Македонија
Променливо облачно со повремени врнежи

Метеоролозите за во недела во Македонија најавуваат променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во западните и северните делови.
Попладне ќе има услови за локална појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје слично време со утринска температура од 13, а дневна 28 степени.
Не се очекуваат поголеми промени на времето до средината на наредната недела./крај/ухмр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна, велат од СДСМ

По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Македонија економски е понижена, обвинија од СДС.
„Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира. Растот на платите е целосно закочен, цените на основните производи расте. Народот едвај врзува крај со крај. Додека народот живее на раб на егзистенција, функционерите на власта се расфрлаат со луксуз – летаат со приватни авиони, трошат на скапа храна, папаја, манго, уживаат во хотели од соништата. Тоа е тажната реалност денеска после една година Влада. ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја втурнаа државата во длабока економска нестабилност“, велат од СДСМ.
Иако власта упорно сака да уверува дека економијата расте, додаваат од СДСМ, фактите говорат поинаку.
„Инфлацијата изнесува речиси 4.5%, а економскиот раст едвај достигнува 2.6%. Земјата за првпат има негативен економски резултат полош и од воената 2001 година. Владата живее во паралелна реалност, убедувајќи дека сме „економски тигар“ и дека куповната моќ е поголема од европската, додека реалноста покажува сосема спротивно Македонија е на дното во Европа и по висина на плати и по животен стандард, како економски глушец. Ова не се политички конструкции, туку податоци од најреномираните европски институции, кои потврдуваат дека Македонија се движи во погрешна насока. Наместо горди работници со европски плати со владата на ВМРО-ДПМНЕ имаме понижени работници со најниски плати во Европа“, велат од СДСМ.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за градоначалник на СДС во Чучер Сандево, Комненовиќ, е тендераш со искуство

Чучер Сандево е уништена и упропастена општина, благодарејќи на Сашко Комненовиќ кој е човек на Заев и работи по неговите постапки, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Комненовиќ е повторно кандидат за градоначалник во Чучер Сандево, благодарејќи на Заев и неговите тендери со Компанијата Димовски која е блиска до СДС и Филипче. СДС, Филипче и Комненовиќ, ја исцедиле општината преку тендери и набавки, за дел од работи кои биле и дел кои не биле потребни. Во Чучер Сандево, за обичен спортски терен кој да речеме во Бутел чини 2,2 милиони денари, во Чучер Сандево благодарејќи на СДС, Филипче и Комненовиќ истиот тој терен чини 4,7 милиони денари, а изведувач секако е Компанијата Димовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Партијата обвини дека СДС, Филипче и Комненовиќ ја украле општината Чучер Сандево, па сега, како што велат, бараат без срам од граѓаните уште 4 години за истото.
Македонија
Сончево и топло време со температура до 36 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХРМ.
Максималната температура ќе достигне од 28 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 35 степен.