Македонија
Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. На места ќе има услови за невреме проследено со силен ветер и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата. Нестабилноста ќе е поизразеан во средината на денот.
Минималните температури ќе се движат од 11 до 20 Целзиусови степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 25 до 31 степен. Во Скопје и околината променливо облачно, попладне со услови за појава на краткотрајна нестабилност со појава на пороен дожд и ретки грмежи. Утринската температура ќе биде 17, а максималната дневна 30 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.Во петок се очекува стабилизирање на атмосферата и услови за појава на краткотраен дожд претежно кон југоистокот. За време на викендот ќе преовладува стабилно време./крај/ухрм
Извор: УХРМ
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Каролина Гочева: Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон…многу ќе ми фалиш Сарке моја

„Сарке моја, сестрице најмила, до последен момент не сакав да верувам, до последно се надевав дека е некаква грешка… толку спомени, пеења, радости, Евровизии, концерти, солзи, журки…толку години поминавме…ти и Ана сте толку голем дел од мојот живот…“, напиша Каролина Гочева на социјалните мрежи.
„Уште се надевам дека денешниов ден е само лош сон… многу ќе ми фалиш Сарке моја“, додаде пејачката.
Сара Пројковска вонредна професорка на Факултетот за музичка уметност и придружен вокал на дуото „ДНК“ загина во пожарот во дискотеката во Кочани.
Македонија
Екс министерот за економија, Бектеши, повикан на распит во полиција

Поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши е повикан на информативен разговор во полиција. Во моментов се наоѓа во ПС Карпош.
Разговорот следи по информациите дека државна секретарка во министерството за економија додека тој бил министер ставила потпис на фалсификуваната лиценца за дискотеката во Кочани која изгоре.
Македонија
Уште еден загинат од екипата на „ДНК“: познатите се збогуваат со Мартин Атанасовски – Буцо Битбокс

Трагичниот пожар во ноќниот клуб „Пулс“ во Кочани однесе уште еден живот – почина Мартин Атанасовски, познат како Буцо Битбокс.
Тој беше еден од најпознатите битбоксери во Македонија и честопати настапуваше со дуото „ДНК“.