Македонија
Промовирана платформата getdata.mk
Платформата www.getdata.mk , која ги содржи поважните јавно достапни бази на податоци, преку кои може да се дојде до јавни информации, во четврток беше промовирана од Грашанската асоцијација МОСТ и интернет порталот НОВА.
GetData претставува алатка за студенти по новинарство, новинари и невладини организации кои работат на истражувања поврзани со корупцијата и владеењето на правото. Оваа алатка ги систематизира поважните јавно достапни бази на податоци, како и други методи преку кои може да се дојде до јавни информации кои можат да им бидат од корист на истражувачите.Покрај базите на податоци од Македонија, GetData исто така нуди и опција за пребарување на сите достапни бази на податоци во светот.Идејата на платформата е да ги поврзе новинарите истражувачи со граѓанските организации кои работат во области од јавен интерес со цел да поттикне синергија во делувањето на медиумите и НВО-секторот во борбата против корупцијата и заложбите за квалитетни реформи во сферата на владеењето на правото и слобода на медиумите.„Институциите создаваат огромни бази на јавни податоци и документи кои во ерата на интернет технологиите и стремежите за отворено општество стануваат полесно достапни. Истовремено, овие податоци заедно со теренската работа и аналитичките способности, во 21 век стануваат клучни алатки во работата на истражувачките новинари“, рече новинарката Сашка Цветковска, која е автор на платформата.Дополнително, на настанот беше промовиран и проектот „Медиа платформа на застапување“ во рамки на кој е изработена оваа платформа. Целта на проектот е да се даде придонес кон овозможувачка околина за квалитетно истражувачко новинарство и зајакнување на соработката меѓу медиумите и граѓанските организации за зголемување на нивното влијание врз јавните политики и процесот на донесување одлуки.Од страна на Граѓанската асоцијација МОСТ информираа дека во рамки на проектот, ќе бидат организирани и регионални обуки за застапување и истражувачко новинарство. Регионалните обуки ќе бидат место каде ќе се поврзат и споделат различни локални искуства, со цел да се создаде синергија меѓу новинарите, невладините организации, граѓаните и локалните власти.Проектот е финансиран од Европската Унија, преку преку ИПА програмата за граѓанското општество и медиуми 2014./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ноќеска повремени врнежи дожд насекаде
Управата за хидрометеорологија извести дека кон крајот на денот во крајните западни региони ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.
Македонија
(Видео) Полицијата заплени 40 тони дрога: откриена неусоглесеност на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат
Министерството за внатрешни работи извести дека во тек е опсежна акција, во рамки на која е запленета голема количина на марихуана. Во правно лице во Скопје пронајдени се и одземени околу девет тони марихуана и над 1300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица пак од источниот регион, одземени се над 31 тон марихуана и биомаса.
Во координација со Царинската управа и надлежната Комисија за контрола на овој вид на дејност од Министерство за здравство извршени се контроли во повеќе правни лица чија основна дејност е одгледување зачински, ароматични и лековити растенија и растенија со употреба во фармацијата, а во координација со јавен обвинител од ОЈО за ГОКК, се преземаат мерки и активности заради утврдување на фактите дали неодамна запленетата марихуана во Р.Србија потекнува од нашата држава.
„Со оглед на тоа дека едно од осомничените и приведени лица во Р.Србија е дел од сопственичката структура во правното лице од Скопје, извршени се детални проверки и контроли на количината која е затечена во правното лице и целосната документација која што е пронајдена во просториите на правното лице. Врз основа на пронајдената документација од страна на Комисијата од Министерството за здравство сочинет е записник, во кој се констатирани низа неправилности при работењето и голема неусогласеност во однос на количините кои правното лице ги поседува, произведува, набавува и отуѓува. Со оглед на констатираните неправилности и по доставено известување од надлежен Јавен обвинител, од просториите на правното лице е подигната целосната количина на пронајдена марихуана“, известија од МВР.
Полицијата извршила проверки во неколку правни лица во источниот регион каде исто така од надлежната комисија се утврдени неправилности и неусогласеност во однос на количините кои правните лица ги поседуваат, произведуваат, набавуваат и отуѓуваат, по што е одземена затекнатата количина.
Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО ГОКК, каде е формиран посебен тим за овој и слични предмети, продолжува и во наредниот период со преземање на мерки и активности за целосно расчистување на овие случаи.
МВР по завршување на акцијата и по целосно расчистување на случаите детално ќе ја информира јавноста.
Македонија
Петнаесетгодишник претепан пред обложувачница во Скопје
Осумнаесетгодишник ноќеска претепал петнаесетгодишник пред обложувачница во Скопје, а настанот го пријавиле лекарите од Клинички центар.
„Утрово во 06:31 часот во Полициската станица Кисела Вода од Ургентен центар при комплекс клиники ’Мајка Тереза’ во
Скопје е пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди е донесен 15-годишник од Скопје, кој претходно, според пријавеното околу 00:30 часот во обложувачница во Скопје бил физички нападнат од Л.В.(18)“, извести МВР.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

