибер од ф 100мм на улицата Драгиша Мишовиќ бб без вода ќе бидат корисниците од улицата Драгиша Мишовиќ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на санацијата на дефектот.

