Македонија
Продолжуваат распитите во СЈО
Продолжуваат распитите во Специјалното јавно обвинителство (СJО) на лица поврзани со објавените и необјавените прислушувани разговори.
Засега не се знае кој точно е повикан на распит во СЈО бидејќи постaпките се тајни.Минатата недела на распит во СЈО беа: лидерот на ДПА Мендух Тачи, поранешниот министер за култура Арифхикмет Џемаили, Силвана Бонева, сега член на ДИК, и Самка Ибраимовски, претседател на политичката партија ПЦЕР. Освен Ибраимовски, кој изјави дека е повикан во врска со нерегуларности при гласањето на локалните избори во Шуто Оризари, останатите кои беа на распит не открија во кое својство се повикани и за кој предмет.Претходно во СЈО се појави и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска која требаше да даде исказ за случајот „Тврдина“, но го одложи и побара да направи увид во доказите. За истиот случај беше повикан и Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева најави дека периодов интензивно ќе се повикуваат лица во Обвинителствто. Новото обвинителство се уште нема покренато обвинение за ниту еден од случаите./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 10:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улицата Ловќенска, општина Карпош.
Македонија
Променливо облачно и студено со сончеви периоди, повремено ќе дува засилен северен ветер
Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од -13 до -5, а максималната ќе достигне од -4 до 3 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 2 степена.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со студени утра и утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во вторник наместа дневните температури ќе се задржат негативни, а од среда ќе бидат во постепен пораст. Од средината на седмицата по котлините ќе има услови за појава на магла.
Македонија
(Видео) ДИК со првични неофицијални резултати од повторените локални избори во четири општини
Државната изборна комисија (ДИК) вечерва ги објави првичните, неофицијални резултати од повторените избори во општините Врапчиште, Гостивар, Маврово Ростуше и Центар Жупа.
Врапчиште (излезност 32,37%)
– Исен Шабани (НАИ) – 5.355 гласа
– Зулхајрат Демири (Група избирачи) – 3.028 гласа
Гостивар (излезност 30,34%)
– Ваљбон Лимани (НАИ) – 14.519 гласа
– Невзат Бејта (ВЛЕН) – 7.174 гласа
Маврово Ростуше (излезност 28,51%)
– Онер Јакуповски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.906 гласа
– Анес Ахмети (СДСМ) – 938 гласа
Центар Жупа (излезност 13,26%)
– Аријан Ибраим (Демократска партија на Турците во Македонија) – 973 гласа
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, рече во текот на утрешниот ден Комисијата ќе ги соопшти првичните официјални резултати, по приемот и обработката на записниците од сите избирачки места.

