Македонија
Променливо облачно време со врнежи од дожд

Времето во сабота во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
На повеќе места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи, особено во попладневните часови кога локално процесите ќе бидат поинтензивни со поинтензивен пороен дожд и засилен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 20 до 28 степени.
Во Скопје сично време, променливо облачно со повремен пороен дожд проследен со грмежи и со засилен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 25 степени.
Во недела ќе има благ пат на температурата, а денот ќе започне со претежно облачно време со услови за локален и слаб претпладневен дожд. Повторно попладнето и дел од вечерта ќе поминат во облачно и претежно врнежливо време.крај
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Извлечени две лица од Чешка кои заглавиле во снежен нанос на Галичица

Вчера во 16.30 часот во Регионалниот центар за гранични работи Запад било пријавено дека двајца странски државјани биле заглавени во снежен нанос на подрачје на Националниот парк Галичица и барале помош.
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзорт и гранични проверки Св.Наум, претставник од Национален парк Галичица и планинарска спасителска служба на Црвен крст Охрид преземале мерки и на 200 метри под црквата Свети Ѓорѓија биле пронајдени J.C.(35) и O.В.(32), двајцата од Чешка Република.
Со нивниот кампер „мерцедес“ со чешки национални ознаки, тие биле извлечени од снежниот нанос.
Македонија
МНР: Трошоците за превоз и сместување за семејствата на македонските пациенти кои се лекуваат во странство се целосно покриени од Владата

Во изминатиот период на социјалните мрежи се појавија бројни информации поврзани со обезбедувањето сместување за семејствата на македонските пациенти повредени во несреќата во Кочани, кои во моментов се лекуваат во странство.
Ја информираме јавноста дека трошоците за превоз и сместување за нив се целосно покриени од Владата на Република Македонија, преку Службата за општи и заеднички работи на Владата. Воедно, ги повикуваме семејствата на пациентите кои имаат потреба од превоз или сместување да се обратат на телефонскиот број 070-270-370.
Дополнително, сите дипломатско-конзуларни претставништва се на располагање за обезбедување потребната логистичка поддршка во земјите каде што се лекуваат пациентите. Контакт-листата со телефонски броеви е објавена на веб-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, а на располагање се и дежурните телефонски броеви: 075/273-732 и 075/268-736.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Оперативниот штаб формиран за оваа намена, е во постојана комуникација со сите надлежни институции, вклучително и со дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство.
Солидарноста и одговорноста се клучни во вакви моменти, затоа апелираме до граѓаните да се воздржат од споделување непроверени информации, со цел да се спречи понатамошно ширење на дезинформации.
Македонија
На автопатот Скопје – Велес одземени возила поради истечена регистрација од скоро една година

На автопатот Скопје – Велес, на наплатна станица Петровец вчера во 10:10 часот, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во МВР извршиле контрола на товарно возило – влекач „мерцедес“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, управувано од М.М.(47) од Скопје, а сопственост на правно лице.
МВР денеска соопшти дека притоа бил констатиран прекршок по член 344 став 3 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а во врска со член 26/10 од Законот за возила, односно затоа што сообраќајната дозвола на влекачот и полуприколката биле истечени и важеле до 24.04.2024.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Министерството за внатрешни работи апелира до возачите и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и сите заедно да придонесеме за побезбедни патишта.