Македонија
Промовиран системот на микроучење
Министерството за внатрешни работи изминативе години ги постигнува своите најдобри резултати во историјата. Според истражувањата на ОБСЕ, довербата и задоволството на граѓаните од полициското работење бележат континуиран напредок.
Ова, меѓу другото, го истакна во среда министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на промоцијата на проектот – “Систем за микроучење во државната служба“, што се одржа во Центарот за обука во Идризово, а на која што присуствуваа и министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, како и амбасадорот на ОБСЕ во РМ, Ралф Брет.
Говорејќи за овој нов проект што ќе биде достапен за едукација и професионална надградба на вработените во МВР, Јанкулоска посочи дека овој нов електронски облик на учење е всушност виртуелна електронска алатка за учење, која делумно го заменува и потпомага стандардното учење.
„Системот за е-Учење овозможува изработка на курсеви и обуки за одредени теми, поставување на материјали за учење, планирање на курсевите – распоред на активностите, календар, работа со образовни материјали (датотеки) и образовни содржини, проверка на знаењето и оценување на учесниците, многубројни алатки за комуникација и соработка помеѓу корисниците“, потенцираше Јанкулоска, притоа нотирајќи дека овој систем е наменет да послужи како дополнително средство во процесот на учење и да биде од помош на сите учесници на курсевите и обуките во Министерството.
Според Јанкулоска со воведувањето на системот на микроучење, практично, отпочнува нова фаза во континуираната едукација на вработените, проект кој беше предвиден во програмата поддржана од граѓаните на минатогодишните избори.
„Подобро едуцирани полициски службеници претставуваат услов за поефикасна полиција, а за граѓаните попрофесионален сервис“, истакна министерката Јанкулоска.
Инаку се предвидува во првата фаза преку системот да се постават преку 1300 наслови и поголем број на курсеви, по што ќе следи и фаза на задолжително лично самотестирање на вработените. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Понудена помош за справување со трагичната несреќа: телефонски разговор на Муцунски со швајцарскиот амбасадор Зомер
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, по трагичната несреќа во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана, по која беше активиран европскиот механизам за цивилна заштита, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, по остварена консултација со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерот за здравство, Азир Алиу попладнево оствари телефонски разговор со швајцарскиот амбасадор во земјава, Кристоф Зомер.
Во рамки на разговорот, Муцунски изрази искрено и длабоко сочувство до семејствата на загинатите, како и до народот на Швајцарија, упатувајќи желби за брзо и успешно закрепнување на повредените.
Во таа насока, министерот ја изрази подготвеноста на Република Северна Македонија да прифати повредени пациенти, како и да обезбеди соодветна медицинска поддршка во домашните здравствени установи.
Дополнително, министерот изрази подготвеност, доколку има потреба, македонски лекари – специјалисти, кои беа директно вклучени во лекувањето на пациентите по трагедијата во Кочани, веднаш да заминат во Швајцарија и да се вклучат во процесот на лекување на повредените.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“
Секторот за внатрешни работи информира дека во моментов, повторно е воспоставен нормален сообраќај на патниот правец Струга – Граничен премин „Ќафасан“.
Сообраќајот, сега е нормализиран и се одвива во двете насоки а беше затворен и во целосен прекин, од 30.12.2025 година, поради превртена цистерна на патот.
Од тогаш, сите надлежни служби излегоа на местото на настанот и активно отпочнаа со мерки за утврдување на причините за незгодата и дислокација на превртената цистерна од коловозот.
Македонија
Утре променливо облачно со сончеви периоди и студено, на планините снег
Времето утре, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во западните делови ќе има слаб локален дожд, а на планините снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -14 до -6, а максималната ќе биде од интервал од -4 до 6 степени.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и студено со умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се спушти до -11, а максималната ќе достигне до 3 степени.
Под влијание на циклонска активност од сабота ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и некои од повисоките населени места од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од јужен правец, а температурата ќе биде во пораст.

